Салвини го затвори најголемиот центар за мигранти во Европа


Италија – Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска го затвори центарот за мигранти на Сицилија, кој го опиша како најголем во Европа, истакнувајќи дека приливот на мигранти е намален откако тој стапи на должност пред една година. Салвини рече дека за една година бројот на мигранти во центрите е намален од 182.000 на 107.000. …

Салвини го затвори најголемиот центар за мигранти во Европа Read More »

Трговија со секс во богатите американски кругови: Милијардерот Епштајн искористувал малолетнички


САД – Американскиот финансиер Џефри Епштајн во понеделникот се изјасни дека не е виновен за обвиненија за трговија со секс, откако обвинителите го осомничија дека намамил десетици девојки на возраст од 14 години во неговите луксузни домови во Њујорк и Флорида и ги плаќал за сексуални активности. Обвинението што беше претставено федералниот суд во Менхетен …

Трговија со секс во богатите американски кругови: Милијардерот Епштајн искористувал малолетнички Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ќе треба свесно да се фокусирате на позитивното и да не се лутите беспотребно: лесно е да се гледаат само убавите работи во животот и да се заборави на оние болните, но тоа е инфериорен начин на размислување. Откријте кои шанси се со добар потенцијал и кротете ја импулсивноста: имајте големи сништа, но …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Серена казнета со 10.000 долари за оштетување на „светата трева“


Англија – Седумкратната шампионка на „Вимблдон“, Серена Вилијамс беше казнета од организаторите на најстариот и најпрестижниот Гренд-слем турнир. Поранешната број 1 во светот беше санкционирана со 10.000 долари за нанесена штета на тревната покривка на еден од терените. На 30 јуни, ден пред официјалниот старт на турнирот, за време на еден од тренинзите пред почетокот на …

Серена казнета со 10.000 долари за оштетување на „светата трева“ Read More »

Во четврток петто прскање против комарци во Скопје


На подрачјето на градот Скопје во четврток ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци. -Авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се одвива во четврток во раните утрински часови, а во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција, информираат од Град Скопје. Доколку временските услови …

Во четврток петто прскање против комарци во Скопје Read More »

Мила Москов ќе не претставува на јуниорскиот Евросонг во Полска


На 17. Јуниорски евросонг 2019 кој ќе се одржи на 24 ноември во Гливице, Полска, земјава ќе ја претставува Мила Москов, ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп. Македонската радио-телевизија соопшти дека по аудицијата одржана во саботата, на која учествувале 18 кандидати, комисијата едногласно ја избрала Мила Москов оценувајќи дека има најдобар настап, поседува …

Мила Москов ќе не претставува на јуниорскиот Евросонг во Полска Read More »

Светскиот виолинист Дејвид Герет доаѓа во Скопје : Кросовер хитови од Моцарт до Металика


Кросовер ѕвездата од Германија, Дејвид Герет (38) -(по мајка Американец) за прв пат со својата кросовер програма доаѓа и во Македонија- со спектакуларен концерт на 25 септември, во ВИП арената, во организација на „Прагма продукција“. Герет, со неговиот албум “UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE, е на нова светска турнеја за заедно со своите фанови да ја прослави 10 …

Светскиот виолинист Дејвид Герет доаѓа во Скопје : Кросовер хитови од Моцарт до Металика Read More »

Се разведува Ерос Рамацоти


Италија- Поп-ѕвездата  Ерос Рамацоти (56), ги шокира фановите откако ги потврди гласините дека се разведува од манекенката Марика Пелегрини. Музичарот и неговата 26 години помлада сопруга се договориле спогодбено да се разделат, после приближно пет години заеднички живот, а претходно речиси исто толку се забавуваа. – Тоа беа прекрасни десет години. Заедно создадовме прекрасно семејство …

Се разведува Ерос Рамацоти Read More »

Трамп прогласи вонредна состојба во Калифорнија


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Калифорнија откако два силни и илјадници помали земјотреси ја погодија таа американска сојузна држава. Со прогласувањето вонредна состојба се создаде можност да се издвојат средства од државниот буџет за помош на оние кои се најпогодени од потресите. Сојузната агенција за вонредни ситуации со декларација е официјално …

Трамп прогласи вонредна состојба во Калифорнија Read More »

Грција се врати на традиционалната политика


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Четири и пол години траеше своевидниот политички експеримент во Грција кога гласачите, гневни од корупцијата, лажните економски показатели, неочекуваното соочување со сиромаштијата и невработеноста, се свртеа кон левичарската Сириза и нејзиниот харизматичен лидер Алексис Ципрас, верувајќи дека тие можат да направат чудо во економски измачената нација. Во неделата Грците се свртеа назад, кон …

Грција се врати на традиционалната политика Read More »

Посмртните останки на 33 жртви на геноцид ќе бидат пренесени во Поточари


БиХ – Посмртните останки на 33 лица кои се убиени за време на масакрот во јули 1995 година во Сребреница, денеска од гробиштата во Високо ќе бидат пренесени во Меморијалниот центар Поточари. Останките на 33-те жртви ќе бидат закопани на заеднички погреб на 11 јули. Колоната која ќе се движи со табутите (носила на кои муслиманите …

Посмртните останки на 33 жртви на геноцид ќе бидат пренесени во Поточари Read More »

ЗКЛМ: Ги почитуваме сите стандарди за безбедност на македонското небо


Здружението на контролорите на летање (ЗКЛМ) во соопштение ги демантира информациите во дел од медиумите во однос на безбедноста на македонското небо и уверува дека ги почитуваат и исполнуваат сите стандарди за безбедно водење на воздухопловите во македонскиот воздушен простор. -Оваа доверба е искажана и од самите авиокомпании кои досега извршиле преку 91.000 летови во …

ЗКЛМ: Ги почитуваме сите стандарди за безбедност на македонското небо Read More »

Берлин очекува новата грчка Влада да го почитува Преспанскиот договор


Германија – Германија очекува новата грчка Влада да има конструктивна улога во процесот на нормализација на односите со Северна Македонија. Владиниот портпарол Штефан Зајберт вчера на прес-конференција во Берлин пренесувајќи ја честитката од канцеларката Ангела Меркел до новиот грчки премиер Киријакос Мицотакис, истакна дека решението на долгогодишниот спор за името од страна на владите во Скопје и …

Берлин очекува новата грчка Влада да го почитува Преспанскиот договор Read More »

„Новости“: Тројца кандидати за наследник на Вучиќ на чело на СНС


Србија– Тројца кандидати во моментов влегуваат во игра како најсериозни наследници на Александар Вучиќ на чело на владеачката Српска напредна партија (СНС) – актуелната премиерка Ана Брнабиќ, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на партијата Милош Вучевиќ, пишува денеска „Новости“. На поширокиот список за нов шеф на СНС, …

„Новости“: Тројца кандидати за наследник на Вучиќ на чело на СНС Read More »

Стејт департментот одобри продажба на тенкови и ракети за Тајван, Кина загрижена


САД – Американскиот Стејт департмент одобри евентуална продажба на Тајван на тенкови „М1А2Т Абрамс“, на ракети „Стингер“ и на дополнителна опрема, во вкупна вредност од околу 2,2 милијарди долари, соопшти синоќа Пентагон. Западните агенции веднаш потсетија дека кинеското Министерство за надворешни работи уште минатиот месец, кога за првпат се појави веста за можната продажба, соопшти дека …

Стејт департментот одобри продажба на тенкови и ракети за Тајван, Кина загрижена Read More »

„Визер“ издава двојни билети за наше добро


Авиокомпанијата „Визер“, која добива субвенции од државата, потврди дека издава двојни билети, но минимално, за што повеќе патници да можат да патуваат. „’Визер’, во согласност со практиката на авионската индустрија и применливата легислатива за заштита на потрошувачите, дозволува минимално пребукирање на своите најпопуларни рути, со цел да овозможи повеќе патници да патуваат, наместо некои седишта …

„Визер“ издава двојни билети за наше добро Read More »

Модна икона во лето?: Копирајте ја Џеки О.


Како да изгледате како модна икона во лето? Да се вртат по вас, а истовремено да ви е удобно и да не ви е топло? Експрвата дама на САД го пронајде својот летен стил и стана ултимативна стилска легенда и симбол на новата ера на културна софистицираност во Белата куќа. Својата женственост на патувањата, особено …

Модна икона во лето?: Копирајте ја Џеки О. Read More »

Новата грчка Влада денес ќе положи свечена заклетва


Грција- Во претседателската палата во Атина, во 12 часот по локално време, членовите на новата грчка Влада ќе положат свечена заклетва, по што ќе следи и примопредавање на функциите во министерствата, додека, пак, првата владина седница ќе се одржи утре, јави дописничката на МИА од Атина. Во Министерството за надворешни работи на Грција, еден час …

Новата грчка Влада денес ќе положи свечена заклетва Read More »

Оспорување на Преспанскиот договор не се очекува, можни различни толкувања во примената


Договорот од Преспа ќе продолжи да се спроведува и по победата на Нова демокартија и Киријакос Мицотакис на предвремените избори во Грција. Во фокусот ќе биде работата на експертските групи за историски, археолошки и образовни прашања и за трговските марки, како и толкувањето на одредени членови, но не се очекува блокада на евроинтеграциите, оценуваат амбасадорот …

Оспорување на Преспанскиот договор не се очекува, можни различни толкувања во примената Read More »

Нови рочишта за „Талир“ и „Тарифа“


Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Талир“ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство. Предметот „Талир“се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ за кое се обвинети Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија …

Нови рочишта за „Талир“ и „Тарифа“ Read More »