Почнува 19. Саем за вработување и кариера – Job Fair 2024


Под мотото „Првиот чекор кон твојата кариера“, Бордот на европски студенти по технологија (БЕСТ) – Скопје од денеска до 19 април го организира 19. Саем за вработување и кариера – Job Fair 2024. Како што наведува БЕСТ, Job Fair е настан кои ги поврзува студентите и компаниите на едно место. Годинашното издание ќе се одржува …

Почнува 19. Саем за вработување и кариера – Job Fair 2024 Read More »

Дванаесетти ден од изборната кампања за претседателските избори


 Со презентација на програмите на средби со граѓани и митинзи, денеска продолжува изборната кампања на претседателските кандидати за првиот круг од изборите на 24 април. Кандидатот за претседател на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски денеска ќе ги посети скопските општини Сарај, Чаир и Ѓорче Петров, а митинг ќе одржи во општина Гази Баба, додека …

Дванаесетти ден од изборната кампања за претседателските избори Read More »

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец


Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб до …

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец Read More »

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 15 април 2024 година, 106-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 260 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 53 минути, а ќе зајде во 19 часот и 15 минути. Денов трае 13 часа и 22 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »

Битола ме тера да пеам – Фестивалот АКТО 19 во чест на Мирко Попов


Фестивалот АКТО 19, ги продолжува своите активности денеска во Битола со целодневен музички настан, „Градот ме тера да пеам“, со што се промовира македонската музичка сцена, млади и талентирани автори и изведувачи, чии квалитет и творештво е јадрото на домашната современа урбана култура. Во претпладневната програма, беше промовирана винил компилацијата, „Поп култура“, посветена на современата поп …

Битола ме тера да пеам – Фестивалот АКТО 19 во чест на Мирко Попов Read More »

Вивалди и Паганини на свеќи: Скопје уживаше во магична ноќ исполнета со виртуозност


Илјадници свеќи синоќа ја осветлија сцената на Филхармонијата на премиерното издание на првиот „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис, на кој како солист настапи светски познатиот виолинист од Австрија Марио Хосен, кој свири на виолината на Гвадањињи (1749), со своите преферирани титаниумско соло жици Thomastik-Infeld. Скопје доживеа уникатно искуство каде традиционалниот концертен …

Вивалди и Паганини на свеќи: Скопје уживаше во магична ноќ исполнета со виртуозност Read More »

Дипломатскиот кор на изложба на Надја Розева – ексклузивната уметност ќе ве заинтригира (фото)


Како скапоцени камења кои како накит светат во кадифените витрини во приватните колекции и во најпознатите колекции во музеи и галерии ширум светот, така и медалните скулптури  на вештите раце на бугарската уметница и дизајнер Надја Розева (1974, Софија) , со импресивна светска биографија, синоќа во Чифте амам светеа и ја маѓепсуваа скопската културна елита …

Дипломатскиот кор на изложба на Надја Розева – ексклузивната уметност ќе ве заинтригира (фото) Read More »

„Си беше еднаш“ е ковчеже со најубавите бајки што ќе останат во наследство за следните генерации


Си беше еднаш… Ова се првите зборови со кои почнува раскажувањето на приказните, волшебно навестување дека почнува ново патување во светот на бајките. Со овие зборови почнуваат сите 52 бајки собрани во книгата-ковчеже „Си беше еднаш“, која беше „отклучена“ вчеравечер (11 април), со промоција во волшебниот амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Книгата „Си …

„Си беше еднаш“ е ковчеже со најубавите бајки што ќе останат во наследство за следните генерации Read More »

НОБ со ексклузивен концерт со оркестарот и солистите Весна Ѓиновска Илкова и Наде Талевска


  На 12 април со почеток во 20 часот  во Националната опера и балет,  ќе се одржи ексклузивен концерт со оркестарот и солистите од Националната опера и балет, во рамките на фестивалот „47. Денови на македонска музика“ 2024. На концертот, публиката ќе може да проследи дела од композиторите на кои им се одбележуваат јубелјните години …

НОБ со ексклузивен концерт со оркестарот и солистите Весна Ѓиновска Илкова и Наде Талевска Read More »

Концерт за три света по повод 5о години музичка кариера на Мики Јовановски – Џафер


Во сабота вечер, на 13. април, во Јавна соба ќе се одржи концерт за душа, за уво и за јубилеј. Концерт за паметење по повод 50 години музичка кариера на Мики Јовановски – Џафер. На концертот се најавени голем број на гости музичари и се очекува да биде вечер на обединување на генерациите во Скопје …

Концерт за три света по повод 5о години музичка кариера на Мики Јовановски – Џафер Read More »

„Господ, па Америка“ – промоција на збирка есеи на Румена Бужаровска


  На 15 април (во понеделник), од 19:30 ч., во Јавна соба, ќе се одржи промоција на новата книга на Румена Бужаровска, збирката есеи „Господ, па Америка“ во издание на ТРИ. Есеите што веќе беа објавени на српски јазик во „Велике приче“ го добиваат своето прво македонско издание. Станува збор за лични гледишта и критика …

„Господ, па Америка“ – промоција на збирка есеи на Румена Бужаровска Read More »

МСУ водич и матине


Утре на 13 април (сабота), во 12 часот на пладне, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржи МСУ водич и како пропратен настан матине дружење со диџеј сет на Дарко Јорданов. Со нашиот кустос водич Бојана Јанева ќе може се погледнат двете новоотворени изложби:   „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“. Куратори се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. Поставката проследува хронологија на настаните почнувајќи од 1963 година како нулта точка, преку формирањето на институцијата во 1964 година, изградбата и отворањето на Музејот во 1970 година, па до најактуелните изложби како меѓународната изложба „Сѐ што ни е заедничко“ и самостојните изложби на светски уметници. Таа е обид, преку мапирање на бројните настани и нивниот визуелен комуникациски аспект да се даде поттик во размислувањата за важноста на МСУ-Скопје во процесот на проектирање и оформување на сликата за современоста. На изложбата покрај прегледот на визуелниот и документарен материјал, плакати, публикации, претставен е и избор од делата од колекцијата на МСУ-Скопје, меѓу кои оние на Марино Тартаља, Ханс Хартунг, Александар Калдер, Петар Лубарда, Душан Оташевиќ, Петар Хаџи Бошков, Јордан Грабул, Анета Светиева, Малгоржата Потоцка, Јован Шумковски, Христина Иваноска, Что Делат…   И самостојна изложба на светски познатиот уметник Јонас Стал – „Станица Пропаганда“. Кураторка на изложбата е Ивана Васева. Холандскиот уметник е препознатлив по истражување на односот помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата, а неодамна ја доби и престижната награда за визуелни уметности „Prix de Rome“. Еден од главните елементи кои ја градат инсталацијата на Стал, специјално создадена за Музејот на современата уметност – Скопје е видео студијата „Пропаганден театар“ од 2023 година, преку која го сумира десетгодишното истражување за пропагандата. Ставот на уметникот е дека пропагандата не е само испраќање и манипулирање на некоја порака, туку има за цел да конструира нови реалности. Според Стал, пропагандистите немаат интерес да работат во рамки на постоечката реалност, туку сакаат да создаваат нови светови. Веднаш потоа во 13 часот, како пропратен настан организираме Матине со диџеј сет, каде ќе можеме да се подружиме и да ги сумираме впечатоците од изложбите. Влезница 150 денари. Настанот се реализира со поддршка на пријателите на МСУ – Тиквеш и Хајнекен.

Отворен Танц-Фест Скопје 2024 : „Госпоѓиците од Авињон“ пак воодушевија


Синоќа, во полниот салон на НОБ, со претставата „Госпоѓиците од Авињон“ на кореографката Олга Панго, на музика на Калиопи Букле, се  отвори 20-то јубилејно издание на интернационалниот фестивал Танц-Фест Скопје 2024, кој годинава се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“. Со оваа претстава започна програмата „Паралели“, која …

Отворен Танц-Фест Скопје 2024 : „Госпоѓиците од Авињон“ пак воодушевија Read More »

Концертна промоција на „Кејф“ – новиот албум на Васил Хаџиманов Бенд


Вечерва во МНТ во Скопје во 20 часот, еден од највлијателните „jazz fusion“ состави на Балканот, Васил Хаџиманов Бенд, ќе го претстават својот нов студиски албум со наслов „Кејф“ (Keyf). Оваа исклучителна група на музичари веќе долги години ја воодушевува публиката ширум светот со својот единствен звук и енергија, а нивниот нов албум повторно нѝ …

Концертна промоција на „Кејф“ – новиот албум на Васил Хаџиманов Бенд Read More »

„Приказна се чита“: Саемот на книга од 18 до 24 април


Над 60 издавачки куќи, повеќе од 30 промоции на книги на домашни и странски автори, Саемот на книга започнува на 18 април!   издание на Саемот на книга, кое годинава се одбележува под мотото „Приказна се чита“, повторно ќе се одржи во арената Борис Трајковски во периодот од 18 до 24 април. Во текот на …

„Приказна се чита“: Саемот на книга од 18 до 24 април Read More »

„Духовниот портрет на Луан Старова“ – предавање на акад. Ферид Мухиќ на Филолошки факултет


„Духовниот портрет на Луан Старова“ е насловено предавањето на акад. Ферид Мухиќ, кое ќе се одржи утре, 12 април (петок), со почеток во 11 часот, во Салата за седници на Филолошки факултет „Блаже Конески“. Старова, писателот кој го прегрна Балканот со неговите романи, кој го осудуваше национализмот и кој на пишувањето за емиграцијата и посвети …

„Духовниот портрет на Луан Старова“ – предавање на акад. Ферид Мухиќ на Филолошки факултет Read More »

Продолжува реконструкцијата на Универзална, по завршување на истрагата


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што ја зафати Универзална сала, денеска изјави дека Министерството за култура ги чека наодите од Јавното обвинителство, од Министерството за внатрешни работи, од Државниот инспекторат за труд, и упати апел да не се шират шпекулации до официјалните информации за причините и за штетите од пожарот. „Едно сакам да …

Продолжува реконструкцијата на Универзална, по завршување на истрагата Read More »

Роберт Патинсон со софистициран изглед во новата кампања на Диор


Роберт Патинсон не е обичен татко, тој е кул татко. Актерот (37) ја покажа својата нова Dadcore естетика во најновата кампања Dior Icons, која беше претставена во средата, на 10 април , прифаќајќи ниво на удобност што може само да се претпостави дека го прифаќа во неговата ера како татко за прв пат. „Приземни и …

Роберт Патинсон со софистициран изглед во новата кампања на Диор Read More »

Турција заплени трета најголема количина кокаин во историјата на земјата


Турската полиција го заплени третото најголемо количество кокаин во историјата на земјата, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, додека групите што го надгледуваат организираниот криминал предупредија дека земјата станува влезна точка за дрогата што стигнува до Европа. Околу 608 килограми кокаин, поголемиот дел во течна форма, беа конфискувани во операција во три провинции, објави …

Турција заплени трета најголема количина кокаин во историјата на земјата Read More »

Акустичен концерт на „Ареа“ во Филхармонија на 19 и 20 април


Акустичен концерт ќе одржи рок-групата „Ареа“ на 19 и 20 април во Филхармонија во Скопје. Членовите на групата најавуваат акустична музичка магија, каде што ќе се слушнат сите хитови направени во текот на нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала. Ружица Милошеска Брчиоска, пејачка во бендот, …

Акустичен концерт на „Ареа“ во Филхармонија на 19 и 20 април Read More »