Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години


Англија – Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечните ергени во Велика Британија, одлучи да се жени. За 57-годишниот актер ова е прв брак, а негова избраничка е 18 години помладата шведска ТВ- продуцентка Ана Еберштајн. Двајцата подолго време живеат заедно, а Еберштајн е мајка на три од петте деца на актерот. […]

Хуманитарна аукција за матурантите од СОС Детското село


Студентите од Факултет за дизајн и мултимедија при ФОН Универзитетот, утре, на 23 мај од 19 часот во џус барот „Диван“ во Капитол мол, ќе одржат аукција на специјално дизајнирани чанти. Целиот приход од продажбата на чантите ќе се донира за матурантите од СОС Детско село Македонија. Кампањата е наречена „Креатори на насмевки“ , а […]

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на Netflix


САД– Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и неговата сопруга Мишел, потпишаа повеќегодишен договор со компанијата Netflix и ќе бидат  продуценти на некои идни филмови и серии. Поранешниот претседател и неговата сопруга ќе имаат опција да продуцираат и документарни филмови, соопштија од Netflix. Обама на своите соработници им соопштил дека со ова нема намера да […]

(Видео) „Ај кју“ се најлошо облечени учесници на Евросонг 2018


Португалија–  „Ај кју“, годинешниот македонски претставник на Евросонг во Лисабон, Португалија се прогласени за најлошо облечени учесници на настанот. Станува збор за наградата Барбара Декс, која што уште од 1993 година им се доделува на најлошо облечените учесници на Евровизија. Наградата го носи името според белгиската претставничка на Евровизија за 1993 година, Барбара Декс, која […]

Италијанската актерка Азија Арџенто: Харви Вајнстин ме силуваше во Кан


Франција– Годинешното издание на Канскиот филмски фестивал вчера заврши со вистинска животна драма што ги засени добитниците на највисоките награди. Италијанската актерка Азија Арџенто, членка на жирито, одржа моќен говор што ги занеми присутните и ги соочи со суровата реалност што резултираше со движењето #MeToo. „Во 1997 година Харви Вајнстин ме силуваше во Кан“, рече […]

„Златна палма“ за јапонската драма „Shoplifters“


Франција– Јапонската драма „Shoplifters“ на режисерот Хироказу Коре-Еда освои Златна палма, а филмот „Blackkklansman“ на американскиот режисер Спајк Ли ја доби Гран при наградата, вчера, на завршницата на 71. Кански филмски фестивал. Наградата од жирито ја освои филмот „Capharnaüm“ на либанската режисерка Надин Лабаки. Наградата за најдобра режија ја доби полскиот режисер Павел Павлинковски за […]

(Фото) Ед Ширан триумфираше на наградите „Билборд 2018“


САД- Со пет  награди од 15 номинирани поп-ѕвездата Ед Ширан синоќа триумфираше на наградите „Билборд“ во Лас Вегас. Ширан ги освои наградите Топ музичар, Топ хот 100 музичар, музичар со најпродавани песни, музичар со нај песни на радио, и со топ радио песна „Chape of you“. Тејлор Свифт од пет номинации, освои две награди: топ-музичар […]

Меган како невестата Џенифер Лопез од „Организаторка на венчавки“


Англија- Едноставна, со пик силуета и должина до колената, а во горниот дел отворена кај рамениците беше венчаницата на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, со потпис на „Живанши“. Контрастно на едноставниот крој на венчаницата, велот беше фантастичен – долг и украсен со везени цветови. Маркл исто така носеше на главата тиара, позајмена од кралицата на […]

Првиот танц на Хари и Меган како маж и жена на хит на Витни Хјустон


Англија– Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари го изиграа првиот танц како маж и жена на хитот на Витни Хјустон , “I Want to Dance with Somebody,” од 1987 година. Откако заврши церемонијата на венчавањето, војводата и војвотката од Сасекс го напуштиле замокот Виндзор, и во „Јагуар“ се упатиле на вечера во Фрогмор Хаус, […]

Одбележување 69 години од основањето на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“


Шеесет и девет години од основањето ќе одбележи денеска Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. По повод одбележувањето на основањето на Универзитетот и на Денот на светите Кирил и Методиј ќе се одржат неколку манифестации. Предвидено е одржување молебен посветен на браќата Кирил и Методиј, а со молебенот ќе чиноначалствува г. г. Стефан, архиепископ охридски и […]

Хари и Меган го одложија медениот месец заради роденденот на принцот Чарлс


Англија– Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одложија медениот месец за да можат да присуствуваат на роденденот на принцот Чарлс, кој е само неколку дена по нивната венчавка, викендов во замокот Виндзор. Хари и Меган утре ќе присуствуваат на 70.роденден на принцот Чарлс. Тоа ќе биде прв кралски настан на кој тие официјално ќе […]

Францускиот режисер Лук Бесон обвинет за силување


Франција–  Славниот француски режисер Лук Бесон (59) е обвинет засилување од страна на анонимна актерка. Бесон тврди дека станува збор за измислици.Полицијата во Франција ги истражува наводите на актерката, која ги искажа во полициска станица викендов. – Лук Бесон категорички го отфрла ова измислено обвинување, рече неговиот адвокат Тјер Марембер. Според адвокатот, тоа се обвинувања […]

(Фото) Кои славни гости дојдоа на свадбата на Хари и Меган?


Англија- Познатата американска телевизиска ѕвезда Опра Винфри, фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, актерот Џорџ Клуни и сопругата Амал, актерката Пријанка Чопра, актерот Идриз Елба, тренисерката Серена Вилијамс, пејачите Џејмс Блант, Џос Стоун  и Елтон Џон беа меѓу  славните  ѕвезди кои пристигнаа на свадбата на принцот Хари и Меган Маркел. Светската јавност најмногу […]

Меган Маркл блесна во венчаница на „Живанши“


Англија– Дизајнерите како Ралф&Русо, Ердем, Оскар дела Рента и Барбери беа на приоритетните листи на прогнози, но наспроти нив – Меган Маркл за најважниот ден од својот живот, на свадбата во замокот Виндзор, избра венчаница од Живанши. Едноставна, со пик силуета и должина до колената, а во горниот дел отворена кај рамениците. Контрастно на едноставниот […]

Регионалната ѕвезда со спектакуларен концерт во Скопје: Нашиот живот, тоа е Балашевиќ


Концертот беше ко концерт, што да се раскажува…Парада на добро расположение, многу пиво и познати лица во публика. Песните ни по 40 години не избледнуваат, убавите ги потиснуваат неубавите спомени од животот, ама порачувате пијачка, и така тоа почнува, па пристигате кај сватовите на бившите девојки, што да ви кажам сите вистински љубови и концерти […]

Фитнес


Лејла Сабит   Повеќе тренд од рекреација. Повеќе муабет од вежбање. Повеќе сеир од топ-форма. Фитнес-центрите се новите сврталишта на славните, моќните и парајлиите во Скопје. Пред влезот паркирани скапи автомобили, спортската опрема брендирана, салата топ-опремена, со или без личен тренер. Место кафе, избирате вода или енергетски пијалак, слушате добра поп-музика и пожелно е додека […]

Нов проект на „Браво сине“: Бајки од Македонија за цела година


„Бајки од Македонија за цела година” е новиот проект од јавен интерес на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ  – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ што денес беше промовиран во Скопје. Секоја недела по една бајка или 52 бајки од народното творештво, во прилагодена јазична форма исо модерни илустрации е проектот кој […]

Именувани шест нови директори на национални установи од културата


Министерот за култура Роберт Алаѓозовски именуваше шест нови директори со редовен мандат во национални установи од областа на културата, по завршување на постапката од јавните конкурси. Катарина Илиевска-Силјановска е именувана за директор на Театарот за деца и младинци, Ход Мифтари за директор на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, Гордан Николов – на Музејот на […]

Милчо Манчевски повикува на аудиција за новиот филм


Продукцијата „Сектор филм“ и режисерот Милчо Манчевски повикуваат студентки и студенти на наставните програми по актерска игра на аудиција за неговиот нов игран филм „Врба“. – Доколку сте на возраст од 18 до 32 години и актерството ви е остварена или планирана професија, ве молиме да нѐ контактирате на: [email protected] за да ви доставиме дополнителни […]

Принцот Чарлс ќе ја испрати Меган Маркл до олтарот


Англија– Таткото на младоженецот, британскиот престолонаследник принцот Чарлс ќе ја испрати Меган Маркл до олтарот препуштајќи му ја на принцот Хари, соопшти кралското семејство. Имено, Маркл била таа која го замолила идниот свекор да ја придружува на нејзиниот пат до олтарот на капелата Сент Џорџ, откако нејзиниот татко мораше да се повлече поради здравствени проблеми. […]