Рома нуди 12 + 3 милиони евра за Смолинг, Манчестер бара 18 милиони


Италија– Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома сè уште е заинтересирана да го откупи дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Крис Смилинг.

Според информациите објавени од новинарот на „Ла газета дело спорт“, Николо Скири, римјаните нудат 12 милиони евра за 29-годишен фудбалер, плус три милиони бонуси.

Од друга страна, англискиот клуб сака да заработи од продажбата на играчот 18 милиони.

Рома сака да склучи договор со Смолинг со важност до 2024 година. Платата на Англичанецот би била 3,2 милиони евра годишно.