И Стела Мекартни под капата на ЛВМХ: Дизајнерката не е веќе сопственик на својот бренд


Англија– Британската дизајнерка Стела Мекартни потпиша договор со француската луксузна компанија ЛВМХ и се врати под капата на модниот концерн кој е сопственик на брендовите како Диор, Живанши, Кензо и др.

Мекартни лани откупи 50 отсто од акции од групацијата „Керинг“ и стана 100 процентен сопственик на својот бренд.

Но, сега, се премисли за да го забрза развојот на брендот и за да развие некои нови стратегии.

Дизајнерката и понатаму има акции во брендот и останува на функцијата креативна директорка.

ЛВМХ се здружува и со УНЕСКО и овозможува пристап на експерти од регионално ниво. Претходно, компанијата почна соработка со поп-ѕвездата Ријана која стана прва црномуреста жена која ќе води модна куќа во рамките на групацијата.