Францускиот режисер Лук Бесон обвинет за силување


Франција–  Славниот француски режисер Лук Бесон (59) е обвинет засилување од страна на анонимна актерка. Бесон тврди дека станува збор за измислици.Полицијата во Франција ги истражува наводите на актерката, која ги искажа во полициска станица викендов.

– Лук Бесон категорички го отфрла ова измислено обвинување, рече неговиот адвокат Тјер Марембер.

Според адвокатот, тоа се обвинувања од личност која Бесон ја познава и никогаш спрема неа не се однесувал непристојно.

Бесон е познат по филмот од 1988 година „Големото синило“, како и „Леон“, „Подземна железница“, „Петтиот елемент“ и акциониот трилер „Никита“. Неодамна потпиша режирање на филмот „Валеријан и градот со 1.000 планети“.