Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ќе треба свесно да се фокусирате на позитивното и да не се лутите беспотребно: лесно е да се гледаат само убавите работи во животот и да се заборави на оние болните, но тоа е инфериорен начин на размислување. Откријте кои шанси се со добар потенцијал и кротете ја импулсивноста: имајте големи сништа, но бидете рационални.

БИК: Сериозни и трпеливи, добро ги читате мотивите на оние околу себе: сѐ разбирате и затоа простувате. Работата се одвива добро но бавно, а тоа не е причина за загриженост, бидејќи и онака не ви се брза: сега е приоритет да го најдете сопственото темпо и да се водите според него. Работете малку па одморете и потоа најдете време за љубов.

БЛИЗНАЦИ: Можеби го губите своето темпо и се чувствувате како замрзнати во место: назад не може да се вратите, ниту пак можете да мрднете напред. Ќе треба да го смените начинот на размислување и да се коригирате во следните три недели: можеби не знаете како, но не размислувајте за конечниот изглед на работите. Секоја убава градба не е храм: менувајте го стилот.

РАК: Завршивте проекти од огромна важност и сега е време да се одморите и да уживате во плодовите на својата работа: со добра виталност и расположение се соочувате дури и со краткотрајните блокади. Ќе треба добро да го бирате темпото за да ги остварите своите желби и да откриете каде е поволно да ги потрошите своите финансиски средства. Успех.

ЛАВ: Повеќето работи ви се јасни и со таквото расудување, работите на правилен начин: запрашајте се во што верувате и дали живеете според сопствените уверувања и ако треба, изучувајте повеќе за да го продлабочите своето знаење. Креативните проекти се во фокус, кои бараат сериозно размислување и нови хоризонти: заштитете ја својата лична вистина.

ДЕВИЦА: Пред да дигнете раце од сѐ, замислете се себе си во непосредната иднина: со завршени семејни должности, среќни, мирни и исполнети. Нема потреба да следите трендови, бидејќи тие се со променлива природа: најдете некое место каде што ќе може да се опуштите и така ќе дојдете до нови реализации и духовен мир. Направете пауза и не брзајте!

ВАГА: Ако сакате да избегнете олуја, ќе треба да направите мали жртви: зборувајте за времето и некои лесни теми, мудро бирајќи ги важните задачи. Тие ќе дојдат на ред кога ќе се смират околностите и кога трезвено ќе им погледнете во очи. Одбијте да работите со несериозни луѓе и поработете на сопствените идеали, без никакви дилеми. Истрајте сега.

СКОРПИЈА: Сеќавања од детството, семејни собири, но и средба со некој од вашето романтично минато: сето ова е на денешното мени! Уживате во удобноста на домот и знаете како најдобро да ги искористите своите финансии: се отвараат нови шанси за просперитет, бизнис и напредување во физичката реалност. Успешно ќе ги отстраните блокадите.

СТРЕЛЕЦ: Знаете кога да се повлечете и да се изолирате од непотребната драма: вистинските пријатели знаат каде да ве најдат и да ви се придружат. Уживате во оваа мала и селектирана група на луѓе, имајќи голема самодоверба во своите сили. Барајте шанси да ги унапредите своите проекти и размислувајте за крајните резултати. Спречете неправда.

ЈАРЕЦ: Импулсивни и страсни, ќе треба да внимавате да не изгорите денес: никој не успеал со такво темпо да ги заврши работите успешно. Ова се однесува на личен и на професионален план. Ќе треба да ги држите силните нагони под контрола и да броите до десет: сетете се дека ова важи за подолг временски период и следете ја интуицијата. Ослободете се.

ВОДОЛИЈА: Соочување со проблем, кој што никогаш не бил решен: повторување на некои случки од минатото, кои што имаат за цел да ве направат подобра личност. Што и да ви се врти во глава, ќе се материјализира во надворешниот свет, затоа вардете ја содржината на своите мисли. Откријте што се случува на домашен план и не лутете се без причина. Опуштете се.

РИБИ: Интелигентни и доблесни, ќе направите напор да се центрирате себе си и да ја најдете својата подлабока вистина: не ги рационализирајте работите, туку верувајте во креативната мудрост и така ќе ги разберете интуитивните пораки. Кога ќе стане тешко, тогаш ќе откриете кои се вистинските пријатели и ќе ги решите проблемите на логичен начин. Баланс.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]