Музејот на Жак Ширак ограбен по трет пат за една година


Саран – Музејот на поранешниот француски претседател Жак Ширак во Саран, Корез во централна Франција, е ограбен по трет пат за една година, објавија денес француските медиуми, повикувајќи се на канцеларијата на францускиот обвинител.

Последната кражба се случила помеѓу среда вечерта и четврток наутро кога главниот влез во музејот, кој беше отворен во 2000 година за чување претседателски подароци, бил пробиен, а алармот се вклучил околу 4 часот наутро, објави „Ле Фигаро“.

Музејот се наоѓа во селото Саран, кое има население од околу 300 жители, и изложува вазни, слики, скулптури и книги што Ширак ги поседувал помеѓу 1995 и 2007 година, вкупно повеќе од 5.000 предмети.

Музејот бил двапати ограбен во октомври 2025 година, кога биле украдени накит и часовници, чија вредност се проценува на милион евра.

Во тоа време биле уапсени четири лица.

За време на грабежот на музејот во 2011 година, беше украден златен сокол украсен со дијаманти, подарок од Саудиска Арабија.