Кина работи на 6-Г технологија


Кина – Кина започна истражувања околу мобилниот интернет од шестата генерација – 6-Г. Имено, кинеското Министерство за наука и технологија синоќа соопшти дека е основана и работната група што ќ́е работи на новата технологија. „Работната група ја сочинуваат 37 стручни лица од повеќе истражувачки институти и компании. Ова го означува официјалното отпочнување на истражувањата и …

Кина работи на 6-Г технологија Read More »

Илхан Ќучук е новиот известувач за Македонија во Европарламентот


Белгија – Бугарскиот европратеник од редовите на Либералите, Обнова, Илхан Ќучук, е новиот известувач за Македонија во Европскиот Парламент. Одлуката е донесена вчера на комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент. Ќучук доаѓа на оваа позиција за следните пет години на местото на Словенецот Иво Вајгл. Улогата на известувачот во Европскиот Парламент е да ги подготвува …

Илхан Ќучук е новиот известувач за Македонија во Европарламентот Read More »

Најмногу дожд во Лазарополе, најстудено во Берово


Најмногу дожд до седум часот утринава наврнал во Лазарополе – 18 литри на метар квадратен, а најмалку во Прилеп и Куманово еден литар на метар квадратен. Најстудено утринава е во Берово каде се измерени шест степени, но во целата држава утринските температури се над нулата. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, утринава преовладува промениво …

Најмногу дожд во Лазарополе, најстудено во Берово Read More »

Концерт на Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски Ѓумар“ во Софија


Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски Ѓумар“ вечер ќе одржи концерт во салата на Чешки центар во Софија. Диригент на концертот ќе биде Ангел Спироски, а според програмата се предвидени композиции од Дарија Андовска, Ајвс, Шпор и Мартину. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои повеќе од 32 години и е …

Концерт на Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски Ѓумар“ во Софија Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Вложувате искрен напор да ги направите толку саканите промени и авантури: ќе треба да ги најдете вистинските зборови со кои што ќе го допрете срцето на саканите и оставите добар впечаток. Малку по малку, ќе ги отстраните нереалните очекувања во однос на работата и ќе успеете да дојдете до помодерни солуции. БИК: Луѓето уживаат …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Спасовски: Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите дека во бегството на поранешниот специјалец се вмешани и некои полициски службеници, нагласи дека има разни шпекулации и оти полицијата не смее своите одлуки да ги темели на ниво на шпекулации. Истакна дека вчера конечно Јавното обвинителство во Штип отвори …

Спасовски: Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста Read More »

„Кармен“ по 17 години со премиера во НОБ


Во Националната опера и балет се одржа прес-конференција по повод премиерата на операта „Кармен“ од Жорж Бизе, која ќе биде изведена на 8 и 12 ноември. По нејзината последна премиерна обнова во 2002 година, по 17 години, „Кармен“ ја доживува својата седма премиерна обнова реализирана во рамките на националната оперска куќа. Нејзиното поставување, како и …

„Кармен“ по 17 години со премиера во НОБ Read More »

Шер: Носев контраверзни фустани на Oскарите за да испратам порака на Академијата


САД- Шер (73) само потврди дека отсекогаш била крајнo бунтовнa со стилот. Актуелна со новиот спот за „Вог“во кој ги промовира најиконичните изгледи од 1965 година до денес, поп-ѕвездата ја сподели приказната зад нејзиниот контроверзен аутфит за Оскарот во 1986 година. Создаден од нејзиниот долгогодишен пријател и дизајнер, Боб Меки, Шер носеше црна тоалета проткаена …

Шер: Носев контраверзни фустани на Oскарите за да испратам порака на Академијата Read More »

Ричард Гир го чека второто дете со Александра


САД– Славниот актер Ричард Гир (70) и неговата втора сопруга Алехандра (36)  го очекуваат своето второ дете. Додека двојката е прилично тивка во врска со нивниот личен живот, Алехандра објави селфи на нејзиното бебе, кога таа беше бремена со нивниот син. „Јас сум многу среќна! # Среќна девојка“, напишала под фотографијата. Ова ќе биде трето …

Ричард Гир го чека второто дете со Александра Read More »

Лавров: Ограничувањата на руските медиуми се политичка цензура


Русија– Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека ограничувањата на работата на руските новинари во голем број држави е обид да се воведе политичка цензура. – Постои непријателска атмосфера и недоверба кон руските медиуми во голем број земји, истакна Лавров на конференција посветена на слободата на медиумите. Како што истакна, шефот на …

Лавров: Ограничувањата на руските медиуми се политичка цензура Read More »

Буџетот за 2020 на денешната владина седница


На дневниот ред на денешната редовна 163-та седница на Владата на Република Северна Македонија е ставен на усвојување Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година и Предлог – законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година. На оваа седница, како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, ќе биде …

Буџетот за 2020 на денешната владина седница Read More »

Стотици домови разурнати во Франција, Шпанија и Италија по бурата Амели


Франција– Стотици домови се разурнати во Франција, Шпанија и Италија по бурата Амели, а илјадници лица останаа без струја. Невремето ја зеде и втората жртва, кога во понеделникот една жена во Ница настрада при свлечиште на земјиштето. На некои места јачината на ветрот достигнува до 160 километри на час, поради што се формираат огромни бранови. …

Стотици домови разурнати во Франција, Шпанија и Италија по бурата Амели Read More »

„Луфтханза“ побара судска забрана за штрајк


Германија – Германската авиокомпанија „Луфтханза“ побара од судот во Франкфурт да изрече забрана за штрајк на кабинскиот персонал, најавен за утре и в петок. Портпарол на компанијата потврди дека „Луфтханза“ побарала од Работниот суд во Франкфурт да изрече мерка забрана. Од компанијата соопштуваат дека работат на изработка на план на летање, кој ќе биде објавен денеска. …

„Луфтханза“ побара судска забрана за штрајк Read More »

„Аудиенција“ од Хавел во МНТ по повод 30 години од Кадифената револуција


Во Македонскиот народен театар вечер од 18 часот ќе биде изведена премиерата „Аудиенција“ од Вацлав Хавел во режија на Сибел Абдиу, во рамки на одбележувањето 30 години од Кадифената револуција. Ја организира Амбасадата на Чешка во Скопје, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија, Министерството за култура, МНТ и „Машина продакшн“. „Аудиенција“ е трагикомична апсурдна …

„Аудиенција“ од Хавел во МНТ по повод 30 години од Кадифената револуција Read More »

Ѓоковиќ и Федерер ќе бидат во иста група на завршниот Мастерс


Англија– Од 10 до 17 ноември во „О2 арената“ во Лондон ќе се одржи завршниот Мастерс турнир на кој ќе настапат осумте најдобри тенисери на светот, а со ждрепката, беше одредено Роџер Федерер да се најде во група со Новак Ѓоковиќ. Во моментов, лидер на АТП листата е Рафаел Надал, а вториот Ѓоковиќ и третиот …

Ѓоковиќ и Федерер ќе бидат во иста група на завршниот Мастерс Read More »

Заев: Средбата на Пендаровски со Макрон може да биде само од помош


Премиерот Зоран Заев ја поздравува најавената средба на претседателот Стево Пендаровски со неговиот француски колега Емаунел Макрон и смета дека таа може да биде само од помош и е можност уште еднаш да се разговара и да се претстават аргументите што се на нашата страна во процесот на проширување. – Среќен сум што конечно наш …

Заев: Средбата на Пендаровски со Макрон може да биде само од помош Read More »

Владата одобри гасификација на КПУ Затвор Скопје за намалување на аерозагадувањето


Влада на вчерашната 162 редовна седница ја одобри гасификација на КПУ Затвор Скопје за намалување на аерозагадувањето, обезбеди буџет за изградба на детски градинки во Чаир и Лозово и за опрема во градинките во Куманово, Брвеница и Босилово, а ја започнува и подготовката за пилот програма за сексуално образование. На седница, соопшти владиниот Сектор за …

Владата одобри гасификација на КПУ Затвор Скопје за намалување на аерозагадувањето Read More »

АД ЕСМ: Државата се снабдува од домашно производство, нема увоз на струја


Тарифните потрошувачи во државата се снабдуваат со електрична енергија од домашно производство, односно главно од производните капацитети на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Недостиг на електрична енергија нема, ниту е потребен интервентен увоз, се вели во демантот на ЕСМ на ВМРО-ДПМНЕ. ОД ЕСМ информираат дека не се точни наводите изнесени од ВМРО- ДПМНЕ. – …

АД ЕСМ: Државата се снабдува од домашно производство, нема увоз на струја Read More »

Фридом хаус: Интернет слободата загрозена од дигиталниот автократизам, пропагандата на социјалните медиуми фунционира подобро од цензурата


САД – Слободата на интернет е загрозена од дигиталниот авторитаризам проникнат низ целиот свет, додека репресивните режими, политичари и партиски активисти со автократски тенденции ги користат социјалните медиуми за контрола врз граѓаните и дисторзија на политичките процеси, се вели во најновиот извештај на „Фридом хаус“ за слободата на интернетот. Како резултат на ваквата ситуација, извештајот …

Фридом хаус: Интернет слободата загрозена од дигиталниот автократизам, пропагандата на социјалните медиуми фунционира подобро од цензурата Read More »

Седум сообраќајки во Скопје, тешко повреден патник во автобус


Патник во автобус бил тешко повреден во една од вкупно седум сообраќајни незгоди што се случилеи во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајки со полесни повредни се здобиле шест лица, а во една била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала пет возачи кои …

Седум сообраќајки во Скопје, тешко повреден патник во автобус Read More »