(Фото) Кои славни гости дојдоа на свадбата на Хари и Меган?


Англија- Познатата американска телевизиска ѕвезда Опра Винфри, фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, актерот Џорџ Клуни и сопругата Амал, актерката Пријанка Чопра, актерот Идриз Елба, тренисерката Серена Вилијамс, пејачите Џејмс Блант, Џос Стоун  и Елтон Џон беа меѓу  славните  ѕвезди кои пристигнаа на свадбата на принцот Хари и Меган Маркел.

Светската јавност најмногу ја коментираше нивната гардероба, )на англиски и светски дизајнери)- според протоколот, искомбинирана со шапки. Боите се движеа од бела, панстелно или силна жолта, до розови, виолетови и зелени нијанси. Дел од нив го почитуваа дрес-кодот,а дел потфрлија. Единствено Викторија Бекам избра гардероба во тегет нијанса со портокалови чевли. Никому не се допадна изгледот на Винфри, на дизаијнерката Стела Мекартни, ниту нападниот накит на Вилијамс.