Шок во Холивуд: На 36 години почина актерката Хејден Панетиер
Лос Анџелес – Холивуд е во шок по ненадејната смрт на актерката Хејде Пенетиер на само 36 години. Смртта на младата актерка ја потврди нејзиниот претставник за медиумите. Нема детали за причината за смртта.
„Со длабока тага ја споделуваме трагичната смрт на нашата сакана Хејден. Таа беше неверојатна светлина и сила на природата која донесе неизмерна љубов и радост на сите што ја познаваа – и на милионите што ја гледаа на екранот“, рекол нејзиниот татко, Скип Панетиер, во соопштението.
Нејзиниот татко побара приватност „додека нашето семејство одвојува време да ја обработи оваа незамислива загуба“.
Ти-ем-зет повикувајќи се на извори блиски до актерката, објави декаХејден Панетиер починала во вчера, 16 август.
Почнувајќи како детска ѕвезда, со долга кариера и во телевизија и во филм, Панетиер е запаметена по нејзините улоги како Клер Бенет во хит серијата „Херои“ и како Џулиет Барнс во музичката драма „Нешвил“.
Таа исто така глумеше во „Сеќавања на титаните“, „Растење на Хелен“, „Ледена принцеза“ и „Врисок 4“.
Актерката беше свршена со шампионот во бокс, Владимир Кличко, со кого во 2014 година ја доби ќерката Каја.
Во интервјуто за „Добро утро Америка“ во 2022 година, Панетиер отворено зборуваше за борбата со алкохолизмот и постпарталната депресија.
„Не знаев каде завршува алкохолизмот, а каде започнува постпарталната депресија. И бев многу изнемоштена“, рече Панетиер.
Нејзиниот брат, Џансен Панетиер, почина ненадејно во февруари 2023 година од кардиомегалија (зголемено срце) заедно со компликации со аортна валвула, соопшти неговото семејство во тогашна изјава. Тој имаше 28 години.
Хејден Панетиер отворено зборуваше за својата тага, велејќи во интервју за „Пипл“ две години по неговата смрт: „Срцето секогаш ќе ми биде скршено поради тоа. Никогаш нема да можам да го преболам тоа. Без разлика колку години ќе поминат, никогаш нема да ја преболам неговата загуба“.