Бројот заразени со ебола во Конго надмина четири илјади


Киншаса – Бројот потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина четири илјади, за првпат од почетокот на актуелната епидемија, покажуваат податоците на здравствените власти.

Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Конго, досега во земјата се потврдени 4.053 случаи на заразени со ебола, а од болеста починале 1.850 лица.

Епидемијата започна кон крајот на април годинава, а стапката на смртност во моментов изнесува 43,9 проценти. Според Светската здравствена организација, околу 90 отсто од случаите се регистрирани во североистичната провинција Итури, во близина на границите со Уганда и Јужен Судан.

Еболата е високо заразна вирусна болест што се пренесува преку контакт или телесна течност.

Во претходната голема епидемија на ебола пто го зафати Конго од 2014 до 2016 година, беа регистрирани околу 28 илјади заразени, а повеќе од единаесет илјади луѓе починале. Тогаш за осум месеци од почетокот на епидемија од болеста починаа илјада лица.