Меган како невестата Џенифер Лопез од „Организаторка на венчавки“


Англија- Едноставна, со пик силуета и должина до колената, а во горниот дел отворена кај рамениците беше венчаницата на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, со потпис на „Живанши“. Контрастно на едноставниот крој на венчаницата, велот беше фантастичен – долг и украсен со везени цветови. Маркл исто така носеше на главата тиара, позајмена од кралицата на Обединетото Кралство.

Слична венчаница носеше актерката и пејачка Џенифер Лопез во филмот „Организаторка на венчавки“ од 1991. Таму организираше венчавки на богати невести, за на крајот да ја организира и својата.