Едно лице загина во сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар – Кичево


 Едно лице починало од повреди здобиени во судар на две возила на магистралниот пат Гостивар – Кичево. Возачот на другиот автомобил е тешко повреден.

Според полицискиот портпарол, Фатмир Реџепи, вчера, околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа.

– Во несреќата учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Н.С. (34) од Гостивар „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.П. (63) од Скопје. Во незгодата, доктор од Итната медицинска помош на самото место констатирал смрт кај возачот на возилото „опел астра“, Ѓ.П. (63), изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Возачот на возилото „пежо“, Н.С. (34), се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар за укажување лекарска помош.

На местото на несреќата увид врши Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во содејство со екипа од ОВР Гостивар.