Генерал Остин ќе биде новиот шеф на Пентагон


САД – Новоименуваниот претседател на САД, Џо Бајден го избра пензионираниот генерал Лојд Џеј Остин за нов министер за одбрана.

Остин се пензионира во 2016 година, а командуваше со трупите на САД на Блискиот Исток за време на мандатот на претседателот Барак Обама. Остин беше првиот Афроамериканец на таа должност.

Претходно, д-р Ентони Фаучи, долгогодишен директор на Националниот институт за алергии и заразни болести беше повикан да ја преземе должноста главен медицински советник на Бајден.

Бајден ќе стапи на должност на 20јануари 2021 година.