Нема подолги задржувања на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Бака ја прифати номинацијата за претседател на Унгарија, соопши Маѓар


Будимпешта – Поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бака ја прифати номинацијата за претседател на Унгарија на владејачката партија Тиса, соопшти унгарскиот премиер Петер Маѓар. Маѓар објави на Фејсбук дека Бака ја прифатил номинацијата од желба да ѝ служи на нацијата и да работи за единството на унгарскиот народ и создавањето демократска, европска Унгарија. Унгарскиот […]

Интезивен период за македонскиот филм – четири се снимаат летово


Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот на август е закажана првата клапа и на четвртиот. Станува збор за „Мравки“ во режија на Марјан Гавриловски, „Голиот рид“ во режија на Игор Алексов и „Ајал“ во режија на Арбен Тачи, додека на 25 […]

„Само љубов постои“ – деби албумот на Ана Петан достапен дигитално!


По неколку години во кои го привлече вниманието на публиката со фестивалски настапи и соработки, Ана Петан го издава својот прв студиски албум „Само љубов постои“. Деби изданието, објавено за Croatia Records, од денес е достапно на сите дигитални платформи и воедно претставува нејзин прв комплетен музички пробив кон хрватската публика. Албумот собира десет песни […]

Американски огномет влезе во Гинисовата книга на рекорди


Вашингтон- Најголемиот огномет во историјата, составен од 840.537 пиротехнички направи, го изведоа американските компании „Фридом 250“ и „Питотекнико, Инк“ на настан организиран оваа година од „Ивент Стратеџис Инк“ во Вашингтон за да се прослави американскиот национален празник 4 јули, објави веб-страницата на Гинисовата книга на рекорди. Пред овогодинешното одбележување на 4 јули, Денот на независноста […]

Нови строги сообраќајни мерки во Aлбанија, трајно одземање возачка дозвола за управување возило под дејство на алкохол и големи парични казни


Во Албанија стапија во сила новите измени во Законот за сообраќај, со кои се заоструваат мерките против прекршителите, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на несреќите. – Според законот, овие измени предвидуваат трајно одземање на возачките дозволи за возачите кои се фатени како возат под дејство на алкохол, односно повторно управуваат возило […]

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар – Кичево


 Едно лице починало од повреди здобиени во судар на две возила на магистралниот пат Гостивар – Кичево. Возачот на другиот автомобил е тешко повреден. Според полицискиот портпарол, Фатмир Реџепи, вчера, околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна […]

Музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“ во Охрид во рамки на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија


Со досега најголем музичко-сценски спектакл виден во Македонија вечер во Охрид продолжува одбележувањето на 35-годишнината на независноста. Музичко-сценскиот спектакл ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот, а караванот ќе посети и 11 други градови.  Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за […]

Сончево и многу топло


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


 Денеска е недела, 9 август 2026 година, 221-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 144 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 35 минути, а ќе зајде во 19 часот и 43 минути. Денов трае 14 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

ЕУ вечерта на „Охридско лето“  го носи концертот „Последната роза  на летото“


„Последна роза на летото“ е насловот на програмата што вечерва ќе биде изведена на  Вечерта на Европската унија која традиционално се одржува секоја година како дел од  фестивалот „Охридско лето“. Во црквата „Света Софија“ од 21 часот концерт  ќе имаат ирскиот виолинист Дејвид Тобин, пијанистот Фингин Колинс, исто така од Ирска, како и унгарско-ирската флејтистка […]

Караванот со музичкo-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност, доаѓа во Велес


Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, на 12 август пристигнува во Велес, во паркот пред Општина Велес, во 20:30 часот, соопошти Авалон. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните […]

И Спајдермен во служба на Белата куќа


Вашингтон – Белата куќа ги налути фановите на Марвел со објава на Инстаграм откако го искористи Спајдермен за промоција на Службата за имиграција и царина (ICE). На официјалниот профил беше објавена монтажа со опис „Вашите пријатели од соседството – агенти на ICE“, што предизвика остри критики на интернет, пишува Euronews. Кампања со Спајдермен Објавата се […]

Шпанија ѝ даде рок на Италија да ги укине граничните контроли


Мадрид – Шпанија ѝ постави рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли наметнати на патниците од Шпанија, што Мадрид го смета за неправедно, дискриминаторско и спротивно на интересите на Европската Унија. Доколку Рим не ја повлече одлуката, администрацијата на премиерот Педро Санчез најави „пропорционални мерки“ за заштита на интересите на своите граѓани, […]

Русија ги отфрла обвинувањата за мешање на Москва во изборите во Франција


Руската амбасада во Париз ги отфрли обвинувањата за наводно мешање на Москва во претстојните претседателски избори во Франција, откако париското обвинителство започна истрага за обвинувањата. – Русија, за разлика од западните земји, нема практика да се меша во внатрешните работи на други држави. Во Франција, за жал, стана вообичаено неосновано да се обвинува Русија за […]

Нов сојуз на регионални сили: Турција, Пакистан и Саудиска Арабија ја зајакнуваат воената соработка


Саудиска Арабија, Турција и Пакистан денес потпишаа договор за колективна одбрана, објави пакистанското Министерство за надворешни работи, пишува АП, со оценка дека ова дополнително ја продлабочи соработката меѓу трите регионални сили во услови на растечки безбедносни предизвици. Во заедничката изјава од трите земји се нагласува дека договорот има за цел да го зајакне колективното одвраќање […]

Седум земји од ЕУ ја критикуваат Словенија за блокирање на назначувањето на Тања Фајон


Седум земји-членки на Европската унија (ЕУ), вклучувајќи ги Франција и Шпанија, ја критикуваа Словенија за нејзината одлука да го блокира назначувањето на поранешната министерка за надворешни работи Тања Фајон за претставник на ЕУ за регионот Сахел во Африка, објавува Euractiv, повикувајќи се на извори. Според извештаите, Тања Фајон, социјалдемократка, минатиот месец била спречена да биде […]

AERO Street Food Festival 2026 – Паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и музиката


Од 4 до 8 септември, Аеродром повторно ќе биде центар на добрата храна, македонска музика и урбаната забава. Второто издание на AERO Street Food Festival пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, позвучна музичка програма и содржини наменети за посетители од сите генерации. Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе можат да […]

Сараевскиот градоначалник го прими Дино Мерлин по тридневниот спектакл на Кошево


По тридневниот спектакл на стадионот Кошево, кој собра рекордни 200.000 посетители, градоначалникот на Сараево, Самир Авдиќ,  организираше прием за БиХ во Градското собрание за кантавторот и регионална поп-ѕвезда Дино Мерлин. – Сараево и граѓаните на овој град се исклучително горди, но и благодарни – рече градоначалникот Авдиќ, со искрени честитки за уметникот, за неговиот историски […]

Ева Величковска ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот во Виетнам


Дваесетгодишната Ева Величковска од Скопје ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот 2026, кој годинава ќе се одржи во Виетнам, објави организацијата „Мис Македонија“, носител на лиценцата за националниот избор. „Патот до Мис на светот 2026 започнува. Со гордост ја најавуваме нашата претставничка, Ева Величковска, која ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот […]