Ракот на дојка не ги одминува ни мажите, в недела трка и прошетка „Race for the cure“


Здружението „Борка – за секој нов ден“ в ндела организира настан „Race for the cure„ во рамките на Националната кампања за борба против рак на дојка, кој ќе се одржи во Градски Парк, кај Школка и во уште 13 градови низ Македонија истовремено. -Ова ќе биде нашата 12-та Напред розово која што оваа година преминува […]

Изложба во МСУ: Милчо Манчевски и со фотографии ги поместува границите


„Уметничкиот пристап на Милчо Манчевски кон создавање слики постојано ги поместува границите и ги избегнува конвенциите. Во „ТАМУ“, тој нѐ води на патување кое е исто толку за чинот на гледање, колку и за сетилното искусување на местото“. Вака пишува ирскиот уметник и декан на Колеџот за уметност „Бурен“, Конор Мекгрејди за престојната изложба фотографии […]

И Атиџе на „Денови на македонскиот мед 2020“


Атиџе Муратовска, главната протагонистка на македонскиот докумантарен филм „Медена земја“ што беше номиниран за два Оскара, го привлече вниманието на оние што денеска дојдоа да го посетат Фестивалот на мед во Скопје. Фестивалот се одржува на улица „Македонија“, а Атиџе, која скромно дојде на отворањето, побуди голем интерес кај присутните. По воведното обраќање на претседателот […]

Почина Жилијет Греко, француска културна икона 


Франција – Жилијет Греко, пејачка, глумица, културна икона и муза на француските егзистенцијалисти по Втората светска војна, почина во нејзиниот дом во Раматјел, во јужна Франција, близу Сен Тропе. Имаше 94 години. Како што велат нејзините почитувачи и обожаватели, во нејзината седумдецениска кариера, со експресивните очи и длабокиот, рапав глас, наследени од нејзините предци Грци, […]

На аеродромот во Хелсинки кучиња откриваат Ковид-19


Финска – Финска распореди дресирани кучиња на аеродромот во Хелсинки кои откриваат патници заразени со новиот коронавирус. Четири кучиња од различни раси, обучени од финското Здружени за откривање на мириси, од средата почнаа со „работа“ на аеродромот во Хелсинки. Четири месечното истражување на алтернативни методи за тестирање на Ковид-19 е проект финансиран од финската Влада. Финска […]

Коронавирусот веќе зарази 32 милиони лица низ светот


САД– Повеќе од 32 милиони лица во светот се заразени со коронавирус, покажуваат најновите податоци на инетренет страницата „Worldometar“, САД и натаму се најтешко погодената земја од пандемијата со Ковид 19, бидејќи во неа се заразени повеќе од седум милиони лица, а над 200.000 веќе умреа. На второ место е Индија со речиси шест милиони […]

За борба против лажните вести потребна е здравствена писменост


Социјалните и традиционалните медиуми, организациите на пациенти и креаторите на политиките имаат улога во испраќањето јасни пораки кога станува збор за јавното здравство. Но, без соодветно вложување во здравствената писменост во училиштата, не може да се бори против лажни вести, предупредува Европскиот форум за пациенти (ЕПФ). Појавата на вакцината против Ковид-19 ќе биде голем предизвик […]

Супермоделот Џиџи Хадид роди девојче


САД– Џиџи Хадид и Зејн Малик станаа родители. Супермоделот и поранешниот член на поп-атракцијата „Уан дирекшн“ добија ќерка, здрава и убава како што споделија на социјалните мрежи. Пред Јоланда Хадид да потврди дека ќерката Џиџи Хадид (25) очекува принова, бремената супермоделка беше манекенка на над 10 модни ревии од висок профил во Париз, Лос Анџелес […]

Софија Лорен се враќа на филмот на 86 години, ќе глуми во филм на синот Едоардо


Италија– Италијанската актерска легенда  Софија Лорен (86), се враќа на филмот по пауза од 11 години. Лорен ќе глуми во драмата на Нетфликс  „Животот напред“, во режија на нејзиниот син Едоардо Понти. Софија ќе ја толкува Мадам Роза, Еврејка, која откако го преживеала холокаустот, се грижи за децата на починатите сексуални работници со кои некогаш […]

„Синеплекс“ повторно ги отвора кино салите


По последната одлука на Владата, „Синеплекс“ од денеска повторно почнува со работа. Протоколот за работа на киното  ќе биде јавно објавено на официјалната веб страна на Синеплекс. Со предложените протоколи за организирање настани од страна на Комисијата за заразни болести, а прифатени од Владата, „Синеплекс“ ги имплементирање во работењето со цел заштита на здравјето на посетителите […]

Германија ги предупредува граѓаните да не патуваат во повеќе региони на 11 европски земји, меѓу кои нови се Чешка, Франција и Португалија


Германија– Германија стави поголем број региони од 11 европски земји на списокот на ризични области за патување поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус и ги предупреди своите граѓани да не патуваат во нив. Нови на денеска објавениот список се неколку региони од Чешка, Франција и Португалија, пренесуваат британските медиуми. Според германското Министерство за […]

Почнуваат „Деновите на македонскиот мед 2020“


На улица „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде организрано свечено отворање на манифестацијата „Денови на македонскиот мед 2020“. Овие 16-ти по ред „Денови на македонскиот мед“ ќе ги отворат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ Како што соопшти организаторот на настанот, Пчеларското здружение  „Матица“, посетителите на манифестацијата ќе можат да […]

И германскиот министер за економија Петер Алтмаер е во карантин


Германија– Германскиот министер за економија Питер Алтмајер е вториот член на владата во Берлин што од вчера е во карантин поради епидемијата на коронавирусот, пренесуваат британските медиуми. Тој најави дека ќе остане дома бидејќи бил во контакт со помошникот на еден од неговите колеги министри во ЕУ, чиј тест за коронавирусот бил позитивен. Претходно, и […]

Ковид-19 најважен предизвик за државата во следните месеци


Најголемата криза со која и денес сме соочени е пандемијата со Ковид-19 која останува најважен предизвик и во следните месеци, но според сегашните проценки, не се очекува развој на пандемијата што би имал влијание врз општата безбедност во земјата, заклучи Советот за безбедност на вчерашната седница. Шефот на државата Стево Пендаровски по седницата на Советот […]

Променливо облачно со локален дожд и грмежи, повеќе сонце попладне


Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повеќе сончеви периоди во попладневните часови. Ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени. Во Скопје и околината променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од […]

Шеснаесет ракометари на Работнички заразени со корона


Вкупно 16 ракометари се заразени со Kовид-19 во редовите на Работнички. Сите се наоѓаат во изолација и немаат посериозни симптоми. Натпреварот меѓу Работнички и Металург во Групата Б од Суперлигата, кој требаше да се одигра утре, е одложен. Ова ќе значи и прекин на групата Б во следните 15 дена, а се очекува во следниве […]

Први тужби против Австрија поради заразите од Ишгл


Австрија – Први тужби се поднесени против Република Австрија во врска со инфекцијата со новиот коронавирус во австрискиот ски центар Ишгл, град што стана познат низ целиот свет на почетокот на пандемијата. Здружението за заштита на потрошувачите (ВСВ), преку својот адвокат Александар Клаузер, прво поднесе четири тужби на заразени до Виенскиот покраински суд за граѓанско право. […]

Пулмологија доби апарат за современа дијагностика на пациенти со астма и ХОББ


Апарат за обезбедување комплетно автоматизиран молекуларно дијагностички систем доби Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. Станува збор за донација во вредност од над 400.000 денари од фармацевтска компанија „Плива“, соопштија од Клиниката. – Донацијата на „Плива“ е од суштинско значење за современа дијагностика на пациентите со астма и хронична белодробна болест-ХОББ и следење на ефектите […]

Хајко Мас е во карантин, заразен со Ковид-19 е лице од обезбедувањето


Германија– Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас е во карантин откако негов телохранител бил позитивен на новиот коронавирус, соопшти денеска Министерството за надворешни работи, јави ДПА. Агенцијата појасни дека првичниот тест извршен врз шефот на германската дипломатија бил негативен. Мас не е првиот член на германската Влада кој е во самоизолација  поради коронавирус. Канцеларката […]

 “Налепница” со Сашко Коцев поблиску до Оскарот


 “Налепница” на Георги Унковски е избран за најдобар краток филм на 18. издание на Меѓународниот фестивал за краток филм “Ин д палас”. Софискиот “Ин д палас” е меѓународен фестивал за краток филм којшто е еден од официјалните светски фестивали кои ги квалификуваат победниците за  натамошна можност за номинација за Оскар. Победникот на овој фестивал за […]