Дали Хејден Панетиер се предозирала? Се истражува повикот до Итна помош 


Американската актерка Хајден Панетиер е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Јужна Каролина. Имала 36 години. Аудио снимка од итниот повик укажува на предозирање.

Итна помош била повикана кај жена која имала срцев удар во неделата. Полициски извори потврдија за TMZ дека пријател на актерката се јавил на 911 во 13:51 часот. Болничарите се обиделе да ја реанимираат Панетиер со напредна постапки за одржување во жовот и масажа на срцето , но не успеале. Таа била прогласена за мртва во 14:32 часот.

Полицијата не се сомнева во нечесна игра
Според првичните информации, немало знаци на насилство на телото, а полицијата му кажала на TMZ дека не ги сметаат околностите на нејзината смрт за сомнителни. Сè уште не е познато дали нејзиното момче, Брајан Хикерсон, со кого имала турбулентна врска многу години, ја повикало брзата помош. Хикерсон, кој претходно признал дека ја злоставувал, отпатувал со Панетиер од Лос Анџелес до Јужна Каролина еден ден претходно, во саботата.

Резултатите од обдукцијата се очекуваат
Точната причина за смртта ќе биде позната по обдукцијата, која ќе ја изврши мртовечникот од округот Гринвил во понеделник, објави TMZ. Портпаролот на актерката сè уште не дал изјава за медиумите. Нејзиниот татко, Скип Панетиер, ја потврди веста за Page Six.

„Таа беше неверојатна светлина и огромна енергија која донесе љубов и радост на сите што ја познаваа, како и на милионите што ја гледаа на екранот. Ве молиме за приватност додека ние како семејство се справуваме со оваа незамислива загуба“, рече тој.