Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Идеален ден да се запрашате каде и како ќе ги инвестирате своите финансии: најдобро ќе биде да ги додадете своите средства во домашниот буџет и практично да се грижите за семејството, домот и работата. Независни, силни и страсни, од витална важност е да бидете нежни со саканите и да им обезбедите комфорна средина. Љубете повеќе.

БИК: Полека се ослободувате од погрешните уверувања кои што не ви дозволуваат да напредувате: што и да се случува во животот, знаењето дека сте божествено поврзани со повисоките астрални светови ви дава надеж и мир. Сега сте подготвени да ги примите благословите поддржани од планетите: нови работни потенцијали. Успех и среќа.

БЛИЗНАЦИ: Ако досега ги потиснувавте солзите, денес е идеален ден да се исплачете и конечно да го ослободите своето срце: во оваа игра се вклучени три страни и секој треба да ја признае својата улога во случувањата. Соочувањето со болката и тагата ќе ви донесе олеснување, со што ќе добиете шанса да научите нешто повеќе од своите грешки.

РАК: Доаѓате до значителна сума на пари, со која што ќе си овозможите поудобен живот: сепак, имајте во предвид дека е добро да им помогнете на помалку среќните, бидејќи парите служат и за тоа. Вредноста на некоја личност не се состои во тоа колку пари има и заработува, туку во имањето на широка душа и разбирање. Останете флексибилни.

ЛАВ: Ова е совршен ден да направите пауза во животот и да откриете колку е богата вашата душа: ако сте повикани да присуствувате на некоја церемонија каде што се доделуваат награди, ќе ја покажете својата сериозна и мудра страна. Искуството значи многу во овој свет на површни и полупечени податоци, затоа покажете од што сте направени!

ДЕВИЦА: Чувството дека имате, па немате е некое далечно минато: иако работите се сѐуште несигурни, се чини дека ќе успеете да најдете корисно решение во име на сите засегнати страни. Љубовта е сила која што е кадарна да изгради кинески ѕид за една ноќ, па така и вие пријатели ќе успеете да ги повикате пријателите да прослават. Успешна соработка.

ВАГА: Можеби сте изморени обидувајќи се да покажете колку вредите: зарем не постои никој што би можел да ја увиди вашата компетентност? Од вердо небо се јавуваат шанси да се поврзете со некоја многу важна личност, која што ќе ви покаже како се стигнува до врвот: знаејќи дека постои некој што го штити вашиот грб, ќе ја вратите самодовербата.

СКОРПИЈА: Со голема сила продолжувате по сопствениот план за постигнување на поголема слобода и независност, но нешто ги кочи вашите планови: имате помалку пријатели отколку што си замислувате, а повеќе отколку што знаете. Сето ова е последица на некој внатрешен дисбаланс, кој што ќе блесне како гром: после бурата, сѐ е појасно.

СТРЕЛЕЦ: Конечно и вие да ги покажете своите вештини: прекрасен период кој што изобилува со зрели шанси, со кои што ќе ја пролавите својата добра среќа. Пријателите и семејството се тука да ви дадат поддршка и да ве натераат да размислувате убаво за себе си. Не чекајте повеќе и грабнете ја првата шанса со која што ќе постигнете слава.

ЈАРЕЦ: Повторно се чувствувате дека треба да правите отстапки и како да се враќате наназад: сѐ е испревртено наопаку, а на тоа следат и сериозни зборови, искажани набрзина и без размислување. Што и да се случува, ќе успеете да најдете повод да се нашалите и да покажете колку сте зрели: вашите увиди се со вреден карактер. Време за нежност.

ВОДОЛИЈА: Бавни и по малку мрзеливи, работите методично и посветено за да ги остварите своите цели: можеби ви е досадно, особено во рутинските задачи и работите кои што се репететивни, но од есенцијална важност е да истраете и да ги комплетирате сите задачи и проекти до едно ниво кое што веќе сте го ветиле претходно. Бидете поодговорни.

РИБИ: Ако се прашувавте кога конечно ќе дојдат вашите пет минути, бидете спокојни бидејќи денес ќе добиете многу повеќе од тоа: емоционално зрели, стекнувате поддршка кај некоја сочувствителна личност, која што одлично ги контролира своите рекации. Соочени со повеќе волшебни опции, бирајте ја онаа која што ѝ е најдрага на вашето срце.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]