Супермоделот Џиџи Хадид роди девојче


САД– Џиџи Хадид и Зејн Малик станаа родители. Супермоделот и поранешниот член на поп-атракцијата „Уан дирекшн“ добија ќерка, здрава и убава како што споделија на социјалните мрежи.

Пред Јоланда Хадид да потврди дека ќерката Џиџи Хадид (25) очекува принова, бремената супермоделка беше манекенка на над 10 модни ревии од висок профил во Париз, Лос Анџелес и Њујорк, а нејзините обожаватели не приметија ништо.

Хадид вреди околу 29 милиони долари. И не, тој број не му одговара на Малик, кој вреди околу 65 милиони долари благодарение на неговата успешна музичка кариера.

Поголемиот дел од нејзиниот приход произлегува од нејзината успешна кариера на модната сцена. Во 2017 година, Хадид беше прогласена за петти најплатен модел од Форбс, со проценет приход од 9,5 милиони американски долари годишно.

Покрај нејзиниот ангажман на ревии, манекенката потпиша и неколку вносни договори, меѓу кои со козметичката куќа Мејбелин, за водата Евијан, БМВ, Версаче и Томи Хилфигер.