Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Вложувате искрен напор да ги направите толку саканите промени и авантури: ќе треба да ги најдете вистинските зборови со кои што ќе го допрете срцето на саканите и оставите добар впечаток. Малку по малку, ќе ги отстраните нереалните очекувања во однос на работата и ќе успеете да дојдете до помодерни солуции.

БИК: Луѓето уживаат во вашето друштво, затоа што им давате нешто важно кој што никој друг тоа не може да го направи: вашите зборови имаат длабочина и полни се со утеха, а особено е важно што стоите сигурно зад тоа што го работите. Поддржани од страна на важни личности, изразувајте се автентично и претставете се пред светот.

БЛИЗНАЦИ: Останете опуштени ако почувствувате дека некоја личност со нагласени емоции се обидува да влијае врз вас: не нервирајте се и запрашајте се дали навистина сакате да побегнете. Можеби и вам ќе ви дојде добро да бидете милувани, заштитени и сакани за промена. Елоквентни и храбри, ужувајте во возбудата. Коригирајте ја диоптријата.

РАК: Ако сте изградиле зидови и кули околу својот свет, нема да успеете да привлечете добра среќа: не плашете се да се соочите со непознатото, бидејќи би можеле да бидете убаво изненадени. Ова е одличен ден за пријателска дружба и славење, како и простување. Помирете ги спротивностите и смирете го нервниот систем.

ЛАВ: Ако сакате да го вратите сопствениот мир и благосостојба, посветете го сето свое внимание на домот и семејството: обидете са да ги измазните разликите и разговарајте софистицирано и со дигнитет. По некоја чудна случајност, ќе успеете да ја вратите хармонијата и да уживате во изобилство на смеа, љубов и богатство. Длабока љубов.

ДЕВИЦА: Убави планетарни влијанија кои што ви кажуваат дека со иновативно и креативно размислување ќе успеете да ги реализирате своите сништа: најавете ги саканите проемни и верувајте му на својот редок гениј кој што може да смисли неконвенционални тактики во последен момент. Ова е момент за крупни одлуки. Бидете спонтани.

ВАГА: Вашиот емоционален живот се продлабочува и сега сфаќате дека саканите имаат поширока перспектива отколку што си мислевте: нежни зборови, хармонија и смиреност после период на дилеми. Ќе заборавите на доскорешните игри и ќе откриете дека сѐуште постои жар во вашата врска: препуштете ѝ се на љубовта.

СКОРПИЈА: Сакате да напредувате, но долго време се двоумите како: еден дел од вашиот живот треба да остане во минатото, без оглед колку болно звучи тоа. Можни се проблеми во бизнис секторот, но со голема воља и упорност, ќе успеете да поставите нови параметри со кои што ќе ја вратите контролата во непосредната иднина. Дајте си време и простор.

СТРЕЛЕЦ: Со добра виталност и голема физичка сила, ги менувате сите потешкотии, претворајќи ги во благослови: вашиот сексуален интерес е разбуден и така ќе биде следните три недели. Внимавајте да не се заљубите во некоја личност, која што ако ја бакнете, ќе исчезне во некој волшебен свет: ќе направите сѐ да појдете таму и да ја вратите!

ЈАРЕЦ: Ова е важен период, во кој што не смеете да дозволите да бидете блокирани од преголема тага или меланхолија: да, ги имате потребните инструменти за да напредувате, но не, сега не е вистинското време. Збогувајте се со оние врски кои немаат повеќе содржина, ниту жар и бидете храбри. Тагата ќе замине набрзо и ќе ви биде полесно.

ВОДОЛИЈА: Секој има сопствена идеја за тоа што е правилно и добро, а што не: ако сакате да напредувате директно, нема да можете и ќе бидете стопирани од некои нејасни околности или некоја личност која што ќе сака да ве убедува во спротивното. Ако се соочувате со корупција, повлечете се или аргументирајте и објаснете ги тајните.

РИБИ: Нежни, сочувствителни и романтични, сакате да се поврзете на поинтимно ниво со саканите: сексуалноста е изразена и имате здрава идеја за тоа какви треба да бидат вашите врски. Ова е ден за нови почетоци, со кои што ќе излезете од рутината и ќе бидете преродени! Минувате низ прекрасна трансформација, ослободувајќи се од минатото.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]