Хакери нападнаа американска компанија за кибербезбедност


САД –  Хакерска група нападнала е-пошта на калифорниска компанија што работи во областа на информациска безбедност. Трагите водат кон Русија, јавија американски медиуми. Прецизирано е дека хакерите се обиделе да пристапат до електронската преписка на компанијата CrowdStrike Holdings Inc. На блогот на компанијата е објавено дека специјалисти од Центарот за истражување ризици на Мајкрософт ги […]

Променливо облачно со сончеви периоди, по котлините магла


Времето во земјата денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините претпладне со појава на магла. Во западните делови ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе […]

Четврта изложба за неолитскиот локалитет Церје – Говрлево


Музејот на Град Скопје денеска напладне во Галерија Белогаски ќе отвори изложба „Скопје пред осум милениуми-4: Занаетчии и земјоделци од Церје – Говрлево. Таа е последна од четирите планирани изложби поврзани со неолитскиот локалитет Церје – Говрлево, во кои беа претставени високите дострели во материјалната култура на неолитскиот човек пред осум и седум милениуми. – […]

Реакции за нацрт-концепцијата за основно, според надлежните ќе има широка консултација за најдобро решение


Нацрт-концепцијата за основно образование за која надлежните тврдат дека предвидува издржани реформи што водат кон поквалитетно образование, предизвикува реакции од институции и здруженија кои сметаат дека треба да се подготви нова низ  долготраен процес и преку сериозна стручна и академска расправа. По реакциите на историчарите, наставниците по географија и по музичко образование, вчера, ден по […]

Бремените ослободени од работни обврски до завршување на пандемијата, последното деноноќие нови 592 случаи на Ковид-19


Бремените жени не се враќаат со физичко присуство на работа и по 31 декември. Тие се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство се до завршување на пандемијата со Ковид 19. Бројките на новозаразени според последните објавени извештаи говорат за приближни бројки на новозаразени и оздравени. Во билтенот вчера беа регистрирани 592 нови […]

Македонија подготвена за преговори, во фокусот на надворешната политика решавање на прашањето со Бугарија


Северна Македонија е подготвена за почеток на преговори со Европската Унија, земјата стори се што треба за да почне отворањето на поглавјата, фокусот и натаму е евроинтеграцијата, а одложувањето на преговорите беше грешка на самата Унија. Ова вчера го посочи шефот на дипломатијата, Бујар Османи, кој реферираше пред пратениците во Комисијата за надворешна политика за […]

Подарокот подарен од срце и со љубов е најубав: Ива Милошевска открива зошто убавиот накит на „Ребека“ е идеален за Нова година


Лејла Сабит -На потешкиот начин, во 2020 година сите сфативме дека најважно на светот е човечкото здравје, па потоа е сѐ друго. Научивме дека само храброста, одважноста и вербата во сопствените способности може да ни помогнат во адаптирањето на промените кои годинава чинам се редеа како на филмска лента! Ако е секое зло за добро, […]

„Преспав“ најавува специјално новогодишно издание (видео)


Трета година по ред, најпопуларната ТВ серија „Преспав“ подготвува специјално новогодишно издание што се емитува на МРТ1 и ја забавува публиката во домашна атмосфера пред малите екрани, се до полноќ. Изминатите новогодишни изданија со особена популарност се прегледуваа во текот на цел празничен јануари, а на YouTube каналот бројат повеќе од 1,5 милион прегледи.   И […]

Федерер и Вилијамс на листата учесници на Австралија Опен


Австралија – Швајцарецот Роџер Федерер, чие учество на Австралија Опен сè уште не е сигурно, и Американката Серена Вилијамс, која ќе се обиде да ја освои својата 24. гренд слем титула во кариерата, се наоѓаат на листата учесници што организаторите на првиот гренд слем турнир во 2021 година го објавија денеска во Мелбурн. Австралија Опен треба […]

ФФМ: Рекордна премија од 4,2 милиони евра за пласманот на ЕП


Рекордна премија од вкупно 4,2 милиони евра ќе добијат играчите и стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација за пласманот на Европското првенство (ЕП), соопшти попладнево ФФМ. За освоеното прво место во Д-групата од Лигата на нации и пласманот на завршницата на ЕП што ќе се игра идното лето, македонските репрезентативци и стручниот штаб веќе поделија награда од близу […]

Нема да има реконструкција на случајот „Монструм”


Реконструкција на петкратното убиство кај Смилковско Езеро нема да има. Вака денеска одлучи Кривичниот суд Скопје, кој образложи дека местото е променето. Одбраната на обвинетите истакна дека ова е седми пат што судот им го одбива овој предлог. Но, тие најавуваат дека и понатаму ќе инсистират за да се случи ова рекононструкција, многу важна за […]

Пет нови пловни објекти за Езерската полиција во Охрид


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска престојуваше во Охрид каде присуствуваше на презентација на новата опрема обезбедена за потребите на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ (Езерска полиција). Станува збор за пет пловни објекти со комплетна опрема, од кои четири патролни глисери со цврсто корито и кабини, со моќност од 200 и 160 […]

Агенција за филм: 2020 беше полна со предизвици, но и успеси


Долгометражниот игран филм „Барајќи ја Венера“ во режија на Норика Сефакој е косовско-македонска копродукција, селектиран во програмата Tiger competition на претстојното издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам. Филмот кој на Ротердам ќе ја доживее својата светска премиера е финансиски поддржан од страна на Агенцијата за филм на Конкурсот за учество во финансирање на домашни и […]

„Сексот и градот“ се враќа како мини-серија без Ким Катрал


САД- Хит серијата на „Ејч-Би-О“, „Сексот и градот“, ќе се снима пак, но без една од ѕвездите, Ким Катрал. Таа ќе се врати во вид на минисерија 16 години откако заврши последната, шеста сезона и десет години откако излезе филмот „Сексот и градот 2“. Холивудските медиуми пренесуваат дека Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин […]

„Сценска тишина“ – oнлајн изложба на МНТ


Во годината во кој Македонскиот народен театар ја слави својата 75-годишнина период доволно долг за испишување на историја и достојно одбележување, светот, а со тоа и културата, се соочија со голема пандемија. Театарот остана без верната публиката, актерот не е на сцената, текстот е неизговорен. Остана тишината. Изложбата „Сценска тишина“, во продукција на МНТ, претставува […]

Утре променливо облачно со сончеви периоди, за викендот облачно со врнежи од дожд, а на планините и снег


По котлините денеска ќе има појава на магла и ниска облачност. Во останатите места ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во западните делови каде во ноќните часови ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови. Максималната температура, како што соопшти […]

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 613 пациенти, слободни кревети има


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 613 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а слободни кревети има, информираат од Министерството за здравство.   По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 53 […]

Миу Миу не враќа во 80-тите: Најубава празнична колекција на винтиџ фустани


САД– Во потрага по облека за душа во Новата година , Upcycled by Miu Miu е капсулна колекција на винтиџ фустани кои сигурно ќе изгледаат блескаво насекаде. Исклучителните модели се состојат од стилови од 30-тите до 80-тите години, добиени од дилери на винтиџ облека ширум светот, потоа со љубов обновени во ателјето на брендот и […]

Во САД веќе еден милион Американци ја примија првата доза на вакцина против Ковид-19


САД– Веќе еден милион Американци ја примија првата доза на вакцина за коронавирусот, објави синоќа директорот на главната федерална агенција за јавно здравје, Роберт Редфилд. САД преминаа важен праг денеска, локалните власти објавија дека повеќе од милион луѓе ја примиле првата доза на вакцината против Ковид-19 во кампањата за вакцинација што започна пред десет дена, нагласи […]

Трамп и Меланија ќе го слават Божик на Флорида


САД- Доналд Трамп го напушти вчера Вашингтон  за да ги помине божикните празници во неговото приватно одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида. Нејасно е кога Трамп ќе се врати во Вашингтон. Како што забележа USA Today, предупредувањето од Федералната администрација за воздухопловство укажува дека тој се очекува да го напушти Палм Бич до 18:45 часот на 1 […]