Пет причини за победата на Џо Бајден


Кандидатот на Демократската партија на американските избори, што се оддржаа на 3 ноември, Џо Бајден победи на претседателските избори и во својот трет обид успеа да влезе во Белата куќа, откако речиси половина век од неговата кариера мина во политиката. Тој и неговата потпретседателка Камала Харис мораа да минат низ социјални немири во земјата, 230.000 […]

Најстудено во Берово, минус пет степени


Најстудено угрово е во Берово каде што се измерени минус пет Целзиусови степени. Три степени под нулата е во Битола, минус два во Тетово, а минус еден во Скопје. Највисока утринска температура има во Дојран со шест и во Крушево пет степени. УХМР за денеска најавува сончево и тивко време. Претпладне по одделни котлини ќе […]

(Прва) дама


ЛЕЈЛА САБИТ Некогаш е добро да си прва, а некогаш последна. Дама во животот на мажот или во офисот на претседателот. Се заслужува по службена должност, или со однесувањето. Ја губите приватноста, ама добивате на престиж. Секој ве мерка, ве проценува, ве озборува, ви се восхитува или ве копира. Еднаш ја играте улогата на домаќинка, […]

Дритан Абазовиќ позитивен на коронавирусот


Црна Гора – Лидерот на црногорското граѓанско движење УРА и кандидат за министер за одбрана во новата црногорска Влада, Дритан Абазовиќ, вечерва соопшти дека е позитивен на коронавирус. „По тестирањето се покажа дека сум позитивен на коронавирусот“, напиша Абазовиќ на Твитер. Тој во твитот додава дека се чувствува добро, дека се наоѓа во самоизолација и се […]

Поранешни раководители на разузнавачки служби на САД најсериозни кандидати за директори на НСА и ЦИА


САД – Двајца поранешни високи раководители на разузнавачки служби на САД, Мајк Морел и Аврил Хејнс се најсериозни кандидати за позициите директор на Националната безбедносна агенција (НСА) и Централната разузнавачка агенција (ЦИА) под администрација на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, пренесуваат американските медиуми. Морел беше заменик на ЦИА за време на администрацијата на Барак Обама од […]

Горбачов: Победата на Бајден е шанса за подобри односи меѓу Русија и САД


Русија – Последниот советски претседател, 89-годишниот Михаил Горбачов, смета дека победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД може да биде шанса за подобрување на меѓусебните односи меѓу Москва и Вашингтон. Во интервју за агенцијата Интерфакс, Горбачов изјави дека Бајден е „чесна личност која го следи патот на разумот“ и оцени дека неговата победа е […]

Си-Ен-Ен: Кушнер и Меланија биле за признавање на поразот на Трамп, синовите Ерик и Доналд јуниор за оспорување на изборите


САД – Семејството на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп е поделено околу прашањето дали треба да го признае поразот на претседателските избори. Првата дама, Меланија и зетот Џеред Кушнер, го советувале да се помири со победата на Џо Бајден, додека синовите Ерик и Доналд Јуниор го поддржувале во напорите да продолжи да ги оспорува изборните […]

Османи и Захариева ко-претседавачи на средбата на шефовите на дипломатиите на Берлински процес


Шефот на дипломатијата Бујар Османи и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева денеска ќе копретседаваат со состанокот на министрите за надворешни работи од Берлинскиот процес за Западен Балкан, во рамки на копретседавањето на процесот од страна на Северна Македонија и Бугарија. Средбата на шефовите на дипломатиите ќе претходи на средбата на врвот на процесот утре во […]

Во Белата куќа со Бајден ќе се всели и куче земено од засолниште 


САД– Во Белата куќа, заедно со семејството на новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе се всели и куче земено од засолниште.  Откако ќе се преселат во Вашингтон, Бајденови ќе бидат придружени од два германски овчара. Како што соопшти синоќа Базфид, едниот волчјак, Чамп, е земен од одгледувач на кучиња, додека другиот, Мејџор, бил земен од засолништето за […]

Скопје, Белград и Тирана ќе потпишат Меморандум за соработка во справување со корона кризата


Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, во присуство на министрите за здравство на трите земји, денеска ќе одржат онлајн координативен состанок, по што ќе потпишат Меморандум за соработка со кој ќе се регулираат односите меѓу државите во услови […]

Продолжуваат разговорите со Бугарија за изнаоѓање решение за отворените билатерални прашања


Продолжуваат разговорите со Бугарија и директно и преку владините претставници и тимови, со цел изнаоѓање заедничко решение за отворените билатерални прашања во интерес на двете земји и во интерес на европските интеграции. За ова, меѓусебно уверување, изразија вчера во телефонски разговор премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов. Заев и Борисов, како што […]

Министерката Шекеринска во увид на новопробиената северна траса до „Криволак“


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе го посети армискиот полигон „Криволак“ каде е завршено пробивањето на 33-километарската делница која овозможува приод до воениот полигон од северната страна од правецот на Штип. На пробивањето на делницата, како што информираат од Министерството за одбрана, работел Инженерискиот баталјон на Армијата. Изградбата на оваа делница е дел од […]

Состојбата со Ковид-19 критична, Филипче апелира да се почитуваат мерките


Состојбата со Ковид-19 е критична, а болнииците веќе ги полнат сите капацитети, порача вчера министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Според вчерашниот медицински билтен, во болниците во земјава вкупно се хоспитализирани 973 заболени или сомнителни пациенти со Ковид-19. Поради се поголемиот број заразени на кои […]

Сончево и тивко со утринска магла по котлините


Времето денеска ќе биде сончево и тивко. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22 степена. Во Скопје и околина во раните претпладневни часови ќе биде магливо, а потоа сончево и тивко. Максималната тепретаура ќе достигне до 15 степени. […]

Што ја чека Меланија Трамп по Белата куќа: Посветена мајка или богата дама?


САД-Неконвенционална и непредвидлива, првата дама Меланија Трамп сега се соочува со задача да ја ослободи Белата куќа и да одлучи како ќе изгледа следната фаза од нејзиниот живот. Последните неколку дена од изборната недела беа бурни како и последните скоро четири години во Вашингтон – но прилично типично за неа: Таа беше видена само еднаш […]

Орбан му честиташе на Бајден, иако го поддржа Трамп


САД– Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска му ја честиташе победата на Џо Бајден на американските претседателски избори. – Дозволете да Ви честитам на успехот во претседателската кампања. Ви посакувам добро здравје и продолжување на успехот во исполнувањето на Вашите обврски,се наведува во честитката на Орбан Тој во септември ја поддржа кандидатурата на Доналд Трамп.

Интернет полуде по белиот костум на Камала Харис


САД– Твитер полуде пред Камала Харис да изговори збор од својот говор за победа. Во моментот кога таа стапна на сцената во Делавер – не помалку од песната на Мери Џ. Блајџ, гледачите беа привлечени од нејзината потпретседателска облека: бел костум со панталони и свилена кошула со машна . Таа ги замени омилените патики Converse […]

Моќен стил на Џил Бајден: Во фустан на Оскар де ла Рента им оддаде почит на Џеки Кенеди, Ненси Реган и Хилари Клинтон


САД– Џил Бајден ја започна својата улога како следна прва дама на САД на победничкиот митинг во Вилмингтон, Де. Прво со облеката со моќна порака. Стоејќи покрај избраниот претседател, нејзиниот сопруг Џо Бајден, д-р Бајден им оддаде почит на неколку први дами кои дојдоа пред неа. Таа носеше црн асиметричен фустан на Оскар де ла […]

Биба Додева е позитивна на коронавирус


Поп-пејачката и претседателка на Здружението за борба против ракот на дојка  „Борка“ Биба Додева на својот инстаграм профил објави дека е позитивна на Ковид-19. „Време е за Ковид-19. Дај Боже да помине поскоро“, напиша Биба покрај фотографиите со нејзиниот внук. Додева, во септември, во рамките на Скопски градски фестивал имаше концертна промоција на својот најнов […]

Џо Бајден: Нов претседател, но не и победник над омразата


Големи делови на светот го држеа здивот во неизвесност и сега можат полека да издишат и повторно да вдишат. Траеше долго (и тесно е), но Џо Бајден го победи Доналд Трамп. По само еден мандат и долги четири години, актуелниот претседател мора да ја напушти Белата куќа на 20 јануари. На овој ден, Џо Бајден ќе положи заклетва за претседател […]