„Лажни светови“ – Бојана Скендеровски промовира нова песна и спот


 Убава понеделничка дружба по повод промоцијата на новиот музички проект со наслов Лажни светови“ на Бојана Скендеровски.

Премиерното слушање на композицијата зад која како автор застанува еден колега на Бојана (чие име барем до понеделник останува изненадување), но и премиерата на видеозаписот, се закажани во понеделник во ресторанот „Дион“ (Центар)  во 19 часот.

„Велат, среќата е единствената работа која се множи кога се дели затоа дојдете заедно да прославиме за новите проекти, да наздравиме за работите кои следуваат и да уживаме во убавите моменти бидејќи само тие се паметат, велат од тимот на Бојана.