Хајко Мас е во карантин, заразен со Ковид-19 е лице од обезбедувањето

Германија– Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас е во карантин откако негов телохранител бил позитивен на новиот коронавирус, соопшти денеска Министерството за надворешни работи, јави ДПА.

Агенцијата појасни дека првичниот тест извршен врз шефот на германската дипломатија бил негативен. Мас не е првиот член на германската Влада кој е во самоизолација  поради коронавирус.

Канцеларката Ангела Меркел помина две недели во домашен карантин во март откако имаше контакт со лекар кој бил позитивен на вирусот. Во тоа време тестовите и беа негативни.