Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Искрени и љубезни, ќе бидете нежни со своите блиски сакајќи да постигнете вистинска хармонија: последните неколку дена беа напнати и сега сфаќате дека треба да се менувате ако сакате да напредувате. Ако нешто не се одвива онака како што сакате, опуштете се и замислете ново сценарио: наглите промени може да имаат освежувачко влијание.

БИК: Денес нема да си дозволите да губите сила, прашувајќи се што им е потребно на другите, туку храбро и оригинално ќе ги застапите своите идеи: никој не е како вас и тука лежи вашата сила. Ова е ново искуство со кое што ќе ви се отворат очите и на тој начин ќе го смените животниот стил на долги патеки. Постигнувате внатрешна слобода.

БЛИЗНАЦИ: Треба да се запрашате какви нагони ве движат: дали дејствувате поради некоја болка, навреда или омраза и се обидувате да побегнете што подалеку од местото на случувањето? Некој се обидува да го добие вашето внимание околу круцијални животни прашања: не игнорирајте ги овие луѓе, туку најдете сила да простите и продолжите напред.

РАК: Располагате со своите финансии на внимателен и практичен начин и така постигнувате независност: она што го сакате од светот се манифестира волшебно и сега учите да бидете благодарни во вистинската смисла на зборот. Задоволни сте бидејќи имате целосна поддршка од семејството и тоа ви дава сила: насмејте се и заборавете на крутоста.

ЛАВ: Под светло на рефлекторите, денес треба да сте храбри: зборувајте ја својата вистина, особено ако сте сигурни во неа. Комуницирајте со сите засегнати страни и отворете ја портата која што ќе ве донесе на целта: покажете од што сте направени! Ако патем губите сила и енергија, значи не ја живеете својата приказна и ќе треба да се менувате.

ДЕВИЦА: Ако ве убедуваат дека треба да работите за туѓата благосостојба, завртете им грб и не верувајте им: тука сте да ги исполните своите сништа и да живеете живот достоен на вашата првична замисла и идеја. Во животот секојдневно се случуваат чуда и крајно време е да дозволите и вам да ви се случи едно: така ќе си ја вратите виталноста и среќата!

ВАГА: Чук, чук: дали тоа надежта се враќа повторно во вашиот живот? После многуте жртви, денес добивате помош и асистенција. Колку и да ви се чини тежок вашиот пат, не плашете се, бидејќи тоа значи дека ќе рефлектирате нечие туѓо расположение. Погледнете околу себе и откријте нови лекции: дали добро ги разбирате добиените информации?

СКОРПИЈА: Не затворајте се во себе, чекајќи милост од природата: таа никогаш не ги крши своите закони, додека пак во светот на човекот се случуваат многу чудни промени. Научете да ги комбинирате елементите од физичката реалност трпеливо и бидете умерени, дури и кога ќе се соочите со опозиција: останете фокусирани на напорите во работата.

СТРЕЛЕЦ: Тоа за кое што се држите, ве држи и вас: она пак кое што ќе го пуштите, ќе ве ослободи и вас. Колку и да порекнувате, фактите говорат посилно од сите изјави: минатото не се враќа, иднината не е пристигната и сè што имате е овој момент во сегашноста, кој што набрзо ќе исчезне како птица во облаците. Искористете ја кризата и коригирајте ја интимата.

ЈАРЕЦ: Поради некоја причина ги губите уздите од своите раце: вашите најдобри планови повеќе не функционираат и сето ова ве фрустрира. Ако сакате да добиете симпатија, и самите ќе треба да ја култивирате во себе: не играјте по старата програма бидејќи сега таа е погрешна. Дозволете ѝ на својата сила да работи за вас, а не против вас.

ВОДОЛИЈА: Ако сакате да бидете сфатени сериозно, ќе треба повеќе да верувате во себе: животот може да ви приреди секакви изненадувања, но сите бизарни дејствија се тука за да ве научат на нешто ново. Материјалниот свет е инертен и не треба да плачете за истуреното млеко: едноставно имајте трпение и ќе успеете да ги материјализирате своите идеи.

РИБИ: Ден за ден реалноста се менува: очите што го набљудуваа минатото, повеќе не се тука. Отворете ги широко своите и ќе откриете дека допрва доаѓаат нови личности, кои ќе управуваат со физичката реалност и иднина: на оние кои се фалат со своите безумни дела, ќе им се смеат есенските лисја. Разберете го ова и нема да страдате повеќе.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]