Музејот на Жак Ширак ограбен по трет пат за една година


Саран – Музејот на поранешниот француски претседател Жак Ширак во Саран, Корез во централна Франција, е ограбен по трет пат за една година, објавија денес француските медиуми, повикувајќи се на канцеларијата на францускиот обвинител. Последната кражба се случила помеѓу среда вечерта и четврток наутро кога главниот влез во музејот, кој беше отворен во 2000 година […]

Франција ќе симулира голем прекин на електричната енергија


Париз – Француската влада планира да спроведе симулација на голем прекин на електричната енергија низ целата земја во втората половина на 2027 година за да ја тестира својата подготвеност за кризни ситуации, соопштија денес извори запознаени со подготовките. Во вежбата ќе учествуваат операторите на електричната мрежа Enedis и RTE, неколку државни институции, министерства и француската […]

Истанбул го одбележува Меѓународниот ден на мачките со приказна за своите најшармантни жители


Во пресрет на Меѓународниот ден на мачките, кој се одбележува утре, 8 август, Турција ги поканува странските туристи да ја откријат една од најавтентичните приказни на Истанбул, градот во кој мачките, покрај тоа што се миленици, се и негови вистински жители, соседи и популарен симбол на неговиот дух.Покрај светски познатите знаменитости, како што се Аја […]

Екстремни температури во Европа: Соборени рекорди, зголемен ризикот од пожари и енергетски проблеми


Лондон – Екстремниот топлотен бран продолжува да ги погодува Централна и Источна Европа, при што во неколку земји се соборени температурни рекорди, додека сушите и високите температури предизвикаа проблеми со енергетиката и го зголемија ризикот од шумски пожари, пишува „Гардијан“. Словачка, Австрија и Унгарија забележаа рекордни температури. Словачката хидрометеоролошка агенција соопшти дека во Долни Плахтинце […]

Зеленски ги отповика украинските амбасадори во Албанија, Хрватска и Црна Гора


Тирана – Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отповикал амбасадорите на Украина во Албанија, Хрватска и Црна Гора, согласно претседателските уредби објавени вчера. -Според уредбата отповикан е  Володимир Шкуров од функцијата амбасадор во Албанија, кој на оваа дипломатска задача  беше од април 2020 година. Васил Кирилич, е отповикан од  амбасадор на Украина во Хрватска, како и Олех […]

СДСМ вели организираната кампања на омраза продолжува, заедно со цензурата во медиумите


ВМРО-ОКГ не престанува со навреди, се вели во соопштението на СДСМ.  „Мицкоски на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог“. Вчера цел ден оркестрирана кампања по директива на началникот на Мицкоски – Драган Павловиќ Латас. Ги наведовме сите: – Бране Петрушевски – Лидија Петкоска – Бисера Златеска – Емилија Ангелова – Драган Ковачки – Миле Лефков – Петар Марков […]

Меморандум за соработка меѓу македонскиот КИЦ во Софија и ДПМ


Македонскиот Културно-информативен центар во Софија и  Друштвото на писателите на Македонија потпишаа Меморандум за соработка, со што, како што известува Центарот, „воспоставена е цврста основа за понатамошно унапредување на соработката во областа на културата, книжевноста и промоцијата на македонското духовно и литературно творештво“. Меморандумот го потпишаа директорот на КИЦ на Република Македонија во Софија, Зоран […]

Мини Драјвер „во шок“ по „навистина лоша“ сообраќајна несреќа


Лос Анџелес- Мини Драјвер вели дека е благодарна што е жива откако е повредена во сообраќајна несреќа. Ѕвездата на „Добриот Вил Хантинг“, 56, на Инстаграм објави видео на кое лежи во кревет носејќи ортопедски врат, откривајќи дека „пред неколку дена доживеала навистина лоша сообраќајна несреќа“ во Франција. Драјвер, која го снимала видеото од Лондон, рекла […]

Исланд го предупредува Брисел да не се меша во референдумот за ЕУ


Рејкјавик – Исландските власти ја предупредија Европската комисија да не се меша во кампањата пред референдумот закажан за 29 август, на кој граѓаните ќе гласаат дали земјата треба да ги продолжи преговорите за пристапување со Европската Унија. Според „Еурактив“, повикувајќи се на двајца претставници на ЕУ, Рејкјавик јасно му ставил до знаење на Брисел дека […]

Бројот заразени со ебола во Конго надмина четири илјади


Киншаса – Бројот потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина четири илјади, за првпат од почетокот на актуелната епидемија, покажуваат податоците на здравствените власти. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Конго, досега во земјата се потврдени 4.053 случаи на заразени со ебола, а од болеста починале 1.850 лица. Епидемијата започна […]

Активен пожар во село Грешница во Македонски Брод, под контрола пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско Паталишта


До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село  Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска […]

Трамп потпиша нови укази за ограничување на правото на стекнување американско државјанство по раѓање


Вашингтон – Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера потпиша два нови извршни укази со кои се обидува да го ограничи стекнувањето американско државјанство по раѓање, соопшти Белата куќа,  Едниот од указите има цел да го ограничи автоматското стекнување американско државјанство за деца родени во САД чии родители немаат американско државјанство, како што се деца на странски владини […]

Десет земји се приклучуваат на украинската иницијатива „Фреја“


Киев – Десет земји се приклучија на иницијативата Фреја за интегриран систем за воздушна и балистичка ракетна одбрана, која моментално е во фаза на активна имплементација, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на вечерното обраќање на 6 август. Заедничката иницијатива претставува европски систем за антибалистичка ракетна одбрана, а се очекува дополнителни меѓународни партнери да […]

Нови правила за новинарите кои бараат американска виза


Вашингтон – Американскиот Стејт департмент ќе ги проверува профилите на социјалните медиуми на странските новинари кои аплицираат за визи за работа во Соединетите Држави. Конзервативната веб-страница „Дејли Сигнал“, повикувајќи се на интерен меморандум, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја проширува претходната мерка, според која кандидатите за многу видови визи мора да ги […]

САД воведоа санкции против кубански воени функционери и компании


Вашингтон – САД воведоа санкции против кубански правни субјекти и лица кои, според Вашингтон, и помагаат на Куба да обезбедува оружје и да одржува воени односи со странски држави. Американскиот Стејт департмент соопшти дека санкциите се насочени кон пет правни и осум физички лица за кои е посочено дека „ги олеснуваат воените односи на Хавана и […]

Американски суд ѝ наложи на „Мета“ да плати 567 милиони долари за штети нанесени на младите


Лос Анџелес – Американски суд ѝ наложи на матичната компанија на Фејсбук, „Мета“, да плати 567 милиони долари за санирање на штетите нанесени врз младите од нејзините платформи. Судијата од Ново Мексико, Брајан Бидшајд, пресуди дека платформите на „Мета“ претставуваат „јавна опасност“ и дека компанијата се вклучила во активност што „ги нарушува јавното здравје, безбедноста […]

САД воведоа увозни царини за материјал што се користи во соларни панели и чипови


Вашингтон/Пекинг – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови увозни давачки за полисилициумот, материјал што е клучен за производство на соларни панели и полупроводници, за да ги заштити домашните производители од евтината странска конкуренција. Трамп синоќа потпиша претседателска прокламација со која се утврдуваат минимални увозни цени за полисилициумот и сродните полупроизводи, како и царина од […]

Делови од Гази Баба и Бутел без електрична енергија


– Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека денеска без електрична енергија ќе бидат делови од општина Гази Баба и Бутел. Според најавата, од 2 до 10 часот струја ќе немаат корисниците од Колонија и Идризово, како и дел од корисниците од Јурумлери во Гази Баба, а […]

Грчка вечер на „Охридско лето“ со  Теодосија Нтоку и Масимо Полидори


Грчката пијанистка Теодосија Нтоку и италијанскиот виолончелист Масимо Полидори  вечерва ќе концертираат на традиционалната Грчка вечер на „Охридско лето“ што се одржува со поддршка од Амбасадата на Грција во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Оценета од списанието „Би-би-си мјузик“ како пијанист со драматични квалитети, емотивна суптилност […]

Силни емоции и виртуозност под свеќи во Охрид: Миленковиќ и „Профундис“ приредија безвремено музичко патување


Во преполното Предворје на црквата „Света Софија“, синоќа, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер која ја одбележаа врвни интерпретации, силни емоции и извонредна атмосфера. Концертот се одржа во рамки на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Сцената, внимателно уредена и осветлена со стотици свеќи, создаде посебен […]