„Златна палма“ за јапонската драма „Shoplifters“


Франција– Јапонската драма „Shoplifters“ на режисерот Хироказу Коре-Еда освои Златна палма, а филмот „Blackkklansman“ на американскиот режисер Спајк Ли ја доби Гран при наградата, вчера, на завршницата на 71. Кански филмски фестивал. Наградата од жирито ја освои филмот „Capharnaüm“ на либанската режисерка Надин Лабаки.

Наградата за најдобра режија ја доби полскиот режисер Павел Павлинковски за остварувањето „Студена војна“.

Претседателка на годинешното жири за доделување на Златната палма беше австралиската актерка и оскаровка Кејт Бланшет.