„Преспав“ најавува специјално новогодишно издание (видео)


Трета година по ред, најпопуларната ТВ серија „Преспав“ подготвува специјално новогодишно издание што се емитува на МРТ1 и ја забавува публиката во домашна атмосфера пред малите екрани, се до полноќ.

Изминатите новогодишни изданија со особена популарност се прегледуваа во текот на цел празничен јануари, а на YouTube каналот бројат повеќе од 1,5 милион прегледи.

 

И оваа година „Преспав“ подготвува 3 – часовна новогодишна програма со многу песни проткаени во самите дејствија, налик мјузикл, што ќе се емитува на 31.12.2020 во 21:00 часот на МРТ1.

Погледнете урнебесен извадок од новогодишната епизода. Инспекторот Томе пее и танцува на песната Just the two of us, во чочек преработка.

“Во новогодишната епизода, пансионот се соочува со истите предизвици како и угостителскиот сектор во моментов, поради пандемијата, но сепак не се откажува од прославата и позитивниот дух.’Преспавци’ како вистинска фамилија, самите ќе си приредат забава со многу песни и танцување, а ќе им се придружат и ѕвезди од македонската естрада, но преку лајф стриминг. Дел од музичките гости  во новогодишното издание ќе бидат Влатко Стефановски, Дарио, Ѓоко Танески, Сузана Спасовска – најавуваат од продукцијата.

#ОстаниДома за Нова Година и гледај #ПРЕСПАВ.