Базар со 26 современи ракотворци за Денот на жената во Скопје сити мол


Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 5 до 8 март, Скопје Сити Мол организира осмомартовски базар на кој ќе се претстават 26 модерни ракотворци.

 

Со уникатни колекции, рачно изработени ќе се претстават: Zen.Zeal, Frankly concept & gift-shop, BLOOM, Solar Creations, Nebula Jewelry, АКРЕА, Медена, Ваша мала башта, Infinity accessories, LaSoy & LA CHA, Блумен и Арт 2005, Small piece of joy, Igneа eco aroma cosmetic, Елена Ристовска, MORPHO, Julia Barbun, Esoapery, Love Corner, Пекара Ваташа, Џули Декупаж, Epoxy handmade by clay, Девојчето со книгите, Cariño handmade gifts and accessories, Filigree LARGO, MH CandleCo и KP Crafts.

 

Креативците кои внесуваат колорит и радост во одбележувањето на Денот на жената ќе се претстават со широк спектар производи од храбро конципиран еклектичен накит, преку уметници, кои компонираат иновативен накит од керамика, накит креиран во сутаж техника, од епоксидна смола и полимерна глина. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ и елегантен. Aвторките ги раскажуваат своите приказни, на еден современ и концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие. На овој уникатен базар, некои од уметниците ќе се претстават и со вегански козметички производи за нега и убавина, производи од свила, домашно направени колачи и чоколади и со цветни аранжмани.

Четиридневниот базар ќе се случува на приземјето во Скопје Сити Мол.