Од петок до понеделник изменет сообраќаен режим во Скопје поради снимање на филм


Поради снимање на филм од петок до понеделник на дел од сообраќајниците во Скопје ќе има привремен прекин на сообраќајот, соопшти МВР. Во петок од 11 до 14 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на улицата „Даме Груев“, а во време од 14.00 до 18.00 часот на ул.„Димитрие Чуповски“, кај автобуската постојка спроти театарот […]

„4 пати слобода“ -изложба на Јакимовска, Мехмети, Мелник и Хвастунова


Во Младинскиот културен центар вечерва ќе биде отворена изложбата „4 пати слобода“ која е заеднички проект на четири ликовни уметнички, кои потекнуваат од различни културни средини, различни етникуми и кои имаат различен ликовен сензибилитет и визуелен пристап. Едно нешто што заедничко за сите нив е тоа што се жени и делат сродни размислувања за важноста […]

Закерберг ќе донира уште 100 милиони долари за организирање на изборите во САД


САД– Основачот на Фејсбук Марк Закерберг објави дека ќе донира уште 100 милиони долари за локалните изборни администрации во САД. Ова е дополнување на 300 милиони долари кои минатиот месец ги ветија Закерберг и неговата сопруга Присила Чан, за одржување на изборите на 3 ноември. Средствата ќе бидат искористени за купување машини за гласање, маски […]

Паолучи од Светска банка: Растот на економијата ќе се враќа како што ќе слабее пандемијата, економските и социјални мерки приоритет на властите


Растот не економијата се очекува да се враќа како што ќе слабее пандемијата. Под претпоставка дека нема да има нови ограничувања на движењето и нема да има нови бранови на Ковид-19 во текот на претстојната зима, растот во 2021 година би требало да стане позитивен и да достигне ниво од 3,6 проценти. Ова го наведува […]

Изложба „Културното богатство во марките на Македонска пошта“


Во Музејот на Република Северна Македонија од денеска за посетителите е отворена изложбата „Културното богатство во марките на Македонска пошта“. Изложбата е во чест на Светскиот ден на поштите. Со изложбата се одбележува формирањето на Светската унија на поштите на 9 октомври 1874 година, со единствена цел да се подигне јавната свест за улогата на […]

Изложба на илустрации од доајенот Димитар Кондовски во Мала станица


Во рамки на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, вечер ќе биде отворена изложба на илустрации на еден од доајените на македонското сликарство, Димитар Кондовски. Изложбата ќе биде отворена во Националната галерија, објект „Мала станица“, под посебен протокол во однос на заштитните мерки против Ковид-19. Димитар Кондовски (1927-1993) имал […]

Почнува 39. Скопски џез фестивал, прв пат директен пренос на МТВ


Музичките уметници со светско реноме Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов вечер ќе го отворат 39-ти Скопски џез фестивал, што ќе се одржува до 17 октомври годинава. Познати изведувачи од земјава и од Европа ќе одржат концерти во живо во салата на Националната опера и балет во рамки на фестивалот. Од земјава ќе учествуваат специјалниот фестивалски […]

Македонија за добрососедство, Берлин со надеж дека првата Меѓувладина конференција ќе се одржи во декември


Засилени дебати и во Северна Македонија и во Бугарија изминатите денови, по бугарскиот појаснувачки меморандум, во кој меѓудругото се негираат македонскиот јазик и македонската нација, но и по средбата во Софија меѓу министрите за надворешни работи Бујар Османи и Екатерина Захариева, на која биле потврдени бугарските позиции. Се отвори прашањето за тоа колку добрососедството навистина […]

Фејсбук: Рекламите против вакцинацијата ќе бидат отстранети


САД – Фејсбук соопшти дека воведува нови правила според кои рекламите против вакцинацијата ќе бидат отстранети. Претходно, компанијата имаше политика против измама со вакцини, кои беа јавно идентификувани од глобалните здравствени организации. „Ако рекламата има за цел да ги одврати потрошувачите од вакцината, ние ќе ја одбиеме“, наведоа Канг-Син Џин, главниот здравствен директор на компанијата […]

„Илај Лили“ ги запре клиничките испитувања на терапијата со антитела


Англија – Американскиот произведувач на лекови „Илај Лили енд Компани“ објави дека ги запира клиничките испитувања на терапијата против Ковид-19, спонзорирана од владата, поради безбедносни прашања. „Илај Лили енд Компани“ не соопшти кои ќе бидатпоследиците од прекинувањето на клиничките испитувања. Компанијата, претходно овој месец, објави дека ќе аплицира за итна дозвола за употреба на терапија со […]

За воведување на новите антикорона мерки потребни се законски измени, Владата одобри набавка на вакцини против Ковид-19


Владата на вчерашната седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски на отворено и за забрана за групирање во домови на семејни прослави и на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот, при што заклучи дека за нивно спроведување ќе бидат неопходни измени во Законот за […]

Дилеми околу онлајн работењето на Собранието – власта „за“, опозицијата „против“


По трите потврдени случаи на пратеници активни на вирусот Ковид-19, се интензивираа дебатите околу можноста за заседавање на Собранието преку онлајн апликации. Владејачкото мнозинство предлага промена на Деловникот за да се овозможи работа на далечина за пратениците кои имаат решение за изолација, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и […]

Жозеп Борел објави дека е во самоизолација поради Ковид-19


Белгија– Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, објави дека е во самоизолација по информација дека член на делегацијата на ЕУ со кого минатата недела отпатувал во Етиопија бил позитивен на Ковид-19. „Мојот тест во неделата беше негативен. Во согласност со правилата, јас сум во самоизолација и ќе направам уште еден тест“, објави Борел на […]

Облачно и ветровито


Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во претпладневните часови и претежно во планинските региони. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 17 до 24 степени. Во Скопје, ведро со мала до умерена облачност и со слаб до […]

Роналдо е позитивен на коронавирус


Португалија – Напаѓачот на Јувентус и Португалија, Кристијано Роналдо е позитивен на коронавирус. Сега фудбалерот ќе мора да оди на самоизолација. Така, тој ќе го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Шведска закажан за утре. Исто така, тој мора да ги пропушти следните натпревари за Јувентус – со Кротоне во италијанскиот шампионат (17 октомври) и […]

Oбјавена колекција хитови во спомен на Влатко Илиевски


Две години по заминувањето на Влатко Илиевски, една од најголемите музички ѕвезди во Македонија, се сеќаваме на неговите безвременски хитови кои се дел од новото издание – „За љубов се пее до крај“, некомерцијално издание, кое конечно ја здогледа светлината на денот. Станува збор за колекција составена од најголемите хитови на Влатко, кои ја одбележаа […]

Во недела се жени градоначалникот Саша Богдановиќ – свадбата во Косово


За овој викенд е закажана венчавката на градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и неговата избраничка Јелена Брауновиќ, која е инаку наставничка во ОУ „Киро Глигоров“. Среќниот пар е во врска неколку месеци, а венчавката нема да биде во Македонија, туку во Косово бидејќи таму се запознале. Она што е најинтересно е дека тие се запознале […]

Ковид-19 зема замав во Франција, Макрон ќе се обрати пак на нацијата


Франција – Францускиот претседател, Емануел Макрон, повторно ќе им  се обрати на Французите за време на телевизиското интервју, со јасен фокус на борбата против коронавирусот, кој започнува полека но сигурно повторно да ги полни француските болници, јави дописникот на МИА. За коронавирусот Макрон последен пат зборуваше на 14 јули. На националниот празник, тој уверуваше: „ќе бидеме […]

СЗО: Зголемен бројот на заразени со коронавирус поради судирот во Нагорно Карабах


Швајцарија– Судирите меѓу ерменските сили во Нагорно Карабах и азербејџанската армија во последните неколку недели доведоа до зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). – Ковид-19 не ги почитува границите ниту линиите на фронтот, но ја користи секоја попустливост, секоја криза што го свртува нашето внимание од глобалните напори да […]

Обвинетите во „Змиско око 2“ ослободени од вина за злоупотреба на службената положба


Сите 22 обвинети во случајот „Змиско око 2“ се ослободени од вина за кривичното дело „злоупотреба на службената положба“, додека за дел од нив кои беа обвинети за „злосторничко здружување“ донесена е одбивателна пресуда заради застареност. Пресудата ја донесе денеска Основниот кривичен суд Скопје по завршните зборови од јавниот обвинител и завршните зборови на обвинетите […]