Штрајк на наставниците во Грција


Атина – Наставниците во основните и средните училишта во Грција утрово започнаа 24-часовен штрајк, што иако беше прогласен за незаконски од надлежниот суд, доби поддршка од Синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и ќе се одржи регуларно, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот се очекува да создаде проблеми во наставата и дел од училиштата […]

Ден на македонската револуционерна борба


Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание […]

Руди Џулијани ги изгуби во тужба станот на Менхетен, „мерцедесот“ на Лорин Бекол и сувенири од 11 септември


  На Руди Џулијани му беше наредено да им предаде голем број луксузни предмети, вклучително и неговиот стан на Менхетен, на изборните службеници во Џорџија, Руби Фримен и Шеј Мос, за кои ширеше лаги по претседателските избори во 2020 година. Сојузниот судија на Менхетен, Луис Џ. ја донесе својата одлука во вторникот, наведувајќи дека поранешниот […]

Бил Гејтс донираше 50 милиони долари за кампањата на Камала Харис: „Овие избори се поинакви“


  Бил Гејтс донираше 50 милиони долари за кампањата на Камала Харис, политичка поддршка која првично беше наменета да биде приватна. Основачот на „Мајкрософт“ ја потврди донацијата за „Њујорк тајмс“ во вторникот, велејќи дека „овие избори се поинакви“, иако тој сè уште јавно не ја поддржува Харис. „Ги поддржувам кандидатите кои демонстрираат јасна посветеност на […]

Во САД издадена книга мемоари од Алексеј Навални


Вашингтон – Aмериканското издаваштво Кнопф  ја промовираше автобиографијата на Алексеј Навални, руски опозициски лидер кој на почетокот на оваа година почина во затвор во Русија. Издаваштвото претходно соопшти дека книгата насловена „Патриот“ ќе биде објавена на 26 јазици, вклучувајќи го и рускиот. Според неговата сопруга, вдовицата Јулија Навалнаја, политичарот почнал да ги пишува мемоарите по […]

Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан


Брисел – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја започнува четиридневна посета на земјите од Западниот Балкан, во чии рамки утре ќе престојува во Скопје.  Како што соопшти Еврокомисијата, за време на турнејата Фон дер Лајен ќе се сретне со лидерите на шесте земји регионот со кои ќе разговара за нивниот пат кон […]

Стоечки овации за Симон Трпчески на концертот во Будимпешта


Маестро Симон Трпчески, одржа прекрасен концерт во Будимпешта со симфонискиот оркестар на Унгарското радио, под диригентската палка на италијанскиот диригент Рикардо Фрица. Тој го изведе Концертот за пијано и оркестар број 2 од Јоханес Брамс во првиот дел од вечерта, во свечената сала на музичката академија „Франц Лист“. „Се чувствувам прекрасно. Имав голема одговорност за оваа […]

Традиционалниот Саем на студии во Франција во НУБ


Во понеделник, 28 октомври, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје ќе се одржи традиционалниот Саем за студии во Франција, информираа од Францускиот институт во Скопје. Настанот ќе биде отворен за посетители од 11 часот, додека официјалното отворање е закажано во 12 часот. Саемот претставува настан за средба на македонските средношколци, студенти […]

Онкологија добила донации од лекови од половина милион евра, кои никаде не се евидентирани


Државниот завод за ревизија извршил ревизија на финансиските извештаи на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година и утврдени се неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, соопштуваат оттаму. Како што е наведено во последниот извештај за работата на Клиниката, недостасува вредносно усогласување на сметководствената евиденција за лекови и […]

Студено утро со магла по котлините, преку денот сончево со слаб ветер


Времето денеска изутрина ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево со слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени Целзиусови. Во Скопје утрото ќе биде студено со појава на […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 23 октомври 2024 година, 297-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 69 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 56 минути, а ќе зајде во 17 часот и 40 минути. Денов трае 10 часа и 43 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Обвинителот Биковски кој го водеше „Пуч“ и против кого имаше постапка за 27 април унапреден во републичко обвинителство


Обвинителот Златко Биковски кој беше еден од тројцата обвинители за кои се водеше дисциплинска постапка за тоа што како обвинител не презел дејствија за 27 април 2017 година, кога се случи „крвавиот четврток“ е унапреден во републичкото обвинителство заедно со Валентина Стојановска. Тој беше обвинител во случајот „Пуч“ во кој обвинет беше поранешниот премиер, Зоран […]

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители


Претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, денека изјави дека е примено известување од Вишото јавно обвинителство Скопје дека се врши притисок врз работата на обвинителството.  – Известувањето е доставено од страна на вишиот обвинител, сите понатамошни постапувања и преземени дејствија, ќе бидат споделени. Во однос на содржината, не можам да ја споделам пред […]

Бескрајната моќ на модата како културна и економска сила во фокус на 29. Моден викенд Скопје


Моден Викенд Скопје се враќа со својата 29-та сезона во полн сјај, подготвен да ја редефинира модната сцена. Под мотото „Fashion Forever“, од 25 до 28 октомври, Културниот Центар Лабораториум во Скопје ќе биде домаќин на најзначајниот моден настан во регионот, кој ќе ја истакне бескрајната моќ на модата како културна и економска сила. Ова […]

„Сансет Булевар“ на Бродвеј го собра Холивуд- Никол Шерцингер со одлични критики


Њујорк– Беше ѕвездена ноќ на Бродвеј додека славните излегоа во Њујорк на премиератана Sunset Boulevard. Храброто оживување на класичниот мјузикл на режисерот Џејми Лојд – стилизирано овојпат како Sunset Blvd. — го имаше својот официјален почеток во театарот Сент Џејмс во неделата. 20 октомври, со шоуто и неговата ѕвезда Никол Шерцингер заработуваат одлични критики. Адаптиран […]

Мики Манојловиќ му ја врачи на Столе Попов наградата за промоција на балканската кинематографија во светот


На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на […]

Ретроспективна изложба на Ибрахим Беди во Чифте амам на 28 октомври


Националната галерија на програмскиот календар го забележа понеделник, 28 октомври 2024 – ден за отворање на ретроспективната изложба на Ибрахим Беди. На изложбата во Чифте амам, со почеток во 20 ч, па се до 21 ноември 2024 ќе бидат изложени дела од сите творешки опуси и фази на Беди Ибрахим, од 80те години на минатиот век до […]

И натаму стабилно време со ниски утрински температури


 Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нулата, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.

Гала француска филмска вечер со „Нешто малку поинакво“ во Синеплекс


По повод својата 50-годишнина, Францускиот институт во Скопје и Трговскиот центар Скопје организираат трета по ред гала француска филмска вечер под слоганот „Најдоброто од Франција”!, во Синеплекс, на 30 октомври, во 20 часот.  Присуството е со покана.  Проекција на најуспешниот филм во последните 10 години, за кој во Франција до сега се продадени 10 милиони […]

Џејн Фонда добитник на наградата SAG за животно дело


Screen Actors Guild (SAG) ќе и доделат награда за животно дело на американската актерка Џејн Фонда (86) на церемонија во февруари следната година, објавија организаторите. Како реакција на веста за оваа чест, Фонда рече во изјавата за печатот: „Длабоко сум почестена и понизна што сум овогодинешниот добитник на наградата SAG за животно дело. Работам во […]