Столтенберг: Ниту една земја членка на НАТО не побарала исклучување на Турција поради С-400

Фото: Б. Грданоски

САД – Турција ќе продолжи да игра важна улога за гарантирање на противракетната и противвоздушната одбрана на Алијансата, и покрај набавката на руските ракетни системи С-400, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на годишниот форум за безбедност во американскиот град Аспен, во државата Колорадо.

Тој констатира дека е „невозможно С-400 да бидат интегрирани во заедничкиот систем за ПВО и ПРО на Алијансата“.

Според него, ниту една земја членка на НАТО не побарала Турција да биде исклучена од Алијансата поради набавката на руските системи С-400.

– Турција е важна членка на НАТО. Никој од сојузниците не ја отворил таа тема. Ние сите разбираме дека зависиме еден од друг, нагласи Столтенберг.

Фото: Б. Грданоски