Без вода селото Моране и корисници од неколку улици во Скопско


Фото: Б. Грданоски

Поради дефект, без вода за пиење денеска ќе остане селото Моране во Студеничани, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по информации добиени од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот со водоснабдување ќе биде од осум часот и ќе трае до отстранување на дефектот.

Поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 2 цола на ул. Ванчо Мицков бр. 13, во периодот од 9.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од ул. Ванчо Мицков во Општина Карпош.

Без вода од осум часот поради уличен дефект ф-80мм на Рајко Жинзифов 32, ќе бидат корисниците на дел од Рајко Жинзифов, дел од Владимир Полежиновски, дел од Стефан Јакимов-Дедов и дел од Борка Талевски.