Битолскиот театар гостува во НР Кина


НУ Народен театар Битола ја почна втората театарска турнеја во НР Кина на која до 18 ноември ќе гостува на неколку театарски сцени во Шангај и Пекинг. За време на гостувањата во НР Кина, актерите на битолскиот театар ќе ја играат претставата „Детето сонува“ од Ханох Левин, во режија на Итаи Дорон. Според програмскиот престој, …

Битолскиот театар гостува во НР Кина Read More »

Наградата „Роберто Беличанец“ доделена на Изданијата на Метаморфозис


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) синоќа ја додели наградaта „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ 2019 на Изданијата на Фондацијата Метаморфозис. Уредникот на Вистиномер, Владимир Петрески се заблагодари на наградата и истакна дека во изминатиот период работеле самопрекорно заедно на теми важни за македонското општество и на проекти, …

Наградата „Роберто Беличанец“ доделена на Изданијата на Метаморфозис Read More »

Нови рочишта за „Титаник“ и „ТНТ“


Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Титаник“ и „ТНТ“, кои од СЈО ги презеде во надлежност и натамошно постапување Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Случајот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова. На минатото …

Нови рочишта за „Титаник“ и „ТНТ“ Read More »

Сообраќајот умерен, без подолги задржувања за влез и излез од државата


Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено …

Сообраќајот умерен, без подолги задржувања за влез и излез од државата Read More »

САД ги зголемуваат безбедносните мерки пред изборите во 2020 година


САД– Соединетите држави се заштитуваат од странски влијанија на претстојните избори во 2020 година, се наведува во заедничко соопштение на Федералното биро за истраги, Агенцијата за национална безбедност и пет други агенции. Во соопштението е истакнато дека ќе има беспрекорно ниво на координација помеѓу сите 50 држави и териториите на САД за да се гарантира …

САД ги зголемуваат безбедносните мерки пред изборите во 2020 година Read More »

Јункер: Лондон ја напушта ЕУ до 31 јануари


Англија – Велика Британија ќе ја напушти Европската унија до 31 јануари следната година, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Тој за Би-Би-Си изјави дека верува оти брегзит ќе се случи на крајот на последното продолжување на излегувањето на Велика Британија од Унијата. Јункер истакна дека брегзит е предолга приказна што треба да заврши. Британскиот …

Јункер: Лондон ја напушта ЕУ до 31 јануари Read More »

Работилница на ЕУ за финансирање проекти „ЕУ во Скопје!“


Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска организира работилница за финансиската поддршка којашто ја овозможува ЕУ. На настанот ќе се обратат евроамбасадорот Самуел Жбогар, вицепремиерот за европски прашања и национален координатор за ИПА-инструментот Бујар Османи, раководителот на Секторот за соработка во делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини, како и шефот на Секторот за евроинтеграции, политички прашања, …

Работилница на ЕУ за финансирање проекти „ЕУ во Скопје!“ Read More »

Собранието ќе избира потпретседател, а ќе го разгледа и Извештајот на ЕК за 2019


Пратениците на денешната 116. седница треба да изберат потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, по што ќе ја одржат 111. седница на чиј дневен ред е Извештајот на Европската комисија за 2019 година и дел од Стратегијата за проширување што се однесува на Република Северна Македонија. За нов потпретседател од страна на пратеници од …

Собранието ќе избира потпретседател, а ќе го разгледа и Извештајот на ЕК за 2019 Read More »

Сондленд: Трамп ја условуваше воената помош на Украина со истрага за Бајден


САД– Амбасадорот на САД во ЕУ Гордон Сондленд, кој сведочеше зад затворени врати во истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп, го смени исказот и призна дека знаел дека воената помош на Украина е условена со тоа претседателот на земјата Володимир Зеленски јавно да каже дека отворил истрага за бизнисот на синот на Џозеф Бајден. …

Сондленд: Трамп ја условуваше воената помош на Украина со истрага за Бајден Read More »

Туск нема да се кандидира за претседателските избори во Полска


Белгија– Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, синоќа објави дека нема да се кандидира на претседателските избори во Полска, поради неговото тешко искуство како премиер на таа земја. – Јас нема да бидам кандидат на следните претседателски избори, изјави Туск за Полската телевизија, зборувајќи од Брисел. Неговата одлука значи дека опозициските сили во Полска немаат кандидат …

Туск нема да се кандидира за претседателските избори во Полска Read More »

Пендаровски од Макрон директно ќе ги слушне француските ставови за проширувањето


Претседателот Стево Пендаровски идната недела ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, и ќе има можност директно од шефот на француската држава да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање. Средбата меѓу Пендаровски и Макрон, како што потврдија од Кабинетот на претседателот, ќе се одржи на 12 …

Пендаровски од Макрон директно ќе ги слушне француските ставови за проширувањето Read More »

„Најлудо“ се вози на Скопската обиколница, нови бројачи за брзина и фреквенција


Со брзина од 150 километри на час се движеле над 13.300 автомобили на Скопската обиколница во текот на септември годинава. На патот Тетово – Гостивар, пак, со брзина од 150 километри на час возеле 3.921 возило. Вкупната фреквенција на сите патишта во државава заклучно со септември годинава изнесува 490.735 возила, покажуваат податоците од автоматските и …

„Најлудо“ се вози на Скопската обиколница, нови бројачи за брзина и фреквенција Read More »

Со сослушување сведоци денеска продолжува судењето за „Ласкарци“


Со сослушување сведоци денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени. За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци се обвинети шест лица. Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а застапник …

Со сослушување сведоци денеска продолжува судењето за „Ласкарци“ Read More »

Во октомври повисоки температурите за 2,4 степени, 19 дена било над 20 степени


Деветнаесет дена во октомври биле со температура над 20 степени, а средномесечните просечни температури се повисоки за 2,4 степени во однос на просекот од 1981 до 2010 година. Месецот бил потопол и енормно сув. Од УХМР наведуват дека средната месечна температура варирала од 10,8 Целзиусови степени во Маврово и Берово до 17,4 степени во Гевгелија. …

Во октомври повисоки температурите за 2,4 степени, 19 дена било над 20 степени Read More »

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Италија


Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Италија. Пендаровски во Рим ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела. Двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации. Претседателот Стево Пендаровски ќе има средба …

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Италија Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Идеален ден да се запрашате каде и како ќе ги инвестирате своите финансии: најдобро ќе биде да ги додадете своите средства во домашниот буџет и практично да се грижите за семејството, домот и работата. Независни, силни и страсни, од витална важност е да бидете нежни со саканите и да им обезбедите комфорна средина. Љубете …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Рома нуди 12 + 3 милиони евра за Смолинг, Манчестер бара 18 милиони


Италија– Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома сè уште е заинтересирана да го откупи дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Крис Смилинг. Според информациите објавени од новинарот на „Ла газета дело спорт“, Николо Скири, римјаните нудат 12 милиони евра за 29-годишен фудбалер, плус три милиони бонуси. Од друга страна, англискиот клуб сака да заработи од продажбата на играчот 18 милиони. …

Рома нуди 12 + 3 милиони евра за Смолинг, Манчестер бара 18 милиони Read More »

Реконструирани улиците „Бихаќка“ и „Црниче“


Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на коловозот и на дел од тротоарите на улиците „Бихаќка“ и „Црниче“, меѓу општините Центар и Кисела Вода. Оштетениот коловоз е обновен на должина од 810 метри на потегот од крстосницата кај подвозникот, се до улицата „Востаничка“. За реконструкцијата на овие улици Град Скопје издвоил околу девет милиони …

Реконструирани улиците „Бихаќка“ и „Црниче“ Read More »

Холивудска премиера на „Пајни: осамената елка“


Во Волф театарот во склоп на Академија за телевизиски уметности и науки во Лос Анџелес премиерно беше прикажан „Пајни: осамената елка“ – краткометражен филм по сценарио и режија на познатиот холивудски тандем Тимоти Хутен и Тод Едвардс, за кој комплетната анимација, продукција и постпродукција ја изработи компанијата „В хаус анимејшн“ од Скопје. Дамјан Митревски, извршнен …

Холивудска премиера на „Пајни: осамената елка“ Read More »

Мирен протест во Сараево поради лауреатот на Нобеловата награда за литература


БиХ – Претставници на „Здружението на жртви и сведоци на геноцидот во БиХ“ организираа денеска мирен собир пред зградата на Амбасадата на Шведска во Сараево, поради одлуката Нобеловата награда за литература да се додели на австрискиот книжевник Петер Хандке. Демонстрантите оценија дека со врачувањето на наградата на Хандке е исто како таа да била доделена на …

Мирен протест во Сараево поради лауреатот на Нобеловата награда за литература Read More »