Поетите го менувале и сѐ уште можат да го менуваат светот: Сиљановска-Давкова ги отвори 64-те Струшки вечери на поезијата


Поетите го менувале и сѐ уште можат да го менуваат светот, градејќи вечни поетски мостови од неуништливи материјали: мислата и зборот, проткаени со ум и чувства, заклучи вечерва претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, прогласувајќи ги за отворени 64-те Струшки вечери на поезијата. Во обраќањето на манифестацијата, чиј годинашен покровител е, пред поетите, но и бројните критичари, преведувачи, […]

Трамп ликува: Судот ја отфрли казната од половина милијарда долари во случај на измама


ВО ТРИУМФАНТСКА победа за Доналд Трамп, апелациониот суд на државата Њујорк во четвртокот отфрли казна од речиси половина милијарда долари против американскиот претседател во случај на измама, што беше еден од неговите најголеми правни неуспеси пред да се врати во Белата куќа. Пораз за Летиша Џејмс Одлуката на Апелациониот суд на Менхетен е пораз за […]

Последен поздрав за великиот поет и пријател, Сретен Перовиќ


На 17 август, на деведесет и тригодишна возраст, почина Сретен Перовиќ, великиот црногорски поет и пријател на Македонија. Долги години тој беше во контакт со нашата книжевна и, воопшто, со нашата културна средина, секогаш присутен на големите книжевни манифестации кај нас – на Струшките вечери на поезијата, на Рациновите средби и, исто така, како претседател […]

Мили Боби Браун и Џејк Бонџови посвоија девојче


Актерката Мили Боби Браун (21) денес објави дека го добила своето прво дете со сопругот Џејк Бонџови (23), син на музичарот Џон Бон Џови. Ѕвездата од „Stranger Things“ напиша на Инстаграм дека посвоиле девојче ова лето. „Го посвоивме нашето слатко девојче ова лето. Многу сме возбудени што ќе го започнеме ова прекрасно следно поглавје од […]

Нашите „мали јазици“ прават значајни дела и потребно е светот да ги слушне, рече венценосецот на СВП Иван Штрпка


Македонија е држава што знае да ги почитува вистинските вредности и задоволство ми е што денес сум присутен меѓу вас. Словачкиот и македонскиот јазик потекнуваат од иста база, а „малите јазици“ прават вакви значајни дела и потребно е светот да ги слушне и дознае за нив, истакна денеска на прес-конференција во Струга, лауреатот на СВП, […]

Одлуката на УНЕСКО за статусот на Охридскиот регион да се сфати како обврска, а не како одложување, вели Љутков


Одлуката на Комитетот за светско наследствона УНЕСКО со која на Македонија и на Албанија и беше даден рок до идната година да преземе активности за одбрана на статусот на Охридскиот регион како светско културно и природно наследство, не смее да се сфати како одложување туку како обврска за забрзана акција. Тоа денеска од Охрид го […]

СЗО: Телесното казнување на децата носи повеќекратни ризици за нивното физичко и ментално здравје


Лондон – Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи физичкото казнување за глобален проблем на јавното здравје што предизвикува сериозна штета на физичката и менталната благосостојба на децата и може да доведе до криминално однесување во зрелоста. Во новиот извештај на СЗО се наведува дека децата кои во 49 земји со ниски и средни приходи биле […]

Пиволенд од вечерва во Паркот на Франкофонијата во Скопје со домашни изведувачи


Вечерва (21 август) во Паркот на Франкофонијата во Скопје почнува 14-то издание на фестивалот Пиволенд кој ќе трае до 23 август. Најавени се повеќе од 30 брендови на домашни и странски пива и повеќе од 120 видови ќе бидат достапни за дегустација на манифестацијата. Музичката програма ќе започнува од 18 часот и ќе трае до […]

Со европската премиера на „Приказната на Електра“ спуштена завесата на јубилејното 65.„Охридско лето“


Бурни овации за европската премиера на „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски која вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“  го затвори 65. „Охридско лето“. Изведбата на претставата, не само што се истакна со својата оригинална интерпретација на оригиналот на Софокле, реализирана на квадратно платно, туку понуди и уникатно искуство […]

22 дела во вториот круг за наградата „Драги“ за 2025


  Тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“, во состав: д-р Анастасија Ѓурчинова (претседател), д-р Јана Михајловска и Иван Шопов на својот работен состанок одржан на 20 август 2025 (среда) во просториите на издавачката куќа „Антолог“ одлучи во првиот круг на селекција да влезат 22 изданија од 13 издавачки куќи, во превод на 23 преведувачи и од […]

Реј Винстон го прими Почесното срце на Сараево: Фестивалот ги зближува луѓето што се бореа да снимаат филмови, и затоа е уникатен


Актерот Реј Винстон, како признание за неговата извонредна актерска кариера и исклучителен придонес во кинематографијата, синоќа во Националниот театар Сараево го прими Почесното срце на Сараево. „Наградите се смешни работи. И некако најзборувани. А она што го прави ве тера да размислите за причините зошто. Го правам ова 50 години и ве тера да размислите […]

Жанета Вангели го актуализира прашањето за релевантноста на ликовниот говор: Ретроспективна изложба во Чифте амам


Ретроспективна изложба на Жанета Вангели ќе биде отворена, вечерва, во 20 часот, во „Чифте-амам“. Овој проект на Националната галерија на Македонија финансиски е поддржан од Министерството за култура и туризам. Кураторка на проектот е Маја Крстевска, а стручен соработник е Горанчо Ѓорѓиевски. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани, а […]

(Фото) „Балканкан“ се врати по 20 години под отворено небо: Дали нешто се сменило на Балканот?


Урбано Скопје синоќа се собра на специјална проекција под ѕвездено небо на „Rooftop Open Air Cinema“ во Скопје Сити Мол, во чест на јубилејот– 20 години од премиерата на култната македонска црна комедија „Балканкан“ во режија на Дарко Митревски. На настанот присуствуваше дел од филмската екипа, актерите Владо Јовановски, Ѕвезда Ангеловска, Ирена Ристиќ, Емил Рубен, ѕвездите од К15 – Васко Тодоров […]

СВП во чест на Иван Штрпка и Матеуш Шимчик, добитникот на „Браќа Миладиновци“ ќе се соопшти в сабота


64-тото издание на Меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата почнува денес, 21 август.  Фестивалот, кој ќе трае до 25 август, со учество на 70 поети од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, земјава и регионот, традиционално ќе започне со садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ […]

Што се крие зад винтиџ изгледот на Тејлор Свифт за новиот албум: Стилист од Вегас открива


За Тејлор Свифт, новиот албум повикува на нова модна ера. И за да го канализира сјајот и гламурот на танчерка од Лас Вегас за „The Life of a Showgirl,” таа и долгогодишниот стилист Џозеф Касел Фалконер се свртеа кон вистинска икона на шоубизнисот. Во неколку блескави фотографии за нејзиниот претстоен албум, Свифт позира во еден […]

Актерите од „Диџеј Ахмет“ на црвениот килим во Сараево: Голем успех на македонската кинематографија


„Диџеј Ахмет“, дебито на режисерот Ѓеорги М. Унковски, синоќа,  имаше регионална премиера во конкуренцијата за наградата Срцето на Сараево на 31. Сараевски филмски фестивал (15-22 август). На црвениот тепих на најпрестижниот филмски фестивал во регионот и пошироко, зачекори дел од екипата на филмот. Тие отпосле ставија и свои потписи на нивните портрети во фоајето на […]

Зошто локалитетот Скупи потона во заборав?


Потпишувањето на  Меморандумот на Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт за истражување, вчера, го врати од заборав римскиот град Скупи, едно од најзначајните археолошки места во Македонија, лоциран на падините на Зајчев Рид и оддалечен одвај пет километри од центарот на Скопје. Локалитетот, дотогаш запуштен, со густа вегетација, диви животни и отпад, […]

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја


НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата. Целта на потпишувањето на Меморандумот е  интензивирање на соработката помеѓу фестивалите, како и отворање простор за реализација на заеднички проекти и програми, размена на проекти, програми и искуства, како и зајакнување на културната соработка помеѓу земјите потписнички. […]

„Сиљан“: Тамара Котевска со приказна за штрковите во Венеција и во Торонто


Англискиот дистрибутерски гигант „Dogwoof“ од Лондон ги откупил светските права за интернационална продажба на „Сиљан“ [The Tale of Silyan] – најновиот документарен филм на Тамара Котевска. „Dogwoof“ е компанија позната по современи документарци со Оскар и BAFTA номинации, а ова е нивна втора соработка со Котевска по успехот со „Медена земја“. Вклучувањето на „Dogwoof“ е […]