Скопје ќе добие нова комунална опрема и електрични автобуси, најави Мицкоски


По голготата што ја проживуваат Скопјани со ѓубрето кое се собира еднаш месечно во населбите, и со застарениот градски превоз кој ниеднаш не е исчистен во внатрешноста на автобусите, премиерот Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека Владата ќе продолжи со поддршка на развојните проекти во Скопје, најавувајќи дека до крајот на годината главниот град ќе […]

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година


Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.  -Пред седум […]

Мицкоски: призна: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит


Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско […]

Грчката планина Олимп впишана во Списокот на светското наследство на УНЕСКО


Атина – Поширокиот регион на највисоката грчка планина Олимп, од денеска е дел од Списокот на светско наследство на УНЕСКО по едногласна одлука на надлежниот Комитет донесена на 48-та сесија што се одржува во Јужна Кореја, соопштија Министерствата за култура и животна средина и за енергетика на Грција. Според нив, одлуката е „едно од најзначајните […]

Југославија имаше свој Одисеј – Беким Фехмиу


Деновиве многу се зборува за најновиот филм на Нолан – Одисеја, но ретко кој памети дека многу критичари ја сметаат серијата од 1968 година, во која главниот лик го толкуваше Беким Фехмиу, за најверна адаптација на Хомеровиот еп. Преведена и како „Авантурите на Одисеј“, мини-серијата од осум епизоди заснована на Хомеровата Одисеја, првпат емитувана на […]

Пожар избувна во парк шумата Гази Баба – Скопската пожарна на терен


Гори парк-шумата во скопската општина Гази Баба. Чадот се забележува од повеќе места во Скопје. Огнот е многу блиску до населеното место. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопштија дека екипи на Скопската пожарна се на терен.          

СДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје – денес имаме разурната Македонија


  Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје – денес имаме разурната цела Македонија, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Правејќи паралела со катастрофалниот земјотрес од 1963 година, од СДСМ посочуваат дека тоа било природна катастрофа, а денес, како што велат во објавата од опозициската партија, државата се соочува со системска непогода. […]

Oблачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува утре


Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час.  Метеоролозите најавуваат дека […]

Сатурн е во ретроградна положба: Овие знаци ги следат најголемите животни лекции


Ретроградната положба на Сатурн често се опишува како период во кој надворешниот напредок се забавува за да се направи простор за внатрешен раст. Наместо брзи промени и лесни решенија, акцентот е на преиспитување на одлуките, преземање одговорност и завршување на лекциите што се одложени долго време. Иако сите знаци ќе го почувствуваат неговото влијание, астролозите […]

Трет дрон соборен во романскиот воздушен простор, Букурешт ќе поднесе дипломатски протест до Москва


Букурешт – Романските воздухопловни сили собориле уште еден дрон што неавторизирано навлегол во воздушниот простор на Романија, соопшти денеска Министерството за национална одбрана. Станува збор за трет таков случај во последните три дена. Дронот бил соборен во 10:13 часот од борбен авион „Ф-16“ над романските територијални води на Црното Море, на околу 12 километри североисточно од […]

МНТ ја отвара новата сезона со премиера на „Три сестри“ по година на награди и меѓународни гостувања


Македонскиот народен театар ја заокружи сезоната 2025/2026 со нови премиери, значајни награди и бројни меѓународни гостувања и ја одбележа 80 годишнината на театарот   Воедно и ја најавува новата сезона со премиера на претставата „Три сестри“   Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиерата на претставата „Три сестри“, според драмата на […]

63 години по скопскиот земјотрес – се сеќаваме со безвременските песни на Драган Мијалковски


Македонската метропола вечерва оддава почит на својата најтешка историска рана, одбележувајќи шеесет и три години од катастрофалниот земјотрес кој засекогаш го промени ликот и судбината на градот. По тој повод, легендарниот пејач Драган Мијалковски ќе одржи целовечерен концерт под наслов „Скопје радост моја“, сместен кај познатата фонтана „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, во 21 часот. […]

„Одисеја“ на Нолан испишува историја, надминувајќи еден од неговите најголеми хитови


Новиот филм на Кристофер Нолан „Одисејата“, адаптација на античкиот грчки еп, продолжува да се пласира добро на кино благајните во вториот викенд. Оригиналната приказна, која му се припишува на Хомер, датира од 8 век п.н.е., а нејзината модерна верзија со ѕвездена екипа привлекува публика во кината, пишува ScreenRant. Рекорден втор викенд Заработката на филмот во […]

Левица: ДПМНЕ утре ќе го гласа ребалансот со кој секој десетти денар е позајмен


Утре, на собраниската седница, власта ќе побара од пратениците да го изгласаат ребалансот на Буџетот за 2026 година – документ со кој расходите се искачуваат на 425,2 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит расте од 39,2 на 46,1 милијарда денари, односно на 4,1% од БДП. За покривање на дефицитот и отплата на обврските се предвидуваат 76,4 […]

Огромни пожари во Франција и Шпанија. Бордо размислува за целосна евакуација на градот


  Големи пожари продолжуваат да се шират во Шпанија и Франција, а властите предупредуваат дека ситуацијата останува многу сериозна. Едно лице загина во пожар, кој сега е под контрола, во близина на Валенсија во источна Шпанија. Во Шпанија, најкритичните области се Мадрид, Авила и Толедо, каде што пожарите сè уште не се под контрола и […]

Трагедија во Русија. Загинаа пет планинари од Босна и Херцеговина


Пет планинари од Босна и Херцеговина загинаа на планината Елбрус во Русија. Според информациите објавени од рускиот портал Лента, кои потекнуваат од Телеграм каналот SHOT, само двајца членови на експедицијата ги преживеале исклучително тешките услови на планината, пишува N1 БиХ. Истражниот комитет на Руската Федерација за Кабардино-Балкарија објави дека е започната истрага. Според нивното соопштение, […]

Си-ен-ен: Трамп ги запира нападите врз Иран по предупредувањето од војската


Вашингтон – Потпретседателот Џ.Д. Венс и началникот на Здружениот штаб на воорупредупредувањето од војскатажените сили, Ден Кејн, предупредија за можноста за ескалација на војната со Иран за време на состанокот со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа во петокот. Во исто време, САД се чини дека привремено ја запреа својата кампања за бомбардирање во Иран […]

Санкциите на ЕУ кон Русија ги приземјија најдобрите шпански хеликоптери за гаснење пожари


Мадрид – Шпанија влезе во сезоната на шумски пожари со висок ризик со значително ослабени воздухопловни сили. Владата повеќе не може да смета на хеликоптерите Камов Ка-32 11BC, кои со децении се користат за заштита на шумите. Нивното приземјување не е резултат на финансиски кратења, туку директна последица од санкциите што Европската Унија ги воведе […]

Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија


Во Македонија денеска ќе се одржи спортско-авантуристичкиот предизвик „24h Адреналин“, во рамки на кој двајца учесници ќе се обидат во рок од 24 часа да поврзат девет различни активности низ воздух, земја и вода, соопштија организаторите. Според најавата, предизвикот ќе почне со изгрејсонце на аеродромот Стенковец, а ќе заврши доцна навечер на брегот на Охридското […]

На ГП „Богородица“ се чека околу 30 минути за излез од државата


На граничниот премин (ГП) „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на […]