Дел од општина Карпош утре без вода


Од РЦУК Скопје информираат дека од ЈП Водовод и Канализација добиле известување дека на ден 14.08.2025 ( четврток) – поради дефект на затворач на ул. Никола Русински бб,односно објектот на АД Пошта на РСМ, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот […]

Скопскиот џез фестивал го објави постерот за годинешното издание чиј автор е Ѓорѓе Јовановиќ


Визуелниот идентитет на годинешното издание на Скопскиот џез фестивал ќе биде постер изработен од уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, кој, како што објави самиот на социјалните мрежи, со овој фестивал има повеќедецениска лична врска. „Започнав да одам на концертите на Скопскиот џез фестивал во 1996 година, додека сè уште бев средношколец. Овој фестивал длабоко го обликуваше мојот […]

Европската вселенска агенција го лансираше првиот сателит од новата генерација за метеоролошко следење


Европската вселенска агенција (ЕСА) и Европската организација за експлоатација на метеоролошки сателити (ЕУМЕТСАТ) успешно го лансираа сателитот MetOp-SG-A1, првиот од новата генерација метеоролошки сателити за поларна орбита. Лансирањето беше извршено на 13 август 2025 година, во 02:37 часот по средноевропско време, со ракета Ariane 6 од европската вселенска база во Куро, Француска Гвајана. Неколку часа […]

Џенифер Анистон се врати на насловната страница на „Венити Фер“ по 20 години


  Промената е во воздухот во седиштето на Vanity Fair. Уште во април, беше објавено дека Радика Џонс ќе се повлече од функцијата главен уредник, по 7-годишен мандат. Во јуни, Condé Nast објави дека Марк Гвидучи (поранешен член на Vogue) ќе стане првиот глобален уреднички директор на списанието, наследувајќи го Џонс на главната позиција. Изданието […]

Актерот кој Марлон Брандо го сметаше за најголем на сите времиња


Малку холивудски ѕвезди можат да се споредат со наследството на Марлон Брандо, гигантот на американскиот филм, кој од многумина се смета за најголем актер на сите времиња, пишува списанието Far Out. Додека имиња како Даниел Деј-Луис, Хоакин Феникс и Филип Сејмур Хофман често се споменуваат во ист контекст, огромниот број моќни улоги на Брандо, заедно […]

Љутков за Милка Ефтимова: Беше вистински амбасадор на македонската оперска уметност


На 89-годишна возраст почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот. Министерот за култура и туризам упати телеграма со сочувство до семејството на Милка Ефтимова. „Милка Ефтимова беше вистински амбасадор на македонската оперска уметност, пример за врвен професионализам и неисцрпна инспирација за многу генерации млади […]

Сто странски гости потврдени на 16. „Македокс“, 75 документарци ќе може да се видат на пет фестивалски локации


 Сто странски гости се потврдени на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, чие 16. издание ќе се одржи од 21 до 28 август. Во тој период, ќе може да се погледнат 75 документарни остварувања на пет фестивалски локации, информираа на денешната прес-конференција во Скопје, извршниот директор на фестивалот – Дарко Набаков, програмскиот координатор – Петрула […]

На 89 години почина Милка Ефтимова, примадона на сцената, примадона во животот


Утрово во Скопје почина Милка Ефтимова, оперска примадона која настапувала во повеќе од 20 земји во светот. Имаше 89 години. Алт и мецосопран певица, доајен на Македонската опера и редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Ја паметиме по прекрасната улога на Кармен, која ѝ донесе и регионална слава и по прекрасниот глас […]

Украина добива заем од 500 милиони евра од ЕБРД за итни набавки на гас


Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе ѝ додели заем од 500 милиони евра на украинската државна гасна компанија Нафтогас (NAK) за финансирање итни набавки на гас, со цел зајакнување на енергетската безбедност на земјата, која оваа година е сериозно нарушена од повторените насочени руски напади. Ова е најголемиот единечен заем што Банката го […]

Три искуства што не треба да се пропуштат кога се патува во црноморскиот регион на Турција


Турција нуди разновидна туристичка понуда и не е позната само по дестинациите со песочни плажи. Алтернатива на типичните летни одмори, е црноморскиот регион, карактеристичен по својот свеж воздух и смарагдни ридови. Традиционалните дрвени куќи изградени на ветровитите висорамнини, кои всушност ги користело локалното население во топлите месеци, им нудат на туристите автентичен престој во природа. […]

На Ќафасан откриена пастрмка скриена во автомобил – во 2025 спречен шверц на вкупно 4 тони храна


 Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук. Последен случај е откриен деновиве на граничен премин Ќафасан, кога државјанин на Албанија се обидел нелегално да внесе 21 килограм свежа пастрмка скриена […]

Исплатена нова транша кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните компании


Министерството за финансии исплати нова петта транша во износ од 700,9 милиони денари или 11,3 милиони евра кон Развојната банка, средства кои се наменети за поддршка на домашните компании. Средствата, како што се наведува во соопштението на МФ, се трансферирани од Буџетот врз основа на доставено барање од Развојната банка, а по одобрување на проектите […]

Трамп гради „Златна купола“, ракетен систем каков што светот никогаш не го видел


  ПЕНТАГОН им презентираше планови на американските изведувачи на одбраната за нов систем за ракетна одбрана наречен „Златна купола“, кој би имал четири слоја на заштита – еден вселенски и три копнени – со 11 батерии со краток дострел распоредени низ континенталните САД, Алјаска и Хаваи. Според Ројтерс, проектот е без преседан по својата сложеност, […]

„Турски метод“ за поефикасно перење на пешкирите


 Иако луѓето внимателно го дозираат детергентот, користат омекнувач за алишта и ги следат сите совети за сушење, пешкирите често остануваат груби, тврди и брзо ја губат својата впивливост… Познавачите, сепак, тврдат дека постои начин да се избегне ова – и сè што треба се три лажици сода бикарбона. Се работи за доста познатиот нов „турски […]

Дубровник најбезбеден туристички град во Европа


Дубровник – Според ново истражување на туристичката агенција „Ривиера травел“ (Riviera Travel), Дубровник е најбезбедниот град во Европа. Иако фактори како што се активностите, времето и буџетот обично го обликуваат изборот за одмор, и безбедноста е клучен фактор при резервација на следната дестинација. Во таа смисла, градови како Дубровник (Хрватска) и Талин (Естонија), на пр., успеале да […]

Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода во Вардар за да гасне пожар


Уапсен е скопјанец кој вчера фрлал камења на полициски хеликоптер што полнел вода за да гасне пожар. Министерството за внатрешни работи информира дека вчера би уапсен И.А. (55) од Скопје кој ќе добие кривична пријава заради загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Тој минатата недела, додека полициски хеликоптер приоѓал кон вливот на реката Лепенец во […]

„Мали проблематични девојки“ на Уршка Ѓукиќ е најдобар медитерански филм на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран


Синоќа со прогласување на добитниците на наградите, заврши 4. издание на фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“. Беа прогласени победниците и беше доделена големата награда за најдобар филм на медитеранот, најдобариот режисер на медитеранот, најдобра актерка и најдобар актер на медитеранот, најдобар композитор на оригинална филмска музика на медитеранот, и наградата за најдобар […]

Пожари беснеат низ Европа, силни ветрови го отежнуваат гасењето


Подгорица – Еден војник загина, а друг беше повреден кога цистерна за вода се преврте во близина на Куча, Црна Гора. Двајцата беа вклучени во гаснењето пожари во регионот. Голем број пожари се уште се активни во Црна Гора. Шумските пожари ги зафатија и другите земји во Европа, среде уште еден топлотен бран. Во областа Пипери, […]

МЗ: Уште една трансплантација на органи од починат донор е извршена на 9 август


Уште една трансплантација на органи од починат донор е извршена на 9 август. Трансплантираните пациенти се во добра општа состојба и под постојан медицински надзор и нега, соопшти Министерството за здравство. Во процесот на трансплантација, како што стои во соопштението од Министерството објавено по повод 13 август, Светски ден на органодонорство, биле вклучени повеќе екипи […]

Одбојкарите вечерва во Атина ќе ги измерат силите со Грција


Атмосферата како и секогаш е позитивна, мотивираноста на ниво, играчите подготвени, пред сè да го дадат својот максимум, вели за МИА селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Јошко Миленковски пред денешниот натпревар со Грција во Атина во квалификациите за Европското првенство 2026, додека пак капитенот Никола Ѓорѓиев посочува дека пред сè очекуваат добра игра. Машката одбојкарска […]