Од Полска дошле 30 отсто повеќе туристи


Фото: Б. Грданоски

За првите пет месеци бројот на туристи во Македонија достигнал 232.530. Најбрзо растечки пазари (со најголем број странски туристи по земја) во првите пет месеци од оваа година се Полска со раст од 30 отсто, Грција 29 отсто, Хрватска 12 отсто, Бугарија и Романија имаат раст од 11 проценти.

Турските туристи и во првите два квартала од 2019 година се најмногубројни. Сепак, турскиот пазар спаѓа во опаѓачките пазари, затоа што за пет месеци годинава дошле 31 отсто помалку туристи од оваа земја во Македонија, во споредба со лани. Тоа, според директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, се должи главно на падот на лирата. Годинава се намалил и бројот на туристи од Јапонија, Канада, Албанија и од Велика Британија.

Фото: Б. Грданоски