Отпочнуваат градежните работи на обиколницата Крива Паланка, воведен времен режим на сообраќај


ГД „Гранит“ АД Скопје информира дека од денеска започнува со градежни активности кои се однесуваат на Рехабилитација на државен пат А2, обиколница Крива Паланка, поради што се воведува времен режим на сообраќај. Како што соопштуваат од градежната компанија, согласно издадено Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Министрество за транспорт со број 11–уп–4755/2 […]

Град Скопје организира Јавна дискусија за новиот ГУП за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров


Во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година, Град Скопје денеска организира Јавна дискусија за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров, а со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Од Градот информираат дека јавната дискусија ќе се одржи со почеток во 9 часот […]

На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија


Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не во целост, ќе се полагаат на 12 и на 14 август.  Во вторник (12 август) ќе биде тестирањето по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а два дена подоцна (14 август) е полагањето […]

Шпанска вечер на „Охридско лето“ со харфистот Гзавије Де Местр и Луцеро Тена на кастањети


Во рамки на Шпанската вечер на „Охридско лето“ вљубениците во класичната музике вечерва ќе можат да го проследат концертот на францускиот харфист Гзавије Де Местр и Луцеро Тена на кастањети. Гзавије де Местр е еден од водечките харфисти на денешницата и исклучително надарен и креативен музичар. Како виртуоз на харфата придонесува кон збогатување на репертоарот […]

Без вода корисниците од дел од булеварот „Партизански Одреди“, на потегот од поликлиника „Букурешт“


Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување […]

Сончево и многу топло време цела седмица


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 11 август 2025 година, 223-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 142 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 38 минути, а ќе зајде во 19 часот и 40 минути. Денов трае 14 часа и 2 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее, […]

Земјотрес од 6,1 степен регистриран во западна Турција


Истанбул – Земјотрес со интензитет од 6,1 степени ја погоди западна Турција, соопшти турската агенција за управување со катастрофи, а локалните медиуми објавија дека потресот бил почувствуван во неколку области во државата. Агенцијата за управување со катастрофи соопшти дека земјотресот се случил околу 19:53 часот по локално време во провинцијата Баликесир, во близина на најголемиот […]

Пожар изби на Јасен, тешко се гаси оти гори шума на тешко пристапен терен


Вчера попладне изби шумски пожар на територијата на ЈП ловиште Јасен околу неколку километри после капијата за влез од скопската страна (т.н. „капија Кула”), информираат во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На местото на пожарот биле вработените од Јасен кои гаселе од земја на исклучително тежок терен. „Пожарот го гасеа и два ер трактори […]

Четири пациенти со тешки телесни повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка на улиците во Тетово


етири пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во Тетово. Како што соопшти Министерството за здравство на КАРИЛ е примен 32-годишен пациент со прострелна рана во предел на граден кош, тешка телесна повреда. На Детска хирургија е примено 12-годишно дете со прострелна рана во […]

Почина пациентка во тетовската болница, МЗ праќа инспекција


Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка во Инфективното одделение во Општата болница во Тетово. -Јавноста ќе биде навремено известена по завршувањето на постапката за утврдување на фактичката состојба. Министерството за здравство останува посветено на транспарентноста, одговорноста и обезбедување на квалитетна здравствена […]

Претставата „Ноќта кога ја убив месечината“ изведена на Големо Езеро на Пелистер


 ЈУ Национален парк „Пелистер“, НУ Народен театар-Битола и НУ Камерен оркестар на Битола, синоќа на Големо Езеро, под врвот Пелистер, ја изведоа претставата „Ноќта кога ја убив месечината“. Претставата во која настапија актерите Марјан Ѓоргиевски и Александар Копања претставува атрактивна понуда на националните установи кои одлучија на полна месечина и на надоморска висина од 2218 […]

Фестивалот „Преку езерото“ во Дојран отворен со врачување на наградата „Мето Јовановски“ на актерот Лазар Ристовски


Во амфитеатарот во Дојран синоќа свечено беше отворен четвртиот Фестивал на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ и на српскиот актер Лазар Ристовски му беше врачена наградата „Мето Јовановски“ за високо достигнување во уметноста на филмот. Како што информира организаторот на фестивалот, во преполниот амфитеатар беше прикажан филмот „Кога летото ќе заврши“ на Данис Тановиќ, […]

Светски познатиот виртуоз на пијано Плетњов одржа концерт за паметење на Охридско лето


Музичката програма на „Охридско лето“ синоќа продолжи со солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов. Во катедралната црква „Света Софија“ пред бројната публика Плетњов изведе избрани дела на Бах, Шуман и Григ. Неговото маестрално музицирање, брилјантната техника и нагласениот музички сенс беа наградени со долготраен аплауз и стоечки овации. Плетњов на годинешново […]

Во Охрид одржана церемонија во чест на Светлана Мојсов, годинешна добитничка на Светската награда на хуманизмот


На големиот празник посветен на Свети Климент Охридски кој бил основач на средновековната школа по хуманизам , денеска напладне во куќата на Уранија на МАНУ беше врачена наградата за хуманизам за 2025 на Светлана Мојсов, а ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Мојсов не присуствуваше на денешната церемонија на која требаше да и биде врачена […]

Четворица астронаути се вратија на Земјата по пет месеци поминати на Меѓународната вселенска станица


Лос Анџелес – Екипаж од двајца американски, еден руски и еден јапонски астронаут денеска се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица, каде поминаа пет месеци. Слетувањето на капсулата „Драгон“ на компанијата „Спејс Икс“ успешно е извршено во близина на Калифорнија, покажуваат видеа емитувани од вселенската компанија. Американките Ен Меклејн и Никол Ајерс, Русинот Кирил […]

ДИК го утврди упатството за утврдување на цените за платено политичко рекламирање во медиумите за локалните избори


Државната изборна комисија (ДИК) го утврди упатството за начинот и постапката на утврдување на просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали кои не учествувале на последните пет изборни циклуси.  Радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали се должни во рок од пет […]

Макрон повтори дека иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците


Париз – Иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците, повтори денеска францускиот претседател Емануел Макрон, кој разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на средбата меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска на 15 август, чија цел е да се стави крај на војната во […]

Ема Томпсон вели дека Доналд Трамп ја поканил на состанок: „Можев да го сменам текот на американската историја!“


Доналд Трамп ја поканил Ема Томпсон на состанок, откри актерката добитник на Оскар на Филмскиот фестивал во Локарно. „Телефон заѕвони во мојата приколка и тоа беше Доналд Трамп. Мислев дека е шега. „Здраво, тука е Доналд Трамп“, откри Томпсон. „Реков: „Како можам да ви помогнам?“ Мислев дека му требаат насоки. Тој рече: „Би сакал да […]

За Путин има распишана потерница. Зошто Американците нема да го уапсат?


Кога рускиот претседател Владимир Путин ќе отпатува во Алјаска следната недела за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, тој ќе може да го стори тоа без страв од апсење. Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин во 2023 година, но ниту Русија ниту САД не се потписници на Римскиот статут, […]