28. Моден викенд во Скопје: Спој на италијански и домашен гламур

Мото на FWSK28 е "Нашата заедничка порака за позитивна модна индустрија"


Фото: Б. Грданоски

Амбасадата на Република Италија во Скопје, ИТА- Italian Trade Agency, Ист Гејт Мол и Моден Викенд Скопје ве канат на изложбата во ADI Design Museum на 14 март во Чифте амам и на модниот настан во петок, 15 март во 18:30 часот, во Ист Гејт Мол.

За деновите на италијански дизајн во Скопје, Амбасадата на Република Италија и ИТА- Italian Trade Agency, организираат настани со кои се промовира уникатноста и врвниот квалитет на италијанскиот дизајн.

Темата на годинешното издание на деновите на италијанскиот дизајн е: “Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост”.

На 15 март, во Ист Гејт Мол ќе се одржи модна ревија на која ќе бидат претставени најновите колекции на италијанските брендови ARMANI EXCHANGE, PATRIZIA PEPE, TWIN SET, DAN JOHN, ERREA, REBECCA, JUST CAVALLI, FURLA, VERSACE, BENETTON со која ќе се отвори 28-тата сезона на Fashion Weekend Skopje, во организација на Света Богова- Јовановска.

Настанот е отворен за сите посетители и љубители на модата и дизајн, кои ќе можат лично да ја почувствуваат возбудата на гламурот од италијанските модни писти.

Моден Викенд Скопје ќе продолжи со активности (Ист Гејт Мол) :

15-31 март, Ready, Steady, Shop! A Vintage Pop-up

28-29 март, ревии на домашните дизајнерски сили на модната сцена

30 март, најавен е и цел блок посветен на The Bridal Fashion Night со колекции каде идните невести бираат совршен фустан!

Мото на FWSK28 е “Нашата заедничка порака за позитивна модна индустрија” . Нашата меѓудисциплинарна презентација не е само писта; тоа е славење на совесен дизајн, облека за етички брендови, и обврска кон еколошки практики кои оставаат позитивно влијание. 

 

28-то издание на FWSK ќе ги оправда очекувањата на модната публика, ќе дише со нова креативна енергија, ќе ја слави лулката на дизајнот Италија и силата на домашното модно творење.