Почнуваат „Деновите на македонскиот мед 2020“


На улица „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде организрано свечено отворање на манифестацијата „Денови на македонскиот мед 2020“.

Овие 16-ти по ред „Денови на македонскиот мед“ ќе ги отворат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ

Како што соопшти организаторот на настанот, Пчеларското здружение  „Матица“, посетителите на манифестацијата ќе можат да ги разгледаат штандовите со мед и пчелни производи, како и да ја проследат подготвената програма.