На УКИМ слободни 10 665 места за нови студенти, првиот рок за упис на 29 и 30 август


На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 10 665 места. Според Конкурсот на УКИМ, во квотата за редовни студенти слободни се 5387 места, за редовни со кофинансирање на студиите има 4248 места и за вонредни студенти слободни се 1030 места. Како и …

На УКИМ слободни 10 665 места за нови студенти, првиот рок за упис на 29 и 30 август Read More »

Столтенберг: Ниту една земја членка на НАТО не побарала исклучување на Турција поради С-400


САД – Турција ќе продолжи да игра важна улога за гарантирање на противракетната и противвоздушната одбрана на Алијансата, и покрај набавката на руските ракетни системи С-400, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на годишниот форум за безбедност во американскиот град Аспен, во државата Колорадо. Тој констатира дека е „невозможно С-400 да бидат интегрирани во заедничкиот …

Столтенберг: Ниту една земја членка на НАТО не побарала исклучување на Турција поради С-400 Read More »

Рикер: Србија и Косово да продолжат со дијалог, САД подготвени да се вклучат


САД– САД се подготвени да се вклучат во преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, но тоа не можат да го направат додека двете страни сами не одлучат да му се вратат на дијалогот, изјави вршителот на должност заменик државен секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Тој за „Глас на Америка“ истакна …

Рикер: Србија и Косово да продолжат со дијалог, САД подготвени да се вклучат Read More »

Долниот дом на Конгресот го отфрли барањето за импичмент на Трамп


САД– Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го отфрли предлогот за започнување процедура за импичмент на шефот на државата Доналд Трамп поради неговите навреди кон четири конгресменки од Демократската партија. Текстот, поднесен од демократот Ал Грин, беше отфрлен со големо мнозинство (332 наспроти 92 гласа). Тоа го покажува несогласувањето по ова прашање во редовите на демократите, …

Долниот дом на Конгресот го отфрли барањето за импичмент на Трамп Read More »

Асани: Потребно е побрзо донесување правосилни решенија за одземениот имот


Македонија е преплавена со конфискувани возила, во моментов на плацеви на голем број државни институции и претпријатија има околу 10.000, но Агенцијата за управување со конфискуван и одземен имот, како што вели директорот Фатон Асани, не може да постапува по сите и да ги додели на државни институции или установи, да ги продаде за старо …

Асани: Потребно е побрзо донесување правосилни решенија за одземениот имот Read More »

Обновената брана Слатино ќе биде пуштена во употреба


Во Дебарца денеска ќе биде пуштена во употреба браната Слатино, реконструирана во рамки на Програмата на Европската Унија за санација на штети од поплави. Браната Слатино беше сериозно оштетена и имаше потреба од обемна реконструкција. Со 1,2 мил. евра, ЕУ помогна да се намали потенцијалниот ризик од поплави и да се зголеми отпорот кон идните поплавувања. Таа ги поддржа и …

Обновената брана Слатино ќе биде пуштена во употреба Read More »

Поп- ѕвездата Тамара со децата позира за „Бекутан“: Нежно уште од првиот допир


Децата Хана (3) и Дарен (7 месеци) ѝ се центарот на нејзиниот универзум. Нема интервју со поп-ѕвездата Тамара Тодевска (34) за нејзината кариера, а да не го спомне семејството, потесното и поширокото, и нивната поддршка во сите убави но и стресни моменти. Тамара со пријателите е несериозна, ама со децата е многу сериозна. Сега потпораснаа, …

Поп- ѕвездата Тамара со децата позира за „Бекутан“: Нежно уште од првиот допир Read More »

Од Полска дошле 30 отсто повеќе туристи


За првите пет месеци бројот на туристи во Македонија достигнал 232.530. Најбрзо растечки пазари (со најголем број странски туристи по земја) во првите пет месеци од оваа година се Полска со раст од 30 отсто, Грција 29 отсто, Хрватска 12 отсто, Бугарија и Романија имаат раст од 11 проценти. Турските туристи и во првите два …

Од Полска дошле 30 отсто повеќе туристи Read More »

Поголема градежна активност на патиштата, намалена изградбата на станови


Раст на градежните активности, претежно во нискоградбата, и надолен тренд во високоградбата ја одбележуваат состојбата во градежништвото во првата половина од годинава, коешто, според стопанствениците, се стабилизира по ланските лоши резултати и може да се очекува да испорача подобри резултати следната година. Андреја Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија, вели …

Поголема градежна активност на патиштата, намалена изградбата на станови Read More »

ХДЗ одлучи кои министри си заминуваат од хрватската Влада


Хрватска – Од Владата на Хрватска си заминуваат министерката за регионален развој и фондови на Европската унија Габриела Жалац, министерот за земјоделство Томислав Толушиќ и министерката за социјална политика Нада Мурганиќ, соопшти ХДЗ после денешниот состанок. Сменетите министри веќе го напуштиле седиштето на партијата, јавуваат хрватските медиуми. Премиерот Андреј Пленковиќ во моментов има средба со претставници …

ХДЗ одлучи кои министри си заминуваат од хрватската Влада Read More »

„Петрунија“ и „Џган“ на Школка во Градски парк


Во рамки на првиот летен фестивал „Summerland“ кој се одржува под покровителство на Град Скопје, вечер и утревечер на Школка во Градски парк ќе бидат прикажани два македонски филма. Од 21 часот вечер е новиот филм на Теона Стругар-Митевска – „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, а утре од 21.30 часот ќе биде прикажан првиот …

„Петрунија“ и „Џган“ на Школка во Градски парк Read More »

Дваесет години од смртта на Кенеди Помладиот : Длабоко во себе, тој беше само Џон


САД – На 16 јули 1999 година, Џон Ф. Кенеди Помладиот полета од аеродромот во Њу Џерси со својот мал едномоторен авион, заедно со неговите патници: сопругата Каролин Бесет Кенеди и нејзината сестра Лорен Бесет. Околу еден час откако полетале, околу 9:40 часот, Џон наишол на густа магла и ја изгубил контролата. Авионот почнал да …

Дваесет години од смртта на Кенеди Помладиот : Длабоко во себе, тој беше само Џон Read More »

Хорот „Св. Злата Мегленска“ на „Скопско лето“


Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ со диригентката Летка  Димовска-Полизова вечер од 20.30 часот во Куршумли ан ќе го одржи концертот „Глорија – концерт за душа“ кој на 4 јули беше одложен поради силното невреме во Скопје. Влезот за посетители е слободен. Концертот е насловен по „Глорија“ на Вивалди која е на програмата заедно со …

Хорот „Св. Злата Мегленска“ на „Скопско лето“ Read More »

Лидерска ќе има, Заев повторно го повика Мицкоски да дојде


Лидерската средба закажана за утре најверојатно ќе се одржи во отсуство на лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Премиерот Зоран Заев вчера на прес-конференција во Владата повторно го повика Мицкоски да дојде на средбата, истакнувајќи дека таа ќе се одржи без разлика на неговото учество и оти е негова одговорност дали ќе се …

Лидерска ќе има, Заев повторно го повика Мицкоски да дојде Read More »

Заев не се слушнал со Катица, а Мицкоски не одговара дали имал средба со еден од осомничените во „Рекет“


Премиерот Зоран Заев вчера на прес-конференција ги охрабри судиите да одлучуваат строго по закон и Устав бидејќи, како што рече, не должат никому ништо. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски побара притвор за Катица Јанева, а пратеникот Костадин Костадинов пак побара одговор од Мицковски дали имал средба со еден од осомничените во предметот „Рекет“ во кој …

Заев не се слушнал со Катица, а Мицкоски не одговара дали имал средба со еден од осомничените во „Рекет“ Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Искрени и љубезни, ќе бидете нежни со своите блиски сакајќи да постигнете вистинска хармонија: последните неколку дена беа напнати и сега сфаќате дека треба да се менувате ако сакате да напредувате. Ако нешто не се одвива онака како што сакате, опуштете се и замислете ново сценарио: наглите промени може да имаат освежувачко влијание. БИК: …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Рахиќ : Хашкото одделение не е тоа што било, потребна е реконструкција на затворот


Условите во т.н. хашко одделение се далеку од називот кој им е даден, а кој алудира на некаква поголема комоција за притворениците, но сепак се подобри од останатите делови на Затворот Скопје, познат како Шутка, каде се наоѓа најголемото притворско одделение во Северна Македонија. Ова го изјави директорот на затворот Есад Рахиќ, кој ни ја …

Рахиќ : Хашкото одделение не е тоа што било, потребна е реконструкција на затворот Read More »

Влатко Стефановски и Лоба со настап во чест на Илинден во Крушево


Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ почнува вечерта на 31 јули кога во Крушево, по 18 часот традиционално пристигнува Коњаницата пред столбот на Крушевската Република во центарот на Крушево. Официјално, манифестацијата почнува на 1 август. Ќе бидат положени свежи цвеќиња пред споменикот на Даме Груев, на гробот на Питу Гули и на гробот на Тоше Проески …

Влатко Стефановски и Лоба со настап во чест на Илинден во Крушево Read More »

Второ издание на „Бич филм фестивал“ во Охрид


Од 17 до 21 јули на неколку атрактивни локации, на бродот „Галеб“ и на плажата „Оревче“ на Охридското Езеро ќе се одржи второто издание на фестивалот на нов европски филм „Beach Film Festival“. Организаторите на фестивалот за оваа година најавуваат посодржајно фестивалско издание, чие отворање започнува на оргинален начин, со филмска проекција на брод. Паралелно …

Второ издание на „Бич филм фестивал“ во Охрид Read More »

И Стела Мекартни под капата на ЛВМХ: Дизајнерката не е веќе сопственик на својот бренд


Англија– Британската дизајнерка Стела Мекартни потпиша договор со француската луксузна компанија ЛВМХ и се врати под капата на модниот концерн кој е сопственик на брендовите како Диор, Живанши, Кензо и др. Мекартни лани откупи 50 отсто од акции од групацијата „Керинг“ и стана 100 процентен сопственик на својот бренд. Но, сега, се премисли за да …

И Стела Мекартни под капата на ЛВМХ: Дизајнерката не е веќе сопственик на својот бренд Read More »