38. Поетска ноќ во Велестово со учесници од шест земји


Од 21 до 23 август ќе се одржи 38. издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“, кое ќе обедини дваесетина поети, музичари и уметници од Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија. Програмата ќе започне на 21 август во 21 часот во Велестово со поетскиот портрет на Јовица Ивановски, едно од водечките имиња во […]

Префинето музицирање на триото „Кимера“ на „Охридско лето“


Незаборавно музичко доживување исполнето со виртуозност и длабока емоција приреди италијанското трио „Кимера“ кое настапи синоќа на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Публиката во црквата „Света Софија“ ги почувствува индивидуалните музички  квалитети на пијанистката Марта Черета, на виолинистот Стефано Ракањи, како и на виолинистот Џорџо Лукини, но не помалку се чувствуваше и префинетоста во заедничкото […]

„Одисеја“ на Кристофер Нолан го наполни Синеплекс- се бараше паркинг повеќе


Светската премиера на „Одисеја“ (The Odyssey) на Кристофер Нолан помина со исклучително позитивни реакции и силен медиумски интерес. Премиерните проекции  во Лондон и во Њујорк собраа голем број филмски критичари, а првите впечатоци  ја опишуваат како едно од најамбициозните и визуелно најимпресивните остварувања во кариерата на Нолан. За лондонскиот настан, Јуниверзал изгради огромен Тројански коњ, […]

Кога се гаснат светлата на сцената, не постојат граници или политички разлики


Културните размени создаваат односи што траат многу подолго од една претстава или еден фестивал. Тие се можност подобро да се запознаеме со културата на другиот, да размениме идеи и да изградиме заемна доверба. Особено е важно што Охридско лето претставува место на средба на уметници од разни земји и навистина сум среќна што Грција учествува […]

Макрон ги одликува Џорџ Лукас, Џоди Фостер и Сигурни Вивер со орденот „Легија на честа“


Париз – Францускиот претседател Емануел Макрон им оддаде почит на пет големи личности во меѓународниот филм на церемонија одржана во Елисејската палата во Париз . Основачот и извршен директор на Illumination, Крис Меледандри, продуцентот зад филмовите „Грозлив јас“ и „Минионс“ – анимираната франшиза со најголема заработка на сите времиња, со повеќе од 5,7 милијарди долари […]

Светот обезбедува критични минерали, Македонија сè уште ја чека реализацијата на Иловица


Додека САД вложуваат 12 милијарди долари за создавање стратешки резерви од критични минерали и ја зајакнуваат својата индустриска независност, Македонија сè уште не ги користи сопствените минерални ресурси. Геолошките истражувања потврдуваат дека земјата располага со бакар и антимон, а најголемото познато наоѓалиште на бакар е во Иловица. Таму беше најавена инвестиција од околу 350 милиони […]

Во Битола се одржа меѓународна работилница за конзервација на културното наследство


НУ Завод и Музеј – Битола во рамки на ACT4PRESPA поддржан од Евбропската унија, одржа меѓународна стручна работилница за конзервација на културното наследство на која учествуваа конзерватори, реставратори, архитекти, археолози и други експерти од Северна Македонија, Грција и Албанија. Во текот на дводневната програма, учесниците имаа можност да ги посетат Јени џамија и археолошкиот локалитет […]

Португалија стана првата членка на ЕУ во иницијативата HealthAI


Португалија стана првата членка на Европската Унија што се приклучи на глобалната мрежа HealthAI за следење на употребата на вештачка интелигенција во здравството. Договорот помеѓу португалскиот регулатор Infarmed и непрофитната организација HealthAI со седиште во Женева ѝ дава на Португалија пристап до каталог на здравствени алатки базирани на вештачка интелигенција кои поминале регулаторни проверки. Со […]

Тухел останува англиски селектор


Лондон – Англискиот селектор Томас Тухел има целосна поддршка од Фудбалската федерација на Англија (ФА) и се очекува да ја предводи репрезентацијата на Европското првенство во 2028 година, и покрај елиминацијата во полуфиналето на Светското првенство, јавија денеска британските медиуми. Англија во средата вечер беше поразена од Аргентина со 1:2, што ја остави без пласман во […]

Патувачката изложба „Изградена средина: Алтернативен водич за Јапонија“ во МСУ


Патувачката изложба „Изградена средина: Алтернативен водич низ Јапонија“ ќе биде отворена вечер во Музејот на Современата уметност во Скопје.  -Изложбата претставува 80 примери на објекти, инженерски градби, пејзажи и други дела од сите префектури на Јапонија, прикажани преку фотографии, текстови и видеоматеријали. Таа осветлува еден поретко разгледуван аспект на Јапонија, истражувајќи како Јапонците се соочувале […]

Националниот џез оркестар ќе настапи на AirBeat Festival во Корча


Националниот џез оркестар на 18 јули 2026 година ќе настапи на AirBeat Festival #LULUfest во Корча, Албанија, каде ќе биде дел од главната фестивалска програма што ќе се одржи во Старата чаршија. AirBeat Festival обединува уметници од различни земји и култури, создавајќи простор за музичка размена, нови соработки и заеднички креативни проекти.  На главната фестивалска вечер, под диригентската палка […]

Божици, цвеќиња и Сицилија: Долче и Габана со спектакуларна ревија се враќаат на своите корени во Таормина


Доменико Долче и Стефано Габана се вратија во Таормина, местото каде што започна нивната приказна за висока мода во 2012 година, презентирајќи колекција која ги комбинира сицилијанската традиција, митологијата и раскошот, но исто така предизвикува поделени реакции кај модните критичари. Во паркот Радичепура во Таормина, со Етна во позадина, Долче и Габана се вратија на […]

Пост Малоун ќе биде главната ѕвезда на затворањето на СП во Њујорк


Њујорк – POST Malone ќе биде главен изведувач на церемонијата на затворање на Светското првенство во фудбал во 2026 година, кое ќе се одржи на стадионот во Њујорк, Њу Џерси, на 19 јули. Тој ќе настапи 90 минути пред почетокот на финалниот натпревар, а неговиот музички стил, кој комбинира различни жанрови, се смета за соодветен […]

УХМР предупредува: Влажното време создава услови за штетници и растителни болести


Дождот што изминатите денови зафати делови од земјава ќе придонесе за зголемување на влагата во почвата, но истовремено создава услови за појава на растителни болести и штетници. Агрометеоролозите апелираат земјоделците редовно да ги контролираат посевите и навреме да преземат мерки за заштита. Според УХМР, топлото и суво време во изминатиот период им одговараше на земјоделците […]

Викендов влегуваме во жолта предупредувачка фаза поради високите температури


Во петок (17 јули), како и за време на викендот (сабота и недела 18/19 јули) во Македонија се очекува интензивирање на топлината, но и понатаму без изразен топлотен бран кој би условил екстремно високи температури на воздухот, според метереолозите. „Времето ќе биде сончево и топло со појава на мала локална облачност а ќе дува и […]

„Држи се за мене”, најдобар медитерански филм на петтото издание на фестивалот „Преку езерото”


Кипарскиот филм „Држи се за мене” кој го отвори годинешното петто издание на Фестивалот за балкански и медитерански филм „Преку езерото” ја доби гран при наградата за најдобар филм на Медитеранот. Одлуката на вечерашното свечено затворање на фестивалот ја соопшти меѓународното жири составено од тројца членови – Мирослав Митиќ, српски сценарист, продуцент и режисер, Елеонора […]

Традиционалната кинеска музика се сретна со делата на Моцарт на „Охридско лето“


Извонредните македонско-кинески пријателски односи и културната соработка меѓу Кина и Македонија беа потврдени и синоќа  со спектакуларниот концерт на Симфонискиот оркестар  „Нингбо“ кој настапи на 66. Издание на фестивалот „Охридско лето“. Кинеската вечер на сцената „Долни Сарај“започна со интонирање на македонската а потоа и на кинеската химна, а поздравен говор имаше амбасадорката на Народна Република […]

Скопје ќе се лади со диџејот Бурак Јетер на 5 септември 


По успешното прво издание, фестивалот „Скопје се Лади“ се враќа по втор пат и на 5 септември ќе го претвори Стадионот на АРМ во Скопје во најголемата летна музичка сцена во државата. Годинашниот фестивал носи ексклузивен настап на светски познатиот DJ и продуцент Burak Yeter, кој за првпат доаѓа во Македонија. Автор на глобалните хитови “Tuesday” и “My Life Is Going On”, препознатлива како главна […]

Трамп ќе биде на монетата од еден долар


Вашингтон – Граѓаните на САД наскоро ќе можат да го видат потписот на претседателот Доналд Трамп на своите банкноти, додека неговиот портрет ќе се појави на комеморативна монета. Одлуката покрена прашања за тоа дали го крши федералниот закон што забранува прикажување на живи претседатели на американската валута. Ковачницата на пари на САД издава комеморативни монети […]

Седат Сулејмани седна на министерската фотелја, што го чека?


Откако завчера во Собранието беше изгласана владината реконструкција, од вчера Седат Сулејмани седна на новата позиција како министер за  култура и туризам на местото на Зоран Љутков кој беше две години на оваа функција.     Оваа одлука беше донесена во рамките на реконструкцијата на Владата, каде Сулејмани, кој доаѓа од редовите на коалицијата Вреди, […]