Ерик Вендт доби одобрение од американскиот Сенат за нов амбасадор на САД во Албанија, се чека потписот на Трамп


Тирана– Ерик Вендт доби одобрение и од американскиот Сенат за нов амбасадор на САД во Албанија. Сега, единствената формална постапка што преостанува е американскиот претседател Доналд Трамп да ја потпише номинацијата за Вендт да започне со работа во Албанија.

Кандидатурата на Вендт е изгласана на пленарната седница на Сенатот со 50 гласа „за“ и 44 „против“, по поддршката добиена претходно во Комитетот за надворешни односи.

-Тој е пензионира генерал со три ѕвезди во армијата на Соединетите американски аржави со над 34 години служба а ја преземе дипломатската функција во време од големо значење за односите меѓу САД и Албанија, особено во областите на безбедноста, инвестициите и евроатлантската соработка. Главните приоритети за време на неговиот мандат во Тирана, како што изјавил, ќе бидат борбата против корупцијата и организираниот криминал, зајакнувањето на военото партнерство меѓу двете земји, поддршката на кибер-безбедноста и создавањето поповолна клима за американски инвестиции во Албанија, објавја медиумите.

Во американската армија бил од 1986 година.  Од 1991 година, тој е дел од специјалните сили „Зелени беретки“, градејќи силен профил како офицер за специјални операции. Во ноември 2017 година,  ја преземал функцијата координатор за безбедност на САД за Израел и палестинската самоуправа, играјќи клучна улога во координирањето на безбедносните прашања во регионот.

Зборува арапски и корејски јазик и е одликуван со голем број меѓународни и воени одликувања. Дипломирал на Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара и завршил постдипломски студии по национална безбедност на поморската постдипломска школа.

Вендт доаѓа на местото на амбасадорката Јури Ким, која ја напушти Албанија на почетокот на 2023 година. Пред две години, номинацијата на дипломатот Дејвид Џ. Костеланчик за функцијата амбасадор на САД во Албанија „не успеа“ откако неколку републикански сенатори гласаа против. Моментно вршителка на должноста американски амбасадор во Тирана е Ненси Ван Хорн.