„Таа заслужува“ – осмомартовска акција на „Литература.мк“ 


Од 1 до 8 март 2024 година во книжарниците „Литература.мк“  и преку е-книжарницата www.literatura.mk, ќе се реализира продажна акција насловена како „Таа заслужува“, со попусти до 50%. Со слоганот „Таа заслужува“ оваа година „Литература.мк“ го потенцира разбирањето на предизвиците со кои се соочуваат жените и нивната потреба за време само за себе. За таа цел, осмомартовската акција содржи со уникатни подароци за вашите драги жени.
 
Најдобриот подарок за Осми март, најискрениот израз на љубов и почит е дефинитивно книгата. Кога некому подарувате книга, му подарувате искрени емоции, незаменливо искуство и време што ќе си го посвети себеси, хранејќи ја својата душа. Поради сите дами и важни жени кои се ваша најголема поддршка и мотивација, „Литература.мк“ подготви специјална празнична акција на избрани наслови.
 
Со попуст до 50% ќе бидат книгите: „Најубавите љубовни писма на сите времиња“, „Деса“ и „Брезите што шумеа крај Темза“. Со намалување до 40% се насловите „Опра: Биографија“, „Невидливиот живот на Ади Лару“, „Тој почна сè“, „Кејт: идната кралица“, „Сто љубовни сонети“, „Последната од девојките Месечини“, „Те знам“, „Писатели и љубовници“ и „Сакај ја диво“, а со попуст од 30% – „Мојата прекрасна сопруга“, „Природно убави со биодевојка“, „Седумте мажи на Евелин Хуго“, „Стоте највлијателни жени во историјата“, „Хузур“, „Жената со црвена коса“ и „Се викам црвена“ од Орхан Памук и „Хамнет“.
 
Покрај изборот од книги што релаксираат, инспирираат и нудат одговори на длабоки прашања, во акцијата се вклучени внимателно селектирани подароци за домашен декор и животен стил од најпознатите италијански брендови, како „Baci Milano“ со попуст од 30%, и „Alessi“ и „Egan“ со попуст од 20%.
 
Дел од продажната акција се и украсни предмети од брендот „Pomme Pidou“, декоративни шолји од „Hanipol“ и модерни ранци, торби и додатоци од „Scoterice“, сите на попуст од 20%.
 
Како дополнување на годинашниот концепт за одбележување на Денот на жената, за секој купен производ од брендот „CV Cristal“ во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“, „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“ следува еден гратис.