Првиот танц на Хари и Меган како маж и жена на хит на Витни Хјустон


Англија– Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари го изиграа првиот танц како маж и жена на хитот на Витни Хјустон , “I Want to Dance with Somebody,” од 1987 година.

Откако заврши церемонијата на венчавањето, војводата и војвотката од Сасекс го напуштиле замокот Виндзор, и во „Јагуар“ се упатиле на вечера во Фрогмор Хаус, на забава чиј домаќини биле принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс. По денот поминат во формалност и традиција, двојката била возбудена и со желба да се забавува вечерта. Имало само 200 поканети гости, меѓу нив и боливудската актерка Пријанка Чопра и тенисерката Серена Вилијамс.

Маркл го облече вториот невестински фустан, бел, тесен и секси. Фустанот со макси должина беше креација на Стела Макартни. Војвотката од Сасекс го надополни својот моден изглед со сатенски чевли од Аквазура и со впечатлив син прстен од Аквамарин.