Облачно со врнежи од дожд, на планините снег


Фото: Б. Грданоски

Времето утре ќе биде облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд, над 20 литри на метар квадратен, а на повисоките планини од снег.  Од вечерните часови некаде во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, а максималната температура во интервал од 5 до 13 степени.

Следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег, наутро со услови за магла во котлините.