Во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија измерени 41 степен, за утре се најавува температура до 42 степен


Највисока температура од 41 степен денеска се иземерени во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Демир Капија, додека 40 степени се измерени на Зајчев Рид во Скопје и во Гевгелија. Како што информираат од УХМР, 39 степени се измерени во Битола, Штип и Струмица, 38 во Тетово и во Виница, 37 во Прилеп, 36 во Крива Паланка, […]

Велешанец влечел државен „пинцгауер“ на регионален пат, предизвикал сообраќајка со тројца повредени


Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Штип-Велес синоќа околу 23 часот, а во несреќата учествувало и лице кое со „бмв“ влечело државен „пинцгауер“ во дефект, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што се наведува во информацијата од МВР, во сообраќајката учествувале патничко возило „тојота“ со велешки регистарски […]

Организаторите на концертот на Ганс ен роузес ќе им ги вратат парите на посетителите заробени во токени


Додека музичкиот дел од концертот на американските рок легенди Ган ен роузес во Белград на 19 јули протече на големо задоволство на публиката, логистичките проблеми на многумина им го поматија добриот впечаток. Концертот првобитно беше најавен како „безготовински“ (cashless), односно како место каде што организаторот има монопол врз сите финансиски трансакции. За посетителите да може […]

Вработени во подрачна единица на АХВ привремено се селат од зградата на МТВ


Вработени во подрачната единица Скопје на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од денеска привремено се иселени од зградата на Македонската радио телевизија (МРТВ) каде до скоро имаше проблем со снабдувањето со вода во горните спратови, потврдуваат во АХВ. „Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува граѓаните и компаниите дека инспекциската служба и архивата на АХВ, […]

Израелскиот премиер на инфузија и одмор поради труење со храна


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се опоравува од труење со храна, соопшти неговиот кабинет вчера, додавајќи дека тој ќе ги продолжи своите должности од дома во наредните три дена. „Премиерот се разболе во текот на ноќта и беше дијагностициран со воспаление на цревата и дехидрација. Прима инфузиона терапија,“ се наведува во соопштението. Лекарите препорачале Нетанјаху да […]

ИЈЗ: Не чекајте да ожеднете за да пиете вода


Во летно време, пиењето на вода треба да е континуиран процес, не треба да се чека ожеднување или момент на влошување на здравствена состојба за да се внесе вода. Соодветен внес на вода во телото за возрасни со просечна тежина од околу 70 килограми е околу 2 литри, препорачуваат лекарите во Институтот за јавно здравје […]

Елен Деџенерис потврди дека се преселила во Англија поради Трамп: „Сè тука е едноставно подобро“


Елен Деџенерис потврди дека таа и нејзината сопруга Порша де Роси се преселиле во Велика Британија поради Доналд Трамп. За време на настанот во театарот „Евримен“ во Челтнам, Англија, во неделата, Деџенерис му рече на водителот Ричард Бејкон дека изборот на Трамп во јануари го поттикнал нивното трајно преселување во Котсволдс. „Дојдовме тука денот пред […]

Теракотните икони од Виничкото Кале „наполнија“ 40 години од пронаоѓањето


Овој месец теракотните икони од Виница „наполнија“ 40 години откако се откриени на Виничкото Кале. Во месец јули 1985 Музејот на Македонија ги прави првите заштитни археолошки ископувања на Калето над Виница. На простор од 25 м2  откриени се 22 цели и повеќе фрагментирани икони. Раководител на истражувањата е д-р Коста Балабанов, а дел од […]

Магична вечер на „Охридско лето“ со „Либертанго“ на Пјацола


Магична и незаборавна вечер синоќа во преубавиот амбиент на предворјето на „Св. Софија“, приреди ФАМЕ’С Европскиот оркестарски изведувачки институт, предводен од брилијантната Русанда Панфили од Молдавија. Со музиката на Астор Пјацола концертот насловен како „Либертанго“ ја раскажа животната приказна на овој композитор. Со многу страст и префинетост виолинистката Панфили ја пренесе енергијата кон публиката која […]

Ѓоковиќ, Синер, Алкараз и Дрејпер се откажаа од турнирот во Торонто


Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ принудно се откажаа од турнирот “National Bank Open” во Торонто, поради повредите со кои се здобија за време на Вимблдон. Двајцата тенисери изјавија дека мора да си дадат време за заздравување од ситните повреди, но ќе се вратат на време на терените за турнирот во Синсинати. Британецот Џек Дрејпер исто […]

Директорот љубовџија кој го фати камерата на концертот на Колдплеј си поднесе оставка


Американската технолошка компанија Астрономер објави дека нејзиниот извршен директор поднел оставка откако беше снимен на концерт на Колдплеј како прегрнува колешка, а видеото потоа стана вирално. Астрономер во соопштението наведува дека извршниот директор Енди Бајрон поднел оставка и дека одборот на директори ја прифатил. Снимка од концерт на Колдплеј стана вирална откако маж и жена […]

„Берлин, градот што не го засакав на прва“ – наградената дебитантска книга од Енис Хилми промовирана во Охрид


Пред многубројна домашна публика и гости, викендов, во Охрид беше промовирана збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“, на Енис Хилми, добитник на наградата „Новите“ од издавачката куќа Темплум, за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година. „Книгата оддишува со шарм, но и со духовност, што е навистина редок зачин во нашата […]

Долната облека на Сидни Свини ги скара Безос и Санчез? 


Лорен Санчез наводно не била свесна дека Џеф Безос го поддржува претстојниот бизнис со долна облека на Сидни Свини. Претходно објавените извештаи открија дека актерката се подготвува да го лансира својот нов потфат со помош на основачот на Амазон. Сепак, се чини дека неговата сопруга не е сосема смирена со тоа и го смета за […]

Погачар победи на 13 етапа на Тур Де Франс


Париз – Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар ја освои денешната 13. етапа од велосипедската трка Тур де Франс и со тоа ја зголеми својата предност во генералниот пласман. Погачар, кој настапува за тимот „Емирејтс“, ја заврши етапата на индивидуален хронометар од 10,9 километри, која се возеше од Луданвел до Перагид, за 23 минути. Второто место го освои […]

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје


Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата, којшто заседавал денеска. За кандидат за градоначалник на Скопје ја најави потпретседателката на СДСМ Каја Шукова. Ексминистерката за животна средина, значи, ќе биде противкандидатка на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, […]

Трамп сака Кока-Кола да го врати вистинскиот шеќер од трска во САД. Но, дали е навистина подобар од сирупот од пченка со висока содржина на фруктоза?


Во среда, претседателот Трамп се огласи на својата платформа за социјални медиуми Truth Social за да изнесе смело тврдење: дека компанијата Кока-Кола се согласила да користи само „ВИСТИНСКИ шеќер од трска во Кока-Кола во САД“. Други земји, како што е Мексико, веќе користат шеќер од трска во нивната верзија на содата – но американската верзија […]

ЕП започна постапка за усвојување резолуција за Србија: Ќе разговараат за насилството врз демонстрантите


Европскиот парламент ја започна постапката за усвојување резолуција за Србија под наслов „Бранови на насилство и континуирана употреба на сила врз демонстрантите во Србија“, по иницијатива на повеќе политички групи од таа институција, пишува српскиот Н1. Темата на резолуцијата ќе биде разгледана на првата есенска седница на Европскиот парламент, закажана за 8 септември, се наведува на […]

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје


Основниот кривичен суд – Скопје денеска донесе пресуда за тројца од вкупно четворицата обвинети во случајот со посредување на девојки од Бразил за проституција во Скопје. На првообвинетата Де Јесус Невес Марлиене, државјанин на Бразил, Судот ѝ изрече казна затвор во времетраење од пет години и шест месеци, додека на третообвинетиот Сабедин Демири и четвртоосомничениот […]

Македонија со „умерена пренатрупаност“ во затворите, еве кој е лидерот во Европа


Пренатрупаноста на затворите останува главен предизвик за една третина од европските земји, при што бројот на затвореници на 100 расположливи места за една година се зголемил од 93,5 на 94,9, се наведува во извештајот „Годишна казнена статистика на Советот на Европа“ (СПАЦЕ) објавен денеска.  Во него се посочува дека во однос на состојбата во затворите, […]

Скопјанец возел на патот Охрид-Кичево со 3,15 промили алкохол во крва


На патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево денеска околу 14 часот  го лишиле од слобода Б.К.(48) од Скопје кој со 3,15 промили алкохол во крвта управувал патничко моторно возило „тојота” со скопски регистарски ознаки, информира Министерството за внатрешни работи.  По претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по […]