Меган Маркл блесна во венчаница на „Живанши“


Англија– Дизајнерите како Ралф&Русо, Ердем, Оскар дела Рента и Барбери беа на приоритетните листи на прогнози, но наспроти нив – Меган Маркл за најважниот ден од својот живот, на свадбата во замокот Виндзор, избра венчаница од Живанши.

Едноставна, со пик силуета и должина до колената, а во горниот дел отворена кај рамениците. Контрастно на едноставниот крој на венчаницата, велот беше фантастичен – долг и украсен со везени цветови. Маркл исто така носеше на главата тиара, позајмена од кралицата на Обединетото Кралство.

Маркл избра да носи обетки од познатата марка „Картие“. Обетките беа совршени и ненаметливи, од бело злато со дијаманти. Нараквицата околу нејзиниот зглоб на раката беше од колекцијата Reflection de Cartier.

Принцот Хари носеше воена униформа наречена “Блуз и крал”, за што добил посебна дозвола од неговата баба.

Шминката на Маркл не беше во стилот на нејзиниот природен изглед кој го негува, туку со нагласени трепки и усни во бледо розова боја, а косата беше фиксирана во пунџа.

На забавата по свадбата, Меган избра тоалета на Стела Макартни.